Среда, 17 Февруари 2016    PDF Печати Е-пошта
Свадбени обичаи во село Микрево, Светиврачко

mikrevo-obicai

Канење. Во четвртокот се променуваат (облекуваат) три моми, блиска роднина на момчето и носат по една чутура вино, а на чутурите по една китка бршлен и целото село го канат на засевка.

Едната ги кани мажите да идат на засевка со дрва, другата ги кани жените да идат со жито и по паница боб и по една китка, која се става (носи) од свекрвата. Момите што канат се викаат золви.

На засевката се кани цело село, а на гоштевање само поблиската роднина. Сето тоа се прави во четврток. Кравајче за свадбата замесуваат во четврток навечер момите, едната почнува да сее, а шест по три почнуваат да пеат.

Ја подајте тенко сито,
Да отсем чисто брашно,
Да замесим вити колак,
Да го сложим пред калитато.
Ке замесим од момата руса коса,
На момчето руди перчик.

Обичниот леб за свадбата се меси, кога ќе се види потреба да леб. Кога се месат лебовите, момата е кај таткото и се се случува во домот на момчето.

Специјални лебови: кумови колаци, кои се стават три пати пред кумот – сабота навечер, недела навечер и во понеделник наутро во тој колач има место за шише ракија и се наоѓаат забодени зелени гранки во колачот со набодени јаболка; 5 за кумот и 3 за кумата.
Знаме: Знамето се прави во четврток навечер од момите. Се состои од трстига (трска) на врвот јаболко и цвеќе. На трската се става црвен чумбер на крајот украсен на крст со хартии шарени), со памук и листови од бршлен. Се подготвува во куќата на момчето и се вика фируглица. Истовремено со тоа прават и два венци за невестата.

За знамето се грижи од почеток до крај деверот, кој на момчето му е брат или близок роднина. Во четврток вечерта фируглицата се качува од деверот на куќата, а момите пеат:

Феругличлице, пиле шарено,
С крилја трепни, с грло кукни.
Ние ќидем надалек сватови,
Ќе излезе момината мајка,
Кој ќе ни види, ќе ни завиди.

Бричењето се прави во неделата наутро во куќата на момчето, каде што го бричи кумот. Момата ја плетат другарките кои ја носат на вода за миење и при плетењето пеат:

Тука те друшки сплитат,
Тамо ќе те золви сплитат.

Венчални венци. Тие се прават од свиткано гранче, обвиткано со бршлен и цвеќиња, памук, сето тоа го прават другарките. На момчето венецот е направен од две вкрстени гранки, а на момата од една. Облеката за венчавање на невестата: бела саја, везена од шивачите и црвена престилка и црно везено џубе (горна облека). Невестата се забулува со црвен чумбер и врз него се става венецот, тоа се прави во домот на момата и момите пеат:

Кога те тебе прекровахме,
Стоеше ле брат до тебе,
Градеше ле град над тебе.
Ја мома и велеше:
Не стоеше брат до мене,
Се беа абанжии,
Се чужди чужденци.

Пред да се облече и ја мерат облеката и ја закитуваат со пафти и украси. Облеката од венчавањето се носи до вторник. Младоженецот е облечен со фустан од бело платно и шарени чорапи до колена. Невестата ја обува деверот, става пари, ја обувата момите пеат:

Собувај мори девојко,
Башчини обушча.
Башчини обушча, еднаж купени,
Триж алал чинени.
Обувај свекрови
Еднаж купени, триж покаени.

Свадбени лица: девер, золви, кумот, свекор, свекрва. При тргнување момата се проштева од таткото и мајката, а момите пеат:

Мома се свива превива,
И на башта и говори:
Простѕи ми тате,
што сум ти тако грешила,
Прости ми, мајко, прости, што,
Сам и теб грешила.

Ги дарува своите домашни и тргнува. Кога ќе тргнат по невестата момчето е забулено со бела крпа. При приближување до куќата на момата, браќата или блиски роднини го заградуваат патот со дрва и додека не плати кумот не го пуштаат.

Кога ќе ја земат од дома и ќе ја поведат кон домот на момчето, момите пеат, а гостите играат оро пред нив:

Потона звезда у небо,
А не е звезда у небо,
А е невеста у сватове.
Друшки и велат говорат:
Ели се мари хвалеше,
Ти делија не срешташ,
Зашто си сега кренала?

За да влезе прво младоженецот при невестата треба да ја откупи со пари. Кога сватовите идат кај момата, таа го гледа низ кравај месен од момите и поставен на раката со цел таа да го види најпрва. Во домот на невестата се канат сите роднини, на кои им се става да јадат наредени на општа трпеза, потоа дарува. Мајката на невестата прави специјална баница за зетот и му пржат јајца и јадат младоженците од кое чуваат и за недела навечер. Невестата излегува и се проштева со домашните: при излегувањето мајка и фрла памучно семе од пченица и пари. Момчето ја удира невестата со прачка.

Кога ја изведуваат од дома таа плаче и говори:

Кротко заоди, мило јасно сл’нце,
Да си мома наоди по баштини двори.

Одат кон црквата. Додека ја напојат вода ја држат браќата, после ја зема деверот.

Кога се кај црквата, свекрвата фрла семиња и сите поблиски играат околу невестата со колач на главата и со потфрлање на косите при што се грб со грб.

Армасувањето се прави кај мајка и откако ќе земат долга прачка од лоза ќе ги доближат двата краја и велат: „Армосани и невенчани“.
Венчавање. Стапнуваат на черга и врз неа фрлаат пари и семиња. На масата пред нив има леб, вино јатки од орев и мед. Им даваат да каснат од нив.

Венчавањето се прави дома кога нема црква. Одведувањето на невестата се прави по друг пат за да не ги сретне нешто лошо. Свеќите од венчавањето се чуваат до самата смрт. Невестата се качува на коњ, во дворот таа се поклонува три пати на свекорот и тој ја симнува. Младоженците минуваат по послан килим. На невестата и даваат по еден леб под мишките и по едно шише вино. Врз младоженците се фрла семе од памук и пченица. На свадбата трпеза по венчавката седнуваат блиски роднини.

Брачното составување се прави во недела вечерта. Кумата го симнува превезот на невестата, ја соблекува и и дава чиста риза. И се сето таа се грижи. Кумата добро го прегледува леглото и го поправа. Поблиските заедно со кумата стојат на вратата од надворешната страна и од време на време викаат побрзо. Останатите играат оро. Откако ќе се види дека момата е чесна ги викаат сите роднини, а кумата ја зема ризата и ноќта одат во домот на таткото на невестата и пијат блага ракија.

Ако невестата не е чесна свадбата завршува во неделата вечерта. Ако родителите на момата живеат далеку утрото месат погача и баница, стават вино и ракија, деверот се качува на коњ и оди кај мајка и. Таа кани гости со блага ракија, шише, врзано со црвен конец, цвеќе и пари. А при нечесна невеста се зема една торба лајна (се извинувам, но така е во оригиналот) и се носат на татко и. Петел се коли кога е чесна невестата, тогаш младоженецот пука со пушка. А овен се носи во понеделник за ручек на младоженците како подарок.
Во понеделник утрината кумот ја одбулува невестата со капина три пати, ако е чесна, ако не е чесна цел ден оди забулена. Во понеделникот пред да ручаат невестата дарува.

Во вторник утрината се канат момите и ја водат невестата на вода со деверот. Момите пеат:

Невеста вода налива,
Девер и вода разлива,
Девер и дума думаше,
Шушлива ти е водата.
Тоа се прави до три пати. Се враќаат дома. Кога ќе пристигне дома момите пеат:
Излези, стара ле, свекрво,
Снаа ти вода донесе,
Да ти полие, да се измиеш,
И да те дари дарува.

Потоа невестата со деверот оди по слама и кога ќе ја донесе дома ја става по полозите на кокошките.

Во понеделник деверот и ги дава пред зелено дрво плодовите и таа го дарува.

На одвратки (повратки, првиче) се оди во петок навечер (да не ја фати саботата), одат кај мајка и на гости, се враќаат во неделата.
Кога родителите на момата не се согласни таа бега или ја грабаат и свадба се прави само кај момчето. Потоа одат да ги смируваат родителите. Обичаите се истите.

Вдовец со мома. Исто ја венчаваат во црквата и ако сакаат со вдовецот може свадбата да продолжи со сите обичаи. Ако е вдовец со вдовица се прави за една вечер. Кога се мажи вдовица за ерген – исто за една вечер, без игри и песни.

Од записите на Евгенија Несторова.
(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.