|
||||
Бидејќи српската црква не била канонска, излишни се разговорите меѓу МПЦ и СПЦ |
Ристо Ивановски Во Општа енциклопедија LAROUSSE- том 3, Вук Караџиќ, Белград, 1967, на стр. 359, е насловот „Држава Неманиќи“: „Државата на првите Неманиќи. Во текот на XII век српската држава се обновува во Рашка во условите кои претежно биле неповолни. Тоа е времето кога Византија, под династијата Комнина (1081- 1185), поново нашла снага да го обнови својот престиж во балканските земји...укинување на посебната положба на Рашка и отстранување на нејзините жупани... 1166... Стефан Немањи, најмладиот брат на великиот жупан Тихомир кој тогаш управувал со Рашка во знак на оданост на Византија. Немања се побунил против братот, му ја презел власта и во почетокот со успех ја одбивал византската војна интервенција... Стефан Неманиќ ја зачувал државата на својот татко како територија и ја зацврстил нејзината независност и меѓународен углед. Бидејќи 1204 година, во четвртата крстоносна војна, е уништена Византија, на нејзината територија се образувале латински држави, на чело со Латинското Царство, во Цариград и околината; од некогашните византиски територии преостанале само нејзините периферни делови кои се осамостоиле во посебни држави: Епир на Балканскиот Полуостров, а во Мала Азија Никејско Царство и Трапезутско Царство. Во склад со овие промени, Стефан Немањиќ прво му се приближил на Запад и 1217 година добил од папата кралска круна. Ама, неговиот брат Сава, кој играл се поистакната улога не само во духовното образување на Србите, туку и во дипломатијата на својата земја, добил 1219 година согласност од никејскиот патријарх во Србија да основа самостојна православна црква и да стане нејзин прв архиепископ. Како првосвештеник српската црква, Сава го посветил својот брат за крал во манастирот Жица, со што интересите на српската држава и црква во потполност се изедначени. Како прв крал во родот Неманиќи, Стефан добил назив Првовенчани“. Се говори за владетелска држава на Стефан Неманич, но не на народна српска држава чиј народ не говорел ист говор како во Шумадија каде била создадена српска држава со Белградската митролополија и тоа само во 19 век. Се наведува четврта крстоносна војна со која бил руштен надлежниот цар врз православието со седиште во Цариград, со кого владееле Латините. Бидејќи папата не бил надлежен врз православието, папската круна не била канонска во православието. Исто така, бидејќи во Цариград не постоел цар под кој бил Цариградскиот патријарјх и Охридскиот архиепископ, а само царот во Цариград бил надлежен за црковните прашања, ненадлежниот никејски патријарх не можел да одлучува Сава „во Србија да основа самостојна православна црква и да постане нејзин прв архиепископ“. И затоа архиепископот не можел да посвети било каков крал во времето на Латините кои од 1071 година без прекин го уништиваат православието, што трае се` до денес. Инаку Ватикан со папата се вмешал во православието со Охридската архиепископија која била доволна тој на Самуил да му додели круна за крал, а за цар таа морала да прерасне во патријаршија. Следи Василиј II Македонски го рушил царот, а патријаршијата ја свел само на архиепископија. Тој нејзиниот архиепископ го ставил директно под него, како што било и со цариградскиот патријарх. Ова било спротивно со Бугаската црква, чиј поглавар потпаднал само под цариградскиот патријарх. На таков начин т.н. Византија го изиграла бугарскиот цар, која како таков го признала. Всушност, без патријарх под царот во Цариград, бугарски цар немало. Ваквата канонска игра важи и за Српската црква- без цариградски цар и цариградски патријарх ништо српско не важело. Од изложеното се заклучува, Пеќката црква само неканонски била одвоена од Охридската црква, дури насилнички прогласена како самостојна црква и тоа само за време на Латините кога во Цариград го немало царот под кој биле двете православни цркви со цариградскиот патријарх и охридскиот архиепископ. Па со тоа што во Цариград владееле Латините, папата назначувал патријарх во Цариградската патријаршија. Токму и затоа Цариградчани биле унијати. Ова било повод Русите Цариград да го проколнат, и затоа тие него не го бранеле. Следен него го освоил Мехмед II. Во француската минијатура за опсадата на Цариград во логорот на Турците= Муслиманите се гледаат само шатори на Белци и само Белци, никако Монголи. Па и затоа брадите на оние кои го освоиле Цариград биле само на Белци со повеќе шилци, во спротивност на брадите на Монголи со една шилка како на јарец. Пак, Османовиот јазик бил само персиски јазик обогатен со монголски- турски зборови со персиско писмо, дело на султанот Мехмед Караман од 13 век. Ова било потребно затоашто во Османовите редови се бореле Монголи (Татари, Черкези...), а такви Османите колонизирале во 19 век меѓу Шар Планина и Врање, денес познати како Арнаути= Геги со кавказко- црноморски одлики, традиции и обичаи. Наведеното говори дека имало само два верски народи: само Христијани и Турци во кои имало и Монголи и др. Стр. 459: „Во рамките на турскиот државен систем и во зависност од положбата на покорениот народ дошло 1557 година до обновување на работата на Пеќката патријаршија. Губитокот на државната независност тешко ја погодила српската црква, која во средниот век своите интереси не ги одвојувала од интересите на државите Неманиќи. Институцијата на пеќкиот патријарх, како поглавар на српската црква, нестанала, а целата црквена организација доспеала во криза заблагодарувајќи на новите области, на север и на запад, српското население и настојувањата на Охридската архиепископија, која Турците ја признале, да ја подвласти српската црква. Бројот на свештениците, особено високите, видно е смален. Некои владички столици се испразниле, а во некои краеви се чувствувала потреба на основање на нови црковни средишта. Покрај тоа, со времето морало да се утврди дека кај народот, кој се покренал од своите жупи, кој многу се селел, и се` самостално војувал, дошло до опаѓање на верувањето, оживувајќи ги поедини пагански култови или преминување во ислам и католицизам. Ослонец останал во манастирите, расеани широко низ српските земји и подигнати на нови места (на пр. Фрушка гора). Во обновување на српското православие се чини дека значајна улога имал манастирот Хиландер на Света гора, каде, покрај останатите, некое време провел и Макарије Соколовиќ, прв патријарх на обновената Пеќка патријаршија. За Макарија Соколовиќ се знае дека од Хиландер одел во Цариград, каде одржувал врски со тамошната патријаршија и со својот роднина, везирот Мехмед Соколовиќ. Од друга страна, Мехмед- паша во Цариград бил непосредно поврзан со грчкиот патрициј и Цариградската патријашија, а оваа веќе тогаш стоела во врска со движењето реформа во Германија. Заблагодарувајќи на Мехмед- пашиното залагање, султанот Сулејман му издал на Соколовиќ берат за обнова на работата на Пеќката патријаршија во 1557 година. Со тоа српската црква доспеала во вазален однос према султанот, со што се создадени основи не само на црквената реорганизација и верската обнова кај Србите и ја воспоставила теократската власт на пеќкиот патријарх...“ Бидејќи постоела како канонска Охридската црква, Османите кои биле Комнени- Македонци, ја укинале неканонската српска црква, и таа ја повратиле кон својата „мајка“ Охридска архиепископија. Значи, она што било за време на македонската династија и Македонците- Комнени, истото се повратило како што било во нивното време. Од друга страна, Цариградската патријаршија со својот патријарх биле унијатски под Ватикан, кој не бил надлежен за православието. Па се потврдува, отсекогаш била неканонска српската црква на која до денес се повикува Српската црква, оспорувајќи ја Македонската православна црква на просторите на првата македонската Павлова црква, која прво прераснала во Јустинијана Прва, а потоа во Охридска архиепископија... Ова не било се` - дури Пеќката црква била возобновена само со дозвола на Турците= Муслиманите со својот султан, кои никако не биле надлежни во православието. Токму и затоа таа никако и никогаш не била канонска. Па само потоа следи укинувањето на Охридската црква во 1767 година од султанот што не било канонско. Меѓутоа, со моќ се` било можно. Исто така, со моќ било можно да се возобнови Пеќката црква. Овде се говори само за канонски цркви, а таква Пеќката црква никогаш не била- нејзиното одвојување било насилнички само од Латините, како и нејзиното возобновување само од Турците: Латините и Турците не биле надлежни во православието, туку надлежен бил само еден: цариградскиот цар на македонската династија и Македонците (Комнени...). Па што биле Србите: Комнини (Комнени) биле само Македонци. Според т.н. византиски записи кои ги цитира Р.Ланге, Комнените биле Македонци. Кај Јозеф фон Хамер се чита дека Османите- султаните биле Комнени, а Ланге наведува извори дека Мехмед II самиот признал дека тој бил само Комнен. Пак, Источното Римско Царство (т.н. Византија) го водела македонска династија, а Комнените биле само Македонци. Дури и самиот Цар Душан признал дека тој бил Македонец што се чита во Документот во манастирот Раваница во Срем- Љ.Стојановиќ, „Стари српски записи“- книга трета (Белград, 1908, стр. 41). Овие биле еден те ист православен народ кој се судрил со друг исламски народ, чии владетели султаните- Османите биле Македонци. Меѓутоа, со тоа што Македонија се протегала се` до реката Дунав, а имало и српско предание дека Белград и Смедерево биле во Македонија, излишно е да се говори за посебен српски народ со српски јазик. Ова се променало само со Цојне, кој во 1808 година според планината Балкан полуостровот го нарекол Балкански. Па што пишел Јован Цвииќ: во Македонија се говорел староштокавски, до Крушевац средноштокавски и во Шумадија новоштокавски. Следи заклучок: во Македонија живеел стар народ, до Крушевац среден народ и во Шумадија само нов народ. Токму во Шумадија било создадено Српското кнежество под власт на Османите и била основана Белградска митрополија. Значи, се` до 19 век немало можност да постои Српска држава со свој српски народ за што било потребно да има и српска црква. Кај Цар Самуил и Цар Душан, кои биле унијати- под Рим, царски јазик бил само македонскиот јазик коине (т.н. старо- грчки), кој бил само Александријски Птоломејов јазик, а со од Апостол Павле тој постанал дури и христијански јазик. Пак, црковен јазик бил македонскиот црковнословенски јазик. И српскиот јазик на Вук Караџиќ бил само македонскиот падежен црковнословенски јазик, а на Балканот, Подунавјето, Русија... Се говорело без падежно со в-н-т: пушкава- пушкана- пушката. И рускиот јазик бил само македонски црковнословенски јазик со 6 падежи, кој произлегол од македонскиот коине. Токму со тој македонски руски јазик најголем успех постигнал Пушкин. Бидејќи Руската црква била наследство на двете македонски цркви Цариградската патријаршија со македонскиот царски јазик коине и Охридската архиепископија со македонскиот црковнословенски јазик, и двете цркви со двата поглавари под царот од Цариград, само таа денес е канонска црква. |