Среда, 15 Април 2015    PDF Печати Е-пошта
Во турско Галичник и сине села Мијачки и рисјански беје прочуени надалеку со писменост

galicnik

До година 1880 школата во Галичник и во сите села мијачки, а готово и во цела Македонија биле и беје старински. Даскалите биле прости селани, колку толку писмени, научени или кај такви исти даскали или во некој манастир. Не бидеејќи ги за друга работа тије се оддавале на даскалување. Децата најповеќе и учеле во куќите своји. Покрај учењето деца, тије знојале и по нешчо друго да работајет за да может да се преранит.

Такви старински даскали ја што и` зафтасав беје по ред: Костадин Граоркоски (калуѓер), Арсе Пачауроски, Крсте Ѓиноски, Пане Ѓиноски, Павле Глиќа, Стрезо Попоски, Јован Кољоски и Кузе Цубалески.

Старите школи не личеје ич на новиве. Учителите не и плаќаше селото токо си и плаќаје татковците од децата спроти како да се погодит од дете. Обично се плаќаше една бела межидија (пет динари во злато). Децата не се распоредуваје во разреди, токо секоје си учеше башка. Клупи, маси, катедри ни табли немаје. Секоје дете си седело на некакво столче, повеќе поти од дома донесено. Пишале више помешечки коде ќа најет рамно место. За грејење зиме децата одејеќи на школо си носеле по едно соче.

Од книги тога децата имале некакви рускославјански буквари, који идеје од Србија, највише. Од други книги највише наусница (часловец) и псалтир. Многу поти ќе се најеше и по некоја песнарица српска. Азбука беше старославјанска со 38 букви. Сефте се изучуваје сите букви со ред и по име: аз, буке, веде, глаголе, добро итн. до ижица и после и` зафаќале да се сричат и читат. Даскалите многу се помагаје со деца за да покажувајет на други деца и да и` преслушувајет.

Што се учило и шо се научувало во овије школи? Во овије школа учењето било: читање, пишење, сметање. Али сето теја се изучувало преку мера убаво и поубаво од денеска. И не је никакво чудо. Зашчо да не је чудо? Зате шо денеска учителиве и плаќат државава и шо се господиновци који никому не давајет есап. Зате шо се учит денеска многу науки и нишчо како требет не се научуват. А и како да се научит толку науки кога се работат по 150 дни во годината, а секој ден по три до четири сати? Модерно школо је бескрајно поубаво, али сакат да се работат. Денеска децата сричајет, денеска децата пишит дип мрва, денеска таблицана едва да научувајет.

А и како да научит сироти кога денеска школава коде нас од 365 дни Божији фаќајет, како шо реков од 120 до 150 работни дни и теја по 3 до 4 часови на ден. Башка од овеја над учителиве немат никаква власт и никаков надзор. Ѓоа имат некој надзор, али каков? Никаков. Учители се надзорници, на учители! Коде се чуло и видело овакво чудо? Кој учител да имат чест на надзорник кога се другари од едно школо и кога денешнијов учител утре се сторуват надзорник и ќа му судит нему? Зашчо надзорнициве не  се нешчо нарочно избрани меѓу најспособните учители, току се многу канати и молени. А шо излагат од овеја? Од овеја излагат ни послаба просвета, ни поубави оцени. На 100 учители во Македонија 80 се одлични. А шо правит Министерството и Бановината? Тије прават статистики. И таке сега зградите школски се стопати поубави, а учењето је стопати послабо.

Старите школи фаќаје по 280 дни работни и ката ден работаје од најмрва 6 зиме до 10 саати лете. Зате читаје, пишеје и рачунаје несразмерно поубаво и наученото им влагаше во умот до гроба, а не изветруваше утредента. Во старинските школа децата учеје многу црквени песни, одеје често в црков, пејее и читаје апостол и се воспитаваје во побожност. Денеска се бројит за страмота сево овеја. Накусо речено: од модерново школо теја шо је убаво не го видовме, а убавото од старинското учење го загубивме, да и од оваја страна сме во зијан.

Во турско Галичник и сине села Мијачки и рисјански беје прочуени надалеку со писменост. Процентот на писменоста во Галичник не беше подолу од никој град, белки беше и погоре.

Од 1880 година се појави во Галичник модерно школо со Јосета и Павлета Ажијески, али тије имаје по два-три разреда гимназија. (По шесто, седмо одделение).

Од 1890 година почнаје да идет школувани егзархиски учители во Галичник и Мијачко и от тога просветата започна јако да напредуват. Али напредувањето особено се усили од 1894 година, откако се отвори и српско школо и откако фатије да се конкурисувајет обеве страни. Врв беше од 1903 до 1912 година и тога Егзархијата отвори и треторазредна гимназија (прогимназија) во Галичник, какви имаше во секоје поголемо место.

Овије троразредни гимназији беје од преголема корист за просветување на народов и неизмерна загуба је шо државава наша не увидуват ушче али требет да се обновит. Во нив би могле сосе успешно да предавајет поодбрани учители и не би коштале скапо. Шо да правит родителиве со децата им по свршување основно школо, кога не се ни за ошчо, а изученото им је дип несигурно? Да ’и праќајет по градишча, много им је скопо и незгодно. Кој Министер ќа ’и основат и повратит во живот овије школа, тој ќа се прославит!

Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје 2004.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.