Од село Бања
Неколку дена пред свадбата се прави феруглица (бајрак) кој се става на покривот од куќата од источната страна. Кога се прави феруглицата се пее оваа песна:
Мари фертугличице, Мари бела – црвена, Мари сиља – зелена, Не распаждај облаците Да зароси росица, Да ороси два млада.
Кога се вее венецот на старосватот се пее:
Свате ле, старисвато, Кум те е калесал, Старисват да б’деш.
На младоженските венци се пее: Вила Вела веноќ, вила и пејала: Венче бел босилче, та кату те вија, Кердоса ле ќу те, ели ќе те друг кердоса.
На замесување на лебовите од кумот и старосватот се пее: Сејала Драгана по море лозе, По Дунав дјуни.
На венецот од деверот се пее: Оти не ќеш, мари Јове, девер да си. На брата ти, мари Јове, постарија? Ели немаш, маре Јове, врана коња, Ели немаш, маре Јове, сињо седло, Ели немаш, маре Јове, златна узда? - Имам, имам да и немам: Од далек ми маќа мома зела, Та не мога да ја виде, Танка ле е, та висока, Бела ли е, црноока.
Кога се вие венецот на момата се пее: Венче, бел босилче, Та кату те вија, Ќердоса ле ќу те, Ели ќе те друг ќердоса?
Кога се бричи младоженецот му се пее: - Радо, бела Радо, дојди до вечера, Да видиш Радо ле, рабер се пременува, Сињо, зелено соблачи, бело црвено облачи.
Кога другарките и ја плетат косата на момата, со солзи ја пеат оваа песна: Убаво ме, мили дружки уплетете, Ке ќу д’ида, мили дружки, в чужда кашта, В чужда кашта, мили дружки, в чужди људе, В чужди људе, мили дружки, непознати, Чужда маќа, мили дружки, маќа да е, Чужди башта, мили дружки, башта да е, Чужди браќа, мили дружки, браќа да са, Чужди сестри, мили дружки, сестри да са.
Кога ја изведуваат невестата од домот на родителите и пеат: Крадом, крадом, девојче, Окрадохме девојче, От милната маќа, От милнија башта...
Кога се воведува момата во дворот на момчето се пее:
Ја излези момкова мале, Да видиш какво добро на двор стои.
И друга:
Девер снаа по двор води, снаа му се милно моли: - Кротком, кротком, мил деверју, Ќе са кални дворовето, Ќе ми са нови папуци.
Кога ќе ја воведат невестата за прв пат во дворот на момчето, среде дворот стават маса со леб и чаша вино, а невестата со деверот и кумата обиколуваат три пати околу масата, момите пак ја пеат следната песна: Девер снаа по двор води, Снаа му се милно моли: Деверју, мили деверју, Скриј ме деверју од брата ти, От брата ти поголемија, Скриј ме, деверју, в сиво стадо, А девер и отговори: Снао мила снао, Ја не смеја в очи да те гледам, А камо ле да те скрија в сиво стадо.
Армасувањето се правеше во куќата на момата, а венчавањето во куќата на момчето. Кога на трпезата се изнесува лебот од кумот се пее: Куме ле куме млад куме, Ага си мислил, куме, кум да бидеш, што не си личил по се градове, По се градове и по нов пазар, Да купиш, куме ле, да купиш, На кумицата ж’ти папуци.
А на лебот на старосватот се пе: Свато, старисвато ле, ага си мислил, свато, Старисват да бадеш... итн.
Кога ја водат невестата на вода се пее: Шетнала се е Милица, За студена водица... итн. Запишал свештеник Иван п. Панајототов Асјанчин. |