|
||||
Фразеолошки речник на Вевчанскиот говор |
Не посуден од никого. Невоспитан. Си је поткина. Замина. Голем поткорник је. Се вели за некој кој подбуцнува, наведува на кавга. Не му удре потрага. Не се заинтересира за него. Фате в пошкежи. Отиде неврат. Го прифаштавает. Му доаѓа лудило. Нек’ си го клајт порстот на умот. Нека си размисли. Остана со прстот в уста. Се вели за некого на кого не му се остварило очекувањето односно желбата. Извисил. Му даде пукач (да се напука). Јадење кое му се дава некому безволно; со клетва. Пукнатик еден, да би не пукнал. Блага клетва која се упатува кон некој итар, снаодлив човек. Му ја кесна пчејнцата. Го испрати пред него в гроб. Вторбосана работа. Расипана, пропадната работа. Не мирисат на убо работата. Претчувство дека ќе се случи нешто непожелно. Одрезан је од работа. Капнат је од умор. Опран је од работа. Се преработил, капнат е од работа. Работата је за пат пари туткал. Се вели во случај кога недостасува некоја ситница за да се доврши нешто, или не се знае која е таа. Работата је шпела. (Бошк.) Несигурна работа. (Шпела е дупка на која не и се гледа крајот. Оттука и работата (бошкалницата) е „шуплива“.) Тиквена работа. Грешена, расипана; тиквосана работа. Ќора работа. Несигурна лоша работа. Го исуше по река. Го удри по рака. Дај со реце барај со ноѕе. Се вели кога некој е принуден сам да го бара она што некому му го позајмил, несериозен, неисполнителен обврзник. Крена река на него. Го удри. Крена реце од него. Го напушти, се откажа. Му сушит рекана. Краде. Падна во лоши реце. Има лошо друштво. Падна во убај реце. Се наоѓа во средина на совесни луѓе, добра фамилија. Под река. Дадено нешто кришум, под рака, тајно. Подајна речица, покајна душица. 1. Добродушен, 2. Ако прави добро, со добро ќе му се возврати. Поќе реце-блосвани, поќе усти-проклети. Со помош полесно се решават проблемите. Река за река и в големата река. Двајцата се за на давење. Рецете му се одрезани. Капнат е. Заш’ да си горит рецене ко си имат маша. Некој друг му ги свршува работите или му помага во тоа. Жива рана. 1. Отворена рана. 2. Душевна болка. Ребрата му се брет. Ослабнат е. Не го удрират од ремен. Не му обрнува внимание. Ќа му речит чуја. Ќе му се најде кога ќе му затреба. Чужда ерш нек не чукат. Да не бери туѓа грижа. Дупит риби. Подбуцнува на кавга. Барат рогој. Бара беља. Го зеде меѓу рогој. (Бошк.) Го удри по глава. Кој в рог, кој в кош. Се вели кога меѓу некои има неслога и секој трга на своја страна. Преку му рогон. (Вулг.) Не му е грижа.Тие се како рогој во вреште. Има неслога меѓу нив. Го опра ручегот. (Бошк.) Доби ручек. Сам се сакат. Милозлив е. Му го салдиса. (Бошк.) Го испрати. Му се салдиса. (Бошк.) Му појхде (кај него). Му продат салтанати. Го лаже. По свадба топани. Се вели за нешто што е задоцнето; не е актуелно повеќе. Си прајт свадба со умон. Се вели кога некој правио нереални планови. Светит а не грејт. Се вели за некој што е слаб, болестен. И виде сите светци. Го доболи од ударот (обично по глава). Виждање веќе свитуљака. Нема да се сретнат никогаш повеќе. (Појавата на светулките е само во одредено време, но и тогаш трепкајќи се губат во мракот.) Дуна север. Се вели кога некој предвреме го изел целото јадење од на софрата и притоа не останало ништо за другите. Седит како здивен. Лут е. Му паднала сеќирата в мед. Се вели за некој кого го послужила среќата. Го посеја по цело село. Ја разнесе веста насекаде. Му ја скина сенката. Го отепа. Сенка го јават. 1. Маѓепсан е. 2. Има душевна мака, тежина. Сера – посера. Кавга со погрдни (вулгарни) зборови. Не је со сите. Не је токму. Се вели за некој што е малоумен или не се однесува нормално. Скиват – леват. (Бошк.) Гледа-краде. Не гледат од скивалана. (Бошк.) Не гледа од очине, всушност не му е умот тука, расеан е. Го зеде по склопец. (Бошк). Го удри по глава. Је скосте. Му је скосте. (Бошк.) Му ја кажа вистината, му ја откри тајната. Се скосте. Седна. Го наскуле. Го надуши, го подбуцна. Слама не му форлат. Не го внимава. Се скина од смење. Се изнасмеа. Смортта си је виде пред очи. Се намачи. Го сакат колку снегон лански. Воопшто не го сака. Немат сон в очи. Не може да заспие. Голема работа, не ќе грејт сенцето за него. Се вели за некој што не е за жалење. Од книгата „Диференцијален речник на вевчанскиот говор“, од Анастас Ќушкоски, Вевчани 2009. (Подготви Марко Китевски) |