|
||||
Големата Мајка, мегалит од околината на Прилеп – Македониа, 400.000 години македонска ера |
„Солзана“ Монументалната скулптура на Големата Мајка со три лица висока 67 м. се наоѓа на Селечка Планина во Македониа, во насока на исток од градот Прилеп, на три километри источно од село Селце. Скулптурата произлезена од Господовиот природен тек за создавањето на Македонија - рајот, дооформена со раката на обожествениот Македон, рамноправен на својот татко, доминира во просторот каде е поставена. Боговите Македонци со високи уметнички квалитети, со скриени пораки во стилот на божјиот Хермес, ни ја презентираат македонската монотеистичка религија на Големата Мајка, Господ Сонце и вселената. Скулптурата во книгава е насловена „СОЛЗАНА“, мислејќи на Господова „солза“ што претставува Господов сончев зрак. Господ Сонце со неговиот диск како божјо око се гледа. Господова солза е капка роса, која пристига од сонцето преку месечината. Солзата светла но студена, ја наросува вкупната жива природа на Земјата во вид на утринска роса. Таа светлина претставена е со самовилата „Солзана“ (Ана, Јана). Скулптурата во себе крие три пораки - три лица. Првото лице (сл. 47) е лице со израз на болка кое моли за изгрев на сонцето. Моли и за мигот на оплодувањето. Второто лице го симболизира сончевиот зрак, како самовила Солзана. Нејзиното лице ги искажува следните зборови: „Јас и Сонцето во пролетта, со божјата семенка, утринската роса, осветлена со сончевте зраци, Господ е во мене“. Третото лице (сл. 51) е израз на божјата МА како оплодена, со китка накитена, круна од златно-жолти цвеќиња на главата. Таа е породена - облизната во раст и милувана од сонцето. Таа е обожествена Македонка, родилка на рајот Македониа. Солзана е царица која бдее над своите деца, заштитничка на куќата и Македониа. Извадок од книгата „Зета Македонија“ од Бранко Сотировски.
Мегалитот Солзана е инспирација за создавање стихови, за кои е напишана музика од композиторот Сашо Ливрински – Лаврод. Господ Сонце се гледа се слуша. Господ Сонце е ОКО, од Господовото око излегува или паѓа Господовата СОЛЗА. Господовата солза е самовила, сончав зрак, утринска роса. Господовата солза е светлост, УМ, словарница и слово божјо. Од Господовата солза се раѓа Македонија рајот. Од Господовата солза се раѓа „Божја Солзана на Зета Македонија“. За македонија рајот пее Сузана Спасовска. „Зета Македонија“ - Бранко Сотировски |