Среда, 04 Март 2015    PDF Печати Е-пошта
Хераклеја Синтика

heraclea-sintika

Хераклеја Синтика е древен македонски град којшто се наоѓа во југозападното подножје на ридот Кожув, крај средниот тек на реката Струма и источно од денешното село Рупите, Пиринска Македонија. Името го носи според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Синтика укажува дека тоа е град на Синтите. Доаѓа од називот на пајонското племе Синти, во чија земја се наоѓал градот. Основан е во последната четвртина на IV век пр.н.е. Градот го спомнуваат Тит Ливиј, Диодор, Страбон, Плиниј Постариот и Клавдиј Птоломеј. Егзистирал сè до VI век н.е. кога е разурнат при наездите на Аварите и Словените. Се среќава и со имињата „Хераклеја Стримонска“ и „Ераклија Ксантика“ (Eraclia Xantica).

Прв пат се спомнува во списание „Пирин“ (1930-1931), а го идентификувале со античкиот град Петра. Тоа гледиште е подржано од Димитар Дечев и Атанас Милчев, кој и прв организира истражувања во 1958 година. Борис Геров, Георги Михајлов и Фанула Папазоглу сметале дека тоа е друг антички град - Ортополис или Тристолос. Истражуван е делумно и во 1979-1980 година. Спорот за името на градот е решен во 2002 година кога е пронајдена мермерна стела од 308 г.н.е. со натпис на латински јазик, кој докажува дека тука е токму Хераклеја Синтика. Бргу по тоа е пронајден втор натпис кој конечно и го решава прашањето.

Прв пат градот се спомнува од Тит Ливиј како „Heraclea ex Sintis“. Предпоставува се дека е основан во последната четвртина на IV век пр. н.е. од кралот Касандар. Исто така се предпоставува дека пред тоа бил центар на Синтите. По завладувањата на Филип II Македонски, во реонот се изградени повеќе градови. Македонската колонизација е продолжена од Александар III Македонски и Касандар. Ова подрачје станува дел од македонската држава а пајонските племиња од македонскиот народ. Популарно е како „Македонската Парорбелија“, слично на денешното „Подгорје“ за северното подножје на планината Беласица. Подоцна тука ќе биде прва област на Македонија под Рим со центар Амфипол, а од 148 г.п.н.е. провинција Македонија.

Пак Тит Ливиј раскажува за убиството на Деметриј, син на Филип V Македонски. Извршено е од македонскиот управител на Пајонија - Дида, а организирано од Персеј. Филип го испратил Деметриј заедно со Дида (со заповед да го убие) во Астајон, а Персеј во Амфипол. Персеј извршил жртвување во градот Хераклеја, на кое бил повикан и Деметриј. Отпрвин бил отруен, а потоа и удушен во неговата соба додека се мачел од Тирзис от Стибера и Александар от Бероја. Досега се сметаше дека тоа е извршено во Хераклеја Врскаестис, но податоците на Ливиј укажуваат на „Хераклеја Стримонска“. Истиот управител на Пајонија е спомнат и на собранието во Китион, организирано од Персеј пред почетокот на Трета Македонска војна, каде бил командант на 3000 пеони, „траки“ и агриани од областите Парорија и Парастримонија. Се смета дека тие имиња одговараат на областа Парорбелија, спомната од Страбон (63 г.п.н.е. – 19 г.н.е.) и дури со Орбелија по Клавдиј Птоломеј. На истото собрание учествувал и Асклепиодот од Хераклеја од областа Синтика, кој раководел со 2000 „гали“.

Во 468 година, тука бил заточен узурпаторот Василиск, шура на византискиот император Лав I (Valerius Leo), по катастрофалниот поход против Вандалите.

За градот бил карактеристичен култот кон божицата Артемида. Дури се претпоставува дека постоел храм на ридината Џонков врв до село Рупите. Исто така почитувани биле и Нике, Хермес и Силен.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.