|
||||
Крали Марко и непослушната жена |
Коа се скарал со жената и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му: - Море, синко, кај ќе одиш и што се разлути? - Не се разлути, мајко, -рекол, -не ме послуша мојата жена. Си отиде Марко ф Солун, праќа писмо жената му: „Дојди си Марко! – рече. Море не си идеш, ја – рече – ќе се мажа“ – Она му вика. - Три години те чекам, повеќе не те чекам! - Мори ќе чекаш шес! – вика Марко. Арно ама она се разљутила, се омажила, она, отишла уф Костур за некој крал, имало. Делја се викал, бил голем чорбаџија, и него го зела. Едно време коа дочу, тоа му прати мајка му, коа дочу тоа нешто Марко се разлути ногу. Коњот го јавна од Солун, дојде ф Прилеп. - Шо напраивме,? - му рече мајка му. -Шо напраивме, мајко? – и рече он. - Ќе отиде жената, ќе се премажи во Костур, рече, за Делја. Отаден вија – рече: - Како да ја извада, ида да го отепам Делја, - рече. - Синко – рече – како ќе го извадиш, ти да го отепаш Делја и неа да ја извадиш, да ја земиш? Ќе идиш, рече, она е, да извините, во пложење била на Марка жената. – ќе кршчават дете ќе и кане сите на гости. Ќе и кане да дојдат на ручек, да се веселат. Ќе идиш и ти! – рече. Ама он се нарави на дервиш, на Еѓуптин што викаме по право, со кинати алишта, се и ќе рече на стражарот на портата што е: „А бре дали може негде да ручам овдека у некоа куќа? – ќе речиш! И он отишол таму и на стражарот на истиот ден коа се крштава детето ф црквата. И отиде он му вика на стражарот: - Дали има негде у куќава да ручам? - Ао – рече – баш овде сега на кралот детето се крштава, тука ќе ручаш – рече – си збира кралот сите на ручек ги вика. Си дојдоа од црквата. Детево се донесе на ручек и он го повика и него и он си отиде. Руча, пија, се веселија, сега на трпезата извади сабјата Марко. И сабјата ја зела жена му. И сега и вика на жена му: -- Е, сега – рече – ти ме познаваш ли? – вика. Рече: -Те познавам, како не те познавам. - Е сеа, сакаш слуга да ми служиш, или свеќа да ми светиш? – Она му вика: - Слуга да ти слуша. Се погреша, - вика. – не бива Вака свеќа ќе ти света. И зе рогузини, ги завитка и насипа видело, и ја ја запали и изгоре жената. И си ја зема сабјата, си го зема детето и на коњ. И си дојде ф Прилеп кај мајка му. - Шо направи, - рече - синко? Рече: - Мајко, што направи? Го закла Делја и сабјата си ја зе и детето си го зе отаден. Од книгата: Реитер Норберт, Дер Диалект вон Титов Велес, Берлин, 1964. Мајката го колне сина си Една мајка си го проколнала сина си. - Дури – рече – не је видиш от крај на крај земјава, коските, синко, да не ти се починат. Се мислел тој што да прај, што да чини, и отишол најодзади орлите кај шо се собирале над неко мрша. Вака и вака му је кажа ним маката своја и и молеше да го извиша горе, дури не ја види до крај земјата. „Арно – му реко орлите - . Туку ти заколи една крава и наполни една мешина вода. Коа ќе ти побараме да јадиме, от кравата да ни дајш, коа ќе ти побараме да пијаме вода да ни дајш.“ Се напрај тој така и орлите го крена. Летале, летале и најпосле му рекле орлите на момчето: - Погледај сега долу. - Се опулил тој и шо ќе види една капина и еден смок се свиткал околу капината. – Сега кај сакаш да те пушчиме? дали на капината, дали на смокон. - Ако ме пушчат на капината – си рекол тој со умо – ќе се издраскам. Баре нека ме пушча на смокон, ќе с откинам. Коа ти пушчиле чклуп во вода. Оти земја, сета со вода била обиколена. Запишал Блаже Конески од Дунавка Конеска 1949 г. Господ и Нојо Му кажал Господ на Ноја, ќе биди потоп. Нојо рекол: - Кога ќе биди потопо, да знам? - Кога ќе биди, коа ќе јадиш на железна синија, тогаш да се сетиш, да се сетиш оти ќе биди. Ама да си напрајш корап поголем да земиш от секоа лишка по две, да не се загуби семето. Било лете жнијале, озгора врни, оздола вода извирај. И клале српојте вака и скрстиле и клале леб да јадат, и тогаш се сетиле оти ќе биди потоп, како шо рекол Госпо. Се насобрале от сите лишки по две, по две, влегле во корабо и на некој рид најголем шо бил на светот, највисок, таму ќе го терал Нојо. Се скинал пусти кораб негде, влегло вода, змијата со оапашката го затнала. И ко излегле таму веќе на суво, рекла змијата: от која крф је најблага од неа да пијат. Па чоечката крф била најблага. Гарванот зинал да кажи, дури рекол га, ластујцата му го скинала јазикот со клунот, останал гаврано без јавик век и сут. А пак ластојцата зела чес, сеа затоа во куќа прај седела. Запишал Блаже Конески од Дунавка Конеска 1949 г. Од книгата „Текстови од дијалектите на македонскиот јазик“, од Божидар Видоески, Скопје 2000. |