Среда, 17 Февруари 2016    PDF Печати Е-пошта
Свадбени обичаи и песни од Мегленско

meglenskoЗа секоја прилика од свадбеното празнување во селото Лесково има посебна песна. Вечерта спроти недела, денот на свадбата, сватовите одат во домот на момата, каде што се случува плаќањето на момата (платеинту). Ете зашто преку денот кога тргнуваат по невестата малку пред тргнувањето пеат:

Наизлигоа се сватуве,
Јунак нема да излезе,
Оште чеќе прушувајте
Ут нејну татку,
Ут нејна мајка,
Ут нејни роди руднини.
Кога ќе тргнат со невестата и кога ќе ја носат кон дома, момите пеат:
Дивојко, дивојко,
Што толку сношти сидете,
Три п’ти петли пијаа,
Тувар борина гурете.

Пред да ги дарува роднините невестата, малку пред да се качи на коњ, и се пее оваа песна:
Дивојка молба молише:
Чини ми, Боже, гулем ден,
Да с наседам, пуседам,
Ву таткуви дворе.

Кога невестата се кани да тргне кон домот на младоженецот пеат.
Скарал’ се мајка су керка,
Ву с’ба спрути нидеља,
Мајка на керка гуворе:
- Ут тука, керку, ут тука,
Оти ми се керку, дудија,
Ут стројници причикање
Ут љута ракија мирење,
- Путуна мајко, путуна,
Ву таа река д’лбока.
- Пливи ми, керку, пливи ми,
И мајка така пливела.

Пред да влезат во домот на младоженецот се пее оваа песна:
Ја излези драга мале,
да причекиш силен сокол,
Ја пу сокул млада невеста,
Млада нивеста убава,
Пу нивеста, драга мале,
Пу нивеста, девит конаци,
Девит конаци су девит коње.

Мајката на младоженецот ја пречекува невестата, а едно мало момче, секогаш со живи родители (да не е сирак) ја воведува во куќата. Тука момите пеат:
Молба ти се мољ’м
мили нуне,
Молба ти се мољ’м,
назут да ма врниш,
Назут да ма врниш,
ву таткува куќа,
Ву таткува куќа,
ву братуви дворе.

Народни песни од Мегленско, соопштува К. Младенов.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.