Среда, 20 Јули 2016    PDF Печати Е-пошта
Во Битола денови на израелска култура

denovi-na-izraelska-kultura

Со документарниот филм „Мојот клас“ во режија на Пиер Лавие вечерва започнува дводневната манифестација Денови на израелска култура во Битола . По Скопје, Охрид, Беропво и Штип  во Битола завршува неделата на израелска култура што ја организира амбасадата на Израел во Р Македонија    заедно со здружението „Архам “ од Битола.

Со музичко-балетскиот перформанс на младинскиот театар „Кармелим“ од Хаифа, денеска почна дводневната манифестација Денови на Израел во Битола. Ја организираат амбасадата на Израел во Република Македонија и Здружението „Архам“ од Битола. Ова е всушност една голема завршница на неделата посветена на Израелската култура во Македонија и доаѓа по настапите во Берово, Штип, Скопје и Охрид, истакна израелскиот амбасадор во Македонија Дан Оријан на прес конференцијата што се одржа по тој повод. Меѓу другото тој изрази жалење што оваа година го нема Бит Фест.

Како што истакна Ефие Шкинази , кореограф на Кармелим ансамблот во музичкиот перформанс учествуваат 34 млади лица со различни нумери и преку својата младост го пренесуваат вкусот  и културата на Израел преку театарската претстава  што ќе биде одиграна утревечер насловена како „Еден вкус од Израел“.

.Деновите на Израел во Битола доаѓа по успешна соработка  на амбасадата со институциите и со оглед на оригиналноста на настаните организаторот очекува голема посетеност, посочи  Мима Герас Дочовска – економски оператор за амбасадата на Израел во Македонија и претседател на здружението „Архам“ – Битола

Младите израелци за време на престојот во Битола со своја програма освен во Центарот за култура  ќе настапат и  во детската градинка Естреја Овадија Мара како и во старскиот дом Сју рајдер. Во утрешниот флешмоб покрај гостите ќе настапат и младинците од Црвениот крст од Битола како и самиот амбасадор Оријан.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.