Среда, 25 Февруари 2015    PDF Печати Е-пошта
Заштита на Старата скопска чаршија

stara-skopska-carsija

Првите заштитни мерки за чаршијата биле спроведени во првата половина на XIX век, кога биле донесени законски мерки за поттик на развојот на занаетчиството во Скопје, а со тоа и на просторот на Старата скопска чаршија. Со мерките се предвидувала законска заштита на занаетчиите и правата со коишто тие располагале. Ефектите од спроведувањето на законските мерки дала позитивни резултати и придонела кон заживување на занаетчиството и трговскиот живот во чаршијата. Главна улога во развојот и ревитализацијата на чаршијата имале токму занаетчиите и трговците, кои ја помогнале изградбата на црквите Св. Спас и Св. Димитрија. Еврејското население успеало да ја обнови синагогата Бет Јаков. Постигнатиот напредок придонел и кон изградбата на поголеми дуќани со елементи од барокната и неокласичната архитектура, со што започнал да се менува и архитектонскиот изглед со ориентални елементи во чаршијата.

По штетите во чаршијата предизвикани во Втората Светска Војна дошло до нејзина ревитализација и обновување на објектите. Одредени активности биле започнати и од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата, коишто имале за цел извршување на систематско проучување на чаршијата, со цел да се изнајдат најсоодветни решенија за нејзино зачувување. Со тоа, во периодот од 1950 до 1967 година биле издадени решенија за доделување на статусот на заштитено културно добро на 25 објекти во чаршијата.

Список на знаменитости со статус на заштитено културно добро

На 13 октомври 2008 година, Собранието на Република Македонија донесе закон за Старата скопска чаршија, која беше прогласена за културно наследство од особено значење, со што е ставена под трајна заштита на државата. Со усвојвуањето на овој закон се овозможува трајно зачувување на вредностите и автентичноста на чаршијата, создавање на поволни услови за опстанок и задржување на интегритетот на сите податоци, ширење на сознанијата за нејзините вредности, нејзино оспособување да им служи на културните, образовните, научните и други потреби на граѓаните, како и спречување на дејствија со кои може да настане оштетување или деграадирање. Во него, исто така, детално се опишани границите на чаршијата, а определени се и три контактни зони на нејзиниот простор. Се наведува и дека во Старата скопска чаршија не смее да се менува постојната урбана структура, да се градат или внесуваат индустриски капацитети шро придонесуваат за разни форми на загадување, да се подигаат меморијални споменици и спомен-обележја коишто не се поврзани со настанокот и развитокот на чаршијата и да се врши ископ на темели или подруми и да се изведува било каков друг вид на градежни работи без претходно спроведување на заштитни археолошки истражувања. Законот содржи и програма за ревитализација на чаршијата, која е пропишана со времетраење од 5 години.

Кон крајот на 2008 беше претставен проектот за собирање податоци за секој објект во чаршијата. Со него беа опфатени околу 600 објекти, а првата фаза се состеше во издавање на лична карта за секој поединечен објект. Крајна цел на проектот беше обезбедување документација со опсежни податоци и нејзино вклучување во Деталниот урбанистички план за Чаршијата, но и утврдување на мерки за обновување на објектите на нејзиниот простор.

Програмата за ревитализација на Старата скопска чаршија започна да се спроведува во февруари 2010 година и се очекува да заврши во 2015 година. Со неа се предвидува обновување на фасадите на старите куќи, поддршка на занаетите во чаршијата и постигнување економски развој, организирање на туристички прошетки, организирање на изложби, концерти и други културни настани и донесување на одредби за заштита на градбите и задржување на автентичноста. За извршувањето на програмата одговорна е Владата на Република Македонија, која раководи со помош на шест надлежни министерства.

Во ноември 2010, беа најавувани измени на Законот поради фактот што чаршијата е сместена на границата меѓу општините Центар и Чаир. Во таа прилика, министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска, изјави дека сите аспекти поврзани со заштитата на чаршијата интегрално ќе бидат разработени во посебен Детален урбанистички план.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.