|
||||
Македонска емиграција во Бугарија |
Македонска емиграциjа во периодот од 1878 до 1912Големината, местото и улогата на македонската емигарција во бугарското општество
Теодосиј Гологанов Трајко Китанчев Димитар Ризов Александар Радев Андреј Љапчев Димитар Благоев Според К. Битоски во 1888 година во Бугарија имало 30 000 македонци, додека пак при пребројувањето на населението на Бугарија во 1893 година е констатирано дека 67 000 души биле родени во Отоманската империја. Има претпоставка дека од оваа бројка 45 - 50 000 души биле родени во Македонија. Според податоците на Васил Иванов К‘нчов од вкупно 20 509 државни бугарски службеници 955 биле Македонци, од кои 150 души биле буарски офицери Во последната деценија на 19 век во Бугарија се нашла многубројна македонска емиграција. Според еден англиски податок кој се однесува на 1901 година во кнежеството Бугарија живееле 3 580 000 души, односно 600 000 луѓе повеќе во однос на 1890 година. Прирастот се должел во голема мера на Македонците кои се населиле во Бугарија. Во Софија живееле 20 000 Македонци, во Пловдив 8 000 , Македонци имало и во другите градови низ Бугарија. Голем дел од оваа македонска емиграција биле интелектуалци и тие брзо се вклопиле во новата средина и зазеле значајни места во бугарската администрација и општество. Според Данкан Пери во средината на деведесетите години на 19 век, од Македонија во Бугарија емигрирале од 100 000до 200 000 Словени. Голем дел од нив биле: лекари, учители, адвокати, свештеници, дипломати и новинари. Мнозина од нив станале влијателни во политиката, владата и армијата. Околу 430 (33%) од 1 289 офицери биле од Македонија, а 15 000 (43%) од 35 000 државни службеници потекнувале од македонските вилаети. Додека 1 262 (37%) од 3 412 егархиски свештеници биле од Македонија. Според овој податок во Бугарија годишно доаѓале 200 до 300 македонски студенти и поради приливот на Македонците во Бугарија: родениот Бугарин се судира со македонецот кој се натпреварува за неговата служба Отука произлегува дека Македонското прашање во Бугарија не било само политичко туку и економско. За местото и улогата на Македонците во Бугарија дознаваме од разговорот кој е воден помеѓу, бугарскиот трговски агент во Солун, Атанас Шопов и солунскиот валија Хасан Фехми паша во почетокот на 1904 година. Притоа се развила дискусија во која било истакнато: (Хасан Фехми паша б.н) Дали Македонците сѐ уште бујуствуваат во Бугарија? (Атанас Шопов б.н) Како да не бујуствуваат паша ефенди, кога... поголемиот дел од жителите на Софија се Македонци. Голем дел од видните чиновници се Македонци. Целата македонска интелигенција од Македонија е во Бугарија. Македонската толпа е по улиците... Улогата на Македонецот во судбината на Бугарија воопшто секогаш била важна... Уште поважна играат сега. Ако работата е за оплакување, ние од Бугарија имаме повеќе право од вас да се оплакуваме од Македонците, зашто тие ни ја презедоа силата, тие ни ги зедоа најдобрите места и служби, тие ни ги презедоа финансиите и градовите, тие ни ја презедоа војската и нашите министерства, тие ни ја презедоа трговијата, тие презедоа речи си, се во Бугарија... Избаветене од нив заради Бога Дејноста на македонската емигарција во БугаријаГолем дел од македонската емигарција започнала дејност врз македонска основа. Една од главните цели на македонската емигарција е автономија за Македонија. По Кресненско востание и Берлинскиот конгрес во Русе се формира Македонската лига која од своја страна испратила барање до големите сили да се исполни членот 23 од Берлинскиот конгрес. Македонската лига поради својата дејност дошла во судир со бугарската влада и неуспеала да постигне некој позначајни резултати. Меѓутоа и покрај овој неуспех македонската емигарција не се откажале од своите цели и барања така што во 1888 година повторно во Русе, Коста Шахов започнал со издавње на весникот Македонија. Во првиот број на весникот било истакнато: ние Македонците ... не смееме да си ја заборавиме татковината и должнисме да работиме за подобрување на нејзината положба, бидејќи како народ ќе бидеме одговорни пред нашето поколение... задача на весникот Македонија е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците Покрај културните биле разгледувани и политичките прашања, односно автономија на Македонија. Овој весник престанал да излегува во 1894 година, меѓутоа треба да се истакне дека кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на 19 век во Бугарија се формирале неколку македонски асоцијации. Кон крајот на 1890 година македонските студенти во Софија ќе го формираат Македонското студенско друштво кое ќе егзистира до март 1891 година, меѓутоа неколку месеци подоцна од него ќе произлезе Лозарското движење. Meѓутоа во средината на 1892 година Лозарското движење и Лоза биле растурени и забранети. Во мај 1894 година се возбновува Младата македонска дружина a, кон крајот на годината се формираат две нови македонски асоцијации: Македонски комитет и Братскиот сојуз. Со што започнува ново поглавје во активност на македонската емиграција. Обединување на македонската емиграцијаПод влијание на Ерменските настани и со падот на владата на Стефан Стамболов во втората половина на 1894 година доаѓа до раздвижување на македонската емиграција во Бугарија. Во месеците ноември и декември 1894 година се одржале бројни митинзи на македонската емигарција. На овие митинзи била дадена подршка за Ерменците и нивното прашање, и истовремено било побарано подобрување на положбата на нселението во Македонија и тоа преку спроведување на членот 23 од Берлинскиот конгрес [10]. Истовремено започнал и процес за обединување на македонските друштва и асоцијации. Иницијативата потекнала од Трајко Китанчев кои со својот природен афторитет ги обединил сите во ист правец. Имено, Китанчев во својство на претседател на Братскиот Сојуз ги поканил Младата македонска дружина и Македонскиот комитет да се помираат и обединаат. На 18.02.1895 година Трајко Китанчев испратил покана до сета македонска емигарција да испрати свои преставници на І македонски конгрес кој требало да се одржи на 18.03.1895 година во Софија. На І македонски конгрес дошло до обединување на македонската емигарција во рамките на Македонскиот комитет и за време на овој конгрес била утвредна целта на македеонските друштва - автономија за Македонија. Меѓутоа треба да се истакне дека Македонскиот комитет не увидел дека неговата дејност може да биде искористена и злоупотребена од страна на бугарскиот кнез и влада, што и се случило по Мелничкото востание кое било организирано од македонската емигарција. По неуспешносто востание доаѓа до внатрешни поделби и обвиненија меѓу емигарација, а тоа допринело да дојде со слабеење на самиот Македонски комитет. Во него се нашле голем број на приврзаници на бугарската идеја и агенти на бугарскиот двор и влада. Еден дел од дејците на Македонскиот комитет ќе имаат значајна улога во бугарската политика и тие ќе бидаат трговски агенти, министри и премиери. Интереснисе кариерите на: Тома Карајовов, Димитар Ризов, Андреј Љапчев и други. Македонската емигарција преку Македонскиот комитет ќе има големо влијание врз македонското националоослободително движење. ТМОРО од македонската емигарција ќе бара морална и матерјална подршка, меѓутоа двете организации ќе дојдаат до судир и на крај до раскинување. Треба да се истакне дека добар дел од македонската емиграција била позитивно наклонета кон идејата за создавање на самостојна македонска држава, меѓутоа еден дел од неа ќе станат ревносни спроводители на големо бугарската политика и идеја. Македонска емиграциjа во периодот на воjните 1912-1918Дел од македонската емигарција преку Македонското-одринско ополчение учествува во Балканските војни на страната на Бугарија. По завршувањето на Втората балканска војна, со Букурешкиот договор од 1913 година, Пиринскиот дел на Македонија со 6.798 km2 го добила Бугарија. Многу Македонци од Вардарска и Егејска Македонија емигрирале во Бугарија, која ја користела нивната положба за своите интереси да завладее со Македонија. Македонска емиграциjа по Првата светска воjнаПоранешните раководители на ВМРО дејствувале во Бугарија. "Серчани" (види Јане Сандански), истрајале во одбраната на македонските интереси. Тие, организирани во Временото претставништво на поранешната ВМРО (Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Петар Поп Арсов и др.), дејствувале со цел да ја придобијат светската јавност, истапувајќи на Париската мировна конференцијата со барање за создавање на самостојна македонска држава. Активноста на Претставништвото ги вознемирувало владејачките кругови во Бугарија кои го активирале врховизираниот Извршен комитет на македонските братства, кој истапувал пред меѓународните форуми против интересите на македонскиот народ. Македонските братства во Бугарија биле поларизирани. Дел од нив пројавиле значајна национално-културна дејност (Кукушкото, Гевгелиското и др.). По војната дејствувала т.н. "автономистичка" ВМРО предводена од Тодор Александров, која, иако декларативно се изјаснувала за автономија на Македонија, се ставила во служба на врховизмот и бугарскиот двор. Прераснувајќи во терористичка организација, ВМРО му нанела голема штета на македонското национално-ослободително движење, вршејќи голем број политички убиства на видни Македонци (Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Тодор Паница и др.). Од нејзината терористичка активност се згрозувала и европската јавност. ВМРО во пиринскиот дел на Македонија прераснала во своевидна "држава во држава". Таа вршела терористички акции и во вардарскиот дел на Македонија. По убиството на Тодор Александров и доаѓањето на Ванчо Михајлов на чело на ВМРО, биле преземени бројни терористички акции и биле убиени голем број Македонци - патриоти и комунисти. Помеѓу македонската емиграција мошне активна била легалната илинденска организација, која ги издавала гласилата "Илинден", "Пирин" и др. Во меѓувоениот период Македонците во Бугарија развиле интензивна национално-културна дејност. Биле издавани многубројни македонски весници ("Илинден", "Македонско знаме", "Македонски вести", "Обединист" и др.). Од 1937 до 1940 година во Софија бил активен познатиот Македонски литературен кружок во кој членувале поетите Никола Јонков Вапцаров, Коле Неделковски, Антон Попов, Венко Марковски, Михаил Сматракалев и други. Членовите на Кружокот ги поставиле основите на современата македонска литература. Весници и списанија на македонската емигарција во БугаријаМакедонската емигарција издавала неколку весници под името Македонија: Македонија 1866-1872 Реформи
1866 - 1872, редактор Петко Славејков
1888 - 1912 во Русе и Софија, редактор Коста Шахов
1896 - 1897 во Софија, редактор Георги Недков
1902 во Русе
1919 - 1923 во Софија, редактор Георги Баждаров
1926 - 1934 во Софија, редактори Георги Кулишев, Димитар Талев Други весници и списанија кој македонската емигарција ги издавала се:
излегувал од јануари до септември 1885
Софија 1893 - 1898 година редактор Коста Шахов
издаван во 1895 година од Васил Главинов
излегувал во Софија 1894 - 1903 под редакција на Никола Наумов и Тома Карајовов
излегувал во Софија 1892 година под редакција на Петар Поп Арсов
излегувал во Софија 1899 - 1903 година
излегувал во Софија 1911 - 1912 година редактор Данаил Крапчев
излегувал во Софија 1924 - 1934 година Познати македонски емигранти во Бугариjа
Баба Ванѓа |