Среда, 25 Март 2015    PDF Печати Е-пошта
Алачкио еснаф (Памбукчијски) во Прилеп

cevlarstvo

Сума дуќани имаше во времја оно алачи во Прилеп коа не беше излегол интот. Бубаќ неработен идеше од Сер и го купуаа еснао та го работеа и го продаа на народо, го предеа и го ткаеја платно, за носење. Така и од лено ткаеја платно и носеа.

Секи мајстор имаше во дуќано по два-трима калви што му стивосуаа бубаќо, а пак мајсторо само си виткаше тулупи од бубаќо и го редеше во кошо за да го продаа. Имаше два-три дуќана што не праеја тулупи за продање ами го стивосуаа само да наврлаа алишта на аз’рџиите и друзи луѓе. И тој еснаф остана на еден-два дуќани, као за нишан во градо.

Кај што работи алачо пред него сет послани стапчиња, као тезѓаф. На него го стивосуаат бубаќо со јајо. Ќе удира со токмако на тетивата или чиришо и ќе кабариса бубаќо као пуфка. Со прачката ќе го крени бубаќо  и ќе му го клаи пред мајсторо и мајсторо ќе го витка на тулупи со витело. Има еден дебел прат, та коа го држат со раката го поднаведуаат и го поткреваат та се витка како јај. Бубаќо го предат на урката со два чатала ќе го одвиткаат тулупот и ќе го навиткаат на двата чатала на урката и ќе го предат.

Папуџискио еснаф 

Зајрето што и праат чевлите нашите папуџии- сафтијано и секакви мешини – ’и купуаат од нашите табаци.  А пак ѓоноите му идат од Солун од еден тргоец и за година на вересија.

Секој дуќан папуџиски си има и визба. Во дуќано работат чевлите и во избата ’и чуаат да не му се избајатат. Чевлите што и работат поеќето готои ошто нарачани. Најмногу се продаваат чевлите за Велигден и за Божиќ. Дури не беа излезени кондурите со чивии и граѓаните и селаните носеа чевли од папуџиите.

И од папуџиите има многу мајстори испаднати од сермија, та сторени крпачи, на многу ќошиња по чаршијата. Ендезињата што кројат му се од книги на папуџиите.

Откоа ќе се крои пушијата, ќе се вати во џидлето да се шие пушијата. Џидлелто е колку еден аршин долго, горнио крај е расцепен и дури до кај што е стапо; со стапо надолу се клава помеѓу нозе и ќе се сошие пушијата сафтијано за мешино (астаро).

Откоа ќе се сошие пушијата за ѓоно ќе се превртуа чеоло одопаку налице со силата на вастагарачо. Вастагарачо е едно дебело дрво колку еден бастун катинтуција.

Подвало ет еден ремен колку една нога од стапалото да стига до над колено. Со него ја држат пушијата коа ја шијат со астаро заедно.

Откоа ќе и превртат сите пушии, ќе и удрат на кал’п чевлите и откоа ќе се потсушат ќе ’и испердашат и ќе ’и изваат од кал’п.

Папуџиските кал’пи не сет со нумера као кондураџисќите, ами се со имиња: на пр: чивиулејак (бр. 32), каваурузгуруз (30), урузгуруз (25), зерѓанче (28) итн.

За кондураџиите нема да и опишуам чунќи се од новата мода.

Грнчаскио еснаф

Во старо време грнчарите у нас беа цели фабрики од што многу стока вадеа – зодосана (глечосана) и незодосана. А пак зодосаната стока што ја вадеа грнчарите од гр. Ресен беше прочуена по цела Маќедонија, поради убаата земја и поради напраата и шарбата. Винцќите грниња со две рачќи што ’и имавме за гостите и за по свадбите – се тамошни беа. Арно ама, полека – лека и нашите грнчари ватија и тие да праат таквие и уште поубаи.

У нас идеа и од Мегленско грнчари, потурчените Власи, и работеа само црвена стока, без зод.

Дури немаше европејсќи пјата и друзи садои полни ни беа куќите и полиците со: вагани, ваганчиња, грниња, тенџериња, бардиња, стомни, латвици, ќупои, крондирчиња за раќија, филџани за раќија и за каве, авланчиња, каделница, кршталник за вода крштаање, калесник за канење на свадби, чамчиња за пиење вода, наместо срчените чаши што ’и имаме сега,  и друзи многу садои што ни требало. Праени од наша земја и од наши мајстори.

Имињата и видот на неколку постаровременски садои.

 Во крондиро се чуа раќија, коа има некој домаќин поеќе, као на место бурилце. Има и мали крондирчиња што се потура раќија на гости и свадби, во филџани земјени. Калеснико служеше за калесник по свадбите. Калеснико е со тричетириесе рачќи една на друга, зелен како некој гуштер. За првите две рачќи се провираше една бела крпа и одеше деверо да кани сватои, полн со вино и озгора наќитен со ќисќи босилкои и џунџуле. Кршталник – во него крштаавме вода. Рачник – во рачнико си носиме манџа и друго: рачката му е и таја дод земја. Чамче – наместо чаша си пиевме вода. Авланче -  си туравме вино за пиење. Каделница – коа иди попо да крсти вода кади со него темјан. Бардаче – си пијат малите деца вода. Има секаква големина бардаци, исто и ибрици. Винцко грне – со него се пие вино, сега по селата, чунќи граѓаните исфрливме се што е наше, и сега со чаши срчени и со шишиња си пиеме вино и раќија.

Грнчарскио инструмент

Колцето од грнчарите или чарко е околу еден аршин ширина, а горното колце е околу педа и пол; го удира со нога и се врти вретеното. Топќите од земјата се наредени на тезѓао. Откоа ќе ја изврти една тутка, ја клава на штицата. Секоја тутка дури да ја напраи на некаков сад се ќе ’и топи рацете во водата што му стои во тенџере што му е пред него. Откоа ќе го напраи садо, со тел ќе го пресечи и ќе го клаи на штица за да се суши.

Од записите на Марко Цепенков

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.