Среда, 20 Јануари 2016    PDF Печати Е-пошта
Во с. Селци е роден македонскиот драматург Војдан Чернодрински и револуционерот и писател Арсеније Јовков

selce

Во почетокот на првата половина на дваесеттиот век во областа Малесија, која се распостила во југозападна Македонија живееле околу 10.000 жители, а денес во осумте населени места, меѓу кои и во селата Селци, Буринец и Локов, живеат околу стотина жители. Според професорот д-р Митко Панов, автор на научниот труд „Енциклопедија на селата во Република Македонија“ за с. Селци пишува: „...Во ова село е роден македонскиот драматург Војдан Чернодрински, автор на драмата Mакедонска крвава свадба, и револуционерот и писател Арсеније Јовков.

По предлог на мојот водач Мишко Павлески, тргнавме од хидроакумулацијата Глобочица, затоа што овој патен правец е попрооден во ова време од годината, за разлика од другиот патен правец, кој води од западната страна на Струшко Поле, преку селото Брчево. По само два-три километри поминати по макадамскиот шумски пат, навистина се уверив во советот кој ми го дадоа моите познаници од овој крај - дека навистина само со руска машина, со руски џип, човек може без мака да се пробије низ планинскиот горостас Караорман. По еден час возење и поминати околу четири километри, заедно со мојот водич застанавме на една висорамнина која се распостилаше на околу илјада метри надморска височина, да одмориме и малку да се соземеме од траскањето во возилото, а и поодблизу да ја видам панорамата на Малесија. Не помина многу време откако малку се созедов, а пред мене во далечината, затскриени помеѓу костеновите стебла, ги забележав куќите на првото село кое ми доаѓаше во пресрет, тоа беше селото Селци. Е, ова сето што го гледаш околу тебе е Малесија, ова пред тебе е селото Селци. По кратко време дојдовме во Селци. Од она што го видов бев пријатно изненаден. Очекував да видам паднати куќи, плевни, трла покриени со трње и капини. Напротив, бев воодушевен од убавината на старата селска архиктектура која ја имаше на обновените куќи. На број ги имаше околу десетина, а во фаза на реконструкција беа започнати уште пет-шест. Уште повеќе се израдуваа кога дојдов до селската чешма и таму се сретнав со седумдесетгодишниот Тасе Чадиноски, кој седеше близу до селската чешма, од која течеше чиста изворска студена вода. И како по стар обичај, си разврзав муабет на долго и на широко со него. - Пред десетина години од темел ја преправив куќава во која се родив, ми велеше мојот домаќин Тасе Чадиноски. Како што гледаш, селово полека се обновува, вода имаме, струја имаме, телефон имаме, верувам дека уште толку нови куќи ќе се изградат, само патот да го направат. Овде долу под чешмава, веднаш до црквава, во капиниве, се наоѓаше родната куќа на Војдан Чернодрински, веднаш до неа беше куќата на Арсениј Јовков, ама ништо не остана од тоа. Срамота е да нема обележје за овие наши соселани, кои се дел од историјата на Македонија, срамота е да не се знае каде била родната куќа на пишувачот на драмата „Македонска крвава свадба“. Убав ни беше муабетот, но морав да го напуштам селото Селци, патот го продолжив југоисточно од селото Селци во правец на селото Буринец. Делницата од речиси два километри ја поминавме за околу два часа, затоа што макадамскиот пат се извиваше и низ планински, долински и кањонски предели. Прекрасна убавина. Колоритот од бои кои ги создаваа зраците од сонцето и костеновите лисја го дополнуваа петте куќи кои се уште им одолеваат на забот на времето и непрекинатото бучење на надојдените води од височините на планинскиот горостас Караорман, кои како да итаа што побрзо да ја наполнат акумулацијата Глобочица. Во селово не сретнавме никого. Но, не, Буринец не е село во умирање, и во Буринец животот се враќа. Во селото живеат пет-шест селани, само дента кога ние дојдовме во селото тие биле на пазар во Струга да се снабдат со намирници за летото што претстои. Со мојот водич Мишо Павлески патот го продолжив во неговото родно село Локов. За разлика од Селци и Буринец кои беа во вистинска смисла на зборот планински села, селото Локов, иако се наоѓаше на илјада и осумстотини метри надморска височина сепак, наликуваше на рамничарско село. - Животот во селово се врати пред дваесетина години. Денеска речиси се обновени сите поранешни селски куќи. И мојата ја обновив пред десетина години. Најмногу жители во моево село има од Ѓурѓовден, па се до Митровден. Сите куќи се полни. Миграцијата си го направи своето. Во Втората светска војна селово многу настрада. До темел беше изгорено, луѓето сите заминаа. По завршувањето на војната селото пак се обнови, арно ама по изградбата на браната влезот на селово беше прекинат и луѓето повторно заминаа. Денеска, околу двесте семејства има во Србија, во селото Јабука. Во прилепското село Ново Лагово денеска живет околу шестотини семејства. Цето село е населено со нашинци. Во моја Малесија може да се живее. Погледнете го Караорман, погледнете го планинскиот масив Славеј Планина. Природата се ни дарила. Наши роднини и пријатели кои се наоѓаат во белиот свет праќаат пари да си ги направат оставените куќи. Само државата никако да се сети да го направи патот за да може овој наш македонски рај да го видат не само мештаните од Малесија, не само мештаните од нашава земја, туку и од надвор, ми велеше мојот водич Мишо Павлески. На мубетењето му нема крај, како што вели народот. Јас навистина се уверив дека поради лошиот пат тешко се пробивав во пазувите на горостасниот Караорман. Успеав да посетам само три села од осумте, но со едно ветување дека пак ќе дојдам и во Збажди, Аржаново, Брчево, Присовјани и новата населба на некогашното село Глобочица, кое денес се наоѓа потопено во водите на акумулацијата Глобочица.

Користени извори: Текст:мариовофилм, вест Фото : интернет Видео: youtubecom/ мариовофилм

www.mariovofilm.mk

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.