|
||||
Марково кале на Исарот во Штип |
Во градот Штип имат една тумба висока, на врвот од тумбата имат едно кале што го праел Марко Крале. Коа го праел Марко калето сестра му на Марка пак, ја праела клисурата крај реката Брегалница. Коа се опулил Марко од Исарот и ја видел сестра си кај работи со аргати, да ја цепит клисурата, је викнал отаде и ја прашал: - Што работиш, мори сестро, тамо покрај брегот на реката? - Ќе го цепам брегов, брате, да отворам пат во клисурава за кој да поминит со раат и без страв да врвит и песна да запеит, му рекла сестра му. И вистина како што рекла сестра му од Марка тогај, така си е и ден денеска. Секој што што ќе го донеси патот за да поминит низ клисурата не е чаре да не запеит. Ете како непендек било што секој запеал врвејќим по патот низ клисурата. Дип, дсип веќе ако не знаит некој да запеит песна, пак ќе свирни или ќе викни; шу, ќе покажи едно веселие за да се исполни зборо од сестра му на Марка! - Ами ти, бре брате, што праиш тамо? – му рекла сестра му на Марка, - на врвот од ридот? - Јас праам кале, сестро, за да се бранам од душмани. - Ејди брате, залудо толку маќи што ќе сториш, чунќи не праиш работа векоита. Дури си жив ти, можи да стоит здраво тоа кале, што го праиш, а откоа ќе умриш ти, утќите ќе утаат по кулите од калето. - Али утќите ќе утаат, мори, никаквице је рекол Кралевиќе Марко налутено, чекај ти сега оти ќе те отепа како змиа со каменов! Уште не беше и дорекол тие зборои, изваил сабјата од ножница и мавнал на еден камен неколку пати, та отсекол едно парче колку илјада ока и го дигнал на колено та го кренал на едната рака и го фрлил на сестра си, за да ја отепат. Арно ама Господ ја чуал, за да не је убијет Марко, чунќи клисурата ќе останела недопраена и немаше сега да се прикажуа за неа, да се чудиме на умнотијата на сестра му од Марка и на јунастото од Марка. Фрлајќи Марко каменот, одошто го фрлил силно, дека бил налутен на сестра си, тиќи го префрлил преку неа, и паднал во десетсќите гумење колку полсаат далеку од калето. И ден-денеска си стои тој камен, и сите штипјани го викаат Марков Камен. Кај што мавнал со сабјата Марко, се познаат, и кај што го допрел до коленото каменот, јет пропаднат; веќе асли како што му било коленото од Марко, а пак кај што го држал – со рака му пропаднале прстите, и се познават, аслим веќе како прсти да пропаднале. За Прилепсќите цркви ...Над скршената џамија кај Пусти сокак и покрај бавчите имат еден ѕид, напраен до Чолаковското маало. Напраен јет од Турците во старо време, како за да го бранат градот, чунки има многу места дупки за метерис. Таков ѕид имало и од страна помеѓу Варош и Прилеп, според старци како што ми прикажуале. - Еј гледаш, синко, тије камење, што јет праен зидот? – ми велеше татко. Сите сет од варошките цркви што и расипале некоаш Турците и донесле овде. Коа чув тој збор од татка, го запрашав понадолго и понашироко за каква причина израсипале варошките цркви тогај Турците. Татко ми каза, за оти црквите биле праени поеќе од кралеи и банеи, а најпеоеќе Марко Крале имал напраени цркви и манастири. Арно ама, при се што имал толку цркви напарени, во никоја во недела или на празник не влегуал. Понекоаш ќе поминел на коњ крај црквата и ќе го пуштел муздракот, за да му надени попо наора. И прао ќе појдел на ладна меана да пијет вино и ракија. Откоа ќе ја напраел глаата, ќе излезел по патишта и друмишта и ќе пречекуал царските азни, да се пленуат. Многупати пленуал и од сиромашки пари. Ете, од такви сиромашки пари биле праени тије цркви, тики од сиромашките клетви не останале довек сите што биле, како што останале пет-шес цркви здрави досега. Фалбата на Крале Марко Велит, че Марко беше толко јунак, што едношка се пофали да поткренит со м’здракот с’та земја, Господ за да му видит јунаштината, пушти ангел, кој со земја нап’лна торба, која стори тешка колку с’та земја и се застои покрај п’тот, отк’де че поминеше Марко. Кога Марко се приблжа, ангелот му рече: - Ејди незнаена делио, поткрени ми торбава! Марко одвај му ја поткрена на рамена со м’здракот, кој се сви од тежина. Откога Марко си загина јунаштината и со хитрост с’де и подмамка наделвеше другите јунаци, како Гина, Груица и др. Марко Крале Вељат, Марко Крале оште је жив, како раскажвал прилепчанин, кој зборвел со него. Тој бил купец и пливал по море со стока. Од ветришта се принудил да излезит на пуст остров, к’де во велкиколепни к’шти нашол Марко кој беше отишол тамо откако излезе туфегот. Таков нечекан случај зарадва Марка кој пречека добро и гости со татковникот му, и го попрати велеештем, че скоро ќе дојдит време да шетат тој пак по земи. (Вељат, че Марко Крале је бесмртен и че се скри откога се изнајде пушката. Тој не вервеешчем, че таја имат таква сила и че едно зрно олово можит да отепат човек, нар’ча на некој да устрелит на спружената му р’ка. Куршумот му продупи р’ката. Тога Марко Рече: „Не је за живеење на светов, кога и едно дете можит да отепат најдобриот јунак“. И оттога се скрил). Од книгата „Тешкото од Лазорополе“ од Блаже Смилевски, Скопје 2006. |