Среда, 23 Декември 2015    PDF Печати Е-пошта
Македонците од Голо Брдо го подготвиа седмиот том голобордски фолклор

golobrdo-folklor-1

Понесени од желбата  за зачување од заборав и пренесување на помладите генерации на македонскиот фолклор и традиција од областа Голо Брдо, од страна на авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку беше подготвен седмиот  том од едицијата Голоборски Фоклор (7). Трудот се отпечати како постхумно дело на корифејот на движењето за зачувување на македонската традиција во Албанија, Цветан Мазнику. Тројцата автори се долгогодишни соработници во подготвувањето на трудови од областа на македонската етнологија, фолклор, традиција. Нивните дела ќе помогнат многу при пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации  Македонци во Република Албанија. Значаен момент кој треба да се потенцира е тој дека овие трудови се работат на волонтерска база, со многу ентузијазам, саможртва на авторите и нивните соработници. За целиот напор и личен влог во оваа оставштина за македонското битисување во Албанија, од срце им се заблагодаруваме.

Биографија на авторите:

golobrdo-folklor-2

Цветан Зафир Мазнику, беше роден на 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч. Во 1957 година ги започнал студиите за рударство во Лениград, Руска Федерација. Работеше како рударски инженер, а на седумдесет и седум годишна возраст, на 7 јануари 2015 година, почина во Тирана.

Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, а од  1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција.

Митре Стојан Шутку, роден на 1948 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години  работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана. 

Никола Ѓурѓај

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.