Среда, 11 Мај 2016    PDF Печати Е-пошта
Сагата за Есма

esma1

Деновиве излезе од печат монографијата посветена на едно од најпознатите естрадни имиња на македонската музичка сцена и многу пошироко, Есма Реџепова Теодосиевска и на нејзиниот животен сопатник и музички соработник Стево Теодосиевски. Автор на ова мошне интересно издание е истакнатиот публицист Славе Катин, воведот е на министерката за култура д-р Елизабета Канческа Милевска, издавачи се „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Монографското дело со наслов „Есма“ , кое излезе овие дена, е посветено на македонската музичка легенда и едно од најпознатите естрадни имиња кај нас и во низа земји на повеќе континенти - Есма Реџепова Теодосиевска. Тоа е сага за вистината на блескавата кариера, сублимат на животекот, биографско-публицистички времеплов за 55-те години на сцената на оваа доблесна дама, истакнат уметник, потврден хуманист, донатор, и човекољубец. Монографијата е хронопис и веродостоен приказ за угледната музичка ѕвезда и патриот, возљубеник во својата татковина Република Македонија и нејзиниот животен сопатник, истакнатиот музички уметник Стево Теодосиевски. Со илјадниците гостувања и концерти, со успешните настапи и мисии, Есма и ансамблот „Теодосиевски“, го пренесоа името на Македонија низ десетици и десетици земји низ сите меридијани на светот, афирмирајќи ја убавата македонска и ромска песна на нивен специфичен начин.

esma2
Министерката Канческа, Есма и Катин

Наречена дамата со божествен глас и голем музички талент, таа е откриена како надарено младо девојче во 60-те години на минатиот век, кога за прв пат запеа пред микрофонот на Радио Скопје. Натаму низ годините, направи голема кариера, стекна интернационално име и помина илјадници и илјадници километри со Стево и неговиот оркестар, крстосувајќи ја планетата од Америка до Австралија, од Канада до Индија, од Африка до Јапонија, од Русија до Нов Зеланд, од Европа до Азија.

Во воведот на оваа монографија, министерката за култура д-р Елизабета Канчевска – Милевска, меѓу другото напиша:

Сагата за Есма Реџепова – Теодосиевска е славопис за едно големо човечко возљубие, за дамата со ангелски глас, која поседува ретка естрадна виртуозност и специфика, и пред која се поклонија милиони луѓе во најпрестижните светски концертни сали на сите четири страни од светот...

Есма стана препознатлива, прифатена и призната со песната, темпераментот, оригиналноста, музичкиот ритам и сензитивниот линк со публиката. Со својата дарба, труд и упорност, со истрајноста и квалитетот, го почна искачувањето по естрадните скалила од родното Скопје, и натаму низ децениите стана популарна музичка дива... Нејзините континуирани успеси се и нејзиниот неизбришлив амблем кој останува во аналите“.

esma3
Стево и Есма во млади години

Есма повеќе од 55 години е истакнато музичко име. Станува збор за голем јубилеј во кој, таа е овенчана со слава, а и натаму е неуморна и активна на естрадните подиуми. Поради својата оригиналност и музичка виртуозност, е нарекувана и ја доби титулата Кралица на ромската песна во интернационални рамки.

Во обемната биграфска приказна сместена во книгата едноставно насловена „Есма“, на 410 страници авторот Славе Катин, со многу умешност, знаење, имагинација и со моќта на убавата мисла, композиција и збор, ја овековечува Есмината одисеја, во трезорен, документариум и за времето идно. Инаку, да споменеме дека Славе Катин чиј творечки опус е педесетина книги, објавил и над три илјада текстови за иселеништвото, македонскиот јазик, религијата, културата, литературата и други области, а еве, најновото издание е за Есминиот живот и дело.

За афирмативните блесоци на Есма за својата Македонија, за големите музички дострели, за хуманоста и филантропската активност, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, во 2010 година ја одликува познатата естрадна уметничка со Орден за заслуги за Македонија. Таа тогаш, само скромно ќе рече, дека тоа високо признание не го добива Есма, туку граѓаните на Македонија. Исто така, е првата жена која во 2013 година ја доби престижната титула „Национален уметник на Република Македонија“.

esma4
Во домот „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“

Монографијата чии издавачи се книгоиздателството “Македонска искра“ и асоцијацијата “Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а рецензенти се проф. д- р Васил Тупурковски и проф. д-р Јордан Плевнеш, несомнено дека е вредно, доста луксузно опремено дело на македонски, англиски и ромски јазик, со неколку прилози и на други јазици е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. Извонредно е илустрирано со десетици и десетици прекрасни фотографии, кои, и сами за себе, и во контекст на текстовите и хронологијата, доловуваат автентична слика и заокружуваат една вистинска животна и уметничка приказна за познатата естрадна ѕвезда Есма Реџепова – Теодосиевска.

Книгата се очекува да биде промовирана во Скопје, Кочани, Белград, Брисел, во Америка, Канада и Австралија.

fidanka-tanaskova
Пишува: Фиданка Танаскова

Дел од фотографиите во монографијата „Есма“ од Славе Катин:

esma5

esma6

esma7

esma8

esma9

ESMA10

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.