Среда, 27 Јануари 2016    PDF Печати Е-пошта
Преданија од Тиквешијата

Момина карпа (девојките од Галишта) и преселбите

Легендата се однесува на еден херојски чин на девојките од с. Галиште, Тиквешко.

Јужно од с. Шешково и источно од с. Галиште се издига врвот Галичин. Горе на врвот е рамно, а источно од него, наеднаш како со нош исечена, се спушта надолу една вертилкална карпа. Карпата е висока околу 80 или 100 метри. Тука, од таа карпа, подгонети од Турците, се фрлиле девојките од с. Галиште. Пред да го направат тоа, за некоја од нив да не се премисли, тие си ги врзале плетенките една за друга и заедно летнале во бездната.

Требало да ја спасат својата моминска чест и да дадат пример на едно возвишено херојство. Долу, под карпите, овчарите сеуште наоѓаат остатоци од ѓердани, обетки и прстени на храбрите девојки. Карпата од која што се фрлиле девојките и денес се нарекува Моминска карпа.

И овде преданието не кажува точно кога се случило тоа. Можеби се однесува на времето кога тиквешаните биле приморувани да го примат мухамеданството?!?

... Од измачената и потурчувана Тиквешија се  одвојува голема група христијани, кои веројатно движејќи се по Морава... ги наоѓаат пустелиите по Тимок и се населуваат на места кои ги нарекуваат според имињата на своите напуштени огништа. Неготин, Раец, Тремник... Места со такви имиња и денес постојат во Неготин Краина.

Тие два примера – девојки да се фрлаат од карпа за да ја зачуваат својата чест и голем дел од населението да бега за да го спаси својот ивот, не само што ја сликаат ситуацијата во Тиквешко во тоа време, туку го објаснуваат и потурчувањето во тиквешките помаци.

Кауѓарец (потурчување)

...Како и насекаде, така и во Тиквешијата потурчувањето се спроведувало со големи насилства. Според едно предание, блиску до селото Бегниште има падина во која биле закопани околу 500 месни жители, кои не сакале да ја примат исламската вера. Оваа падина Турците ја нарекле Кауѓерец, име што се зачувало и до денес. Селаните сеуште одат таму и палат свеќи.

Марковата кула во Кавадарци

Кулата е тврдина, градена од камен и малтер, со чевртаста форма и е висока 20 метри. Има пет катови, на вториот кат е влезот. Тука нема прозорци. На третиот кат има само еден тесен, мал прозорец. На чевртиот-три ѕида имаат по еден прозорец. На петтиот исто така има три прозорци. на сите прозорци биле поставени решетки. На петтиот кат, јужниот ѕид, до прозорецот има отвор и издаден камен симс. Од тука е бранет приодот кон кулата. На овој кат има и нужник, надвиснат надвор. Во ѕисот на овој кат немало огниште.

Точното потекло на кулата не се знае. Според преданието меѓу народот владеело уверување дека е од постаро турско време. Има и претпоставки дека потекнува и од времето пред доаѓањето на Турците во овие краеви. Познато е дека првите преселници од Дукена се вселиле во Кулата и со тоа почнува основањето на новата населба Велахан, што подоцна го добила името Кавадарци.

Легендата за името Кавадарци

За името на денешниот град има повеќе легенди од кои почесто се раскажуваат две. Едната говори дека јужно од Кулата, покрај Луда Мара, некогаш имало голем камен и една висока топола, под која имало извор со студена и пивка вода. Местото околу изворот било многу погодно за пасење и пладнување на добитокот. Месноста ја викале Кавадар (топола место). Од оваа сложенка прво бил изведен топонимот Кав-дар, а подоцна и Кавадарци. На турски кавак значи топола, а дар значи тесно место.

Другата легенда поинаку го објаснува името на градот Кавадарци. Според неа некој простодушен селанец од населбата Тиквеш, барајќи ја изгубената крава, дошол до изворот кај тополата и каменот и до реката Луда Мара. За среќа тука го нашол изгубениот добиток. Загледан во убавото и романтично катче на природата, селанецот од големо задоволство воздивнал и извикал: Каков кавин – дар! Од Кавадар, со значење место на кравите, се претпоставува настанал топонимот Кавадар. Со текот на времето и населбата која се оформила во поголемо населено место, била наречена Кавадар, односно Кавадарци. Така велат легендите што ги искајал народот за името на овој град.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945“, од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г. (Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.