Среда, 03 Август 2016    PDF Печати Е-пошта
МИТОЛОШКО–ИСТОРИСКИ, ЕТНОГРАФСКИ И ОНТОЛОШКИ ВРСКИ НА МАКЕДОНСКОТО ПЛЕМЕ ПЕЛАГОНЦИ

ПЕЛАГОН – ПЕЛАЗГО – ПЕЛАЗГ – ПЕЛАРГО – ПЕЛАРГ И ПЕЛАГОНСКОТО КРАЛСТВО

101-20-Mechka---Selce2

Веројатно е дека својот најголем развој, Пелагонското Кралство го имало многу рано, можеби во раното бронзено време, паралелно со Критско–Минојското кралство и култура. Во подоцнежните периоди, на истата територија се создале и воздигнале поголем, број други кралства, како кралството на Пајонците, Линкестите, Бригијците Алмопијците и други етнички заедници, кои, од друга страна, биле блиски по култура, јазик, па и во помало или поголемо биолошко сродство.

Археолозите и историчарите не се сомневаат во културната и етимолошката врска меѓу Пелагонците и Пелазгите, две од најстарите етнички заедници, кои ги населувале јужните делови на Балканскиот Полуостров. На тоa упатува и заедничката основа на нивното име, односно на Пелагонците и Пелазгите, како и на нивните епонимни јунаци (или кралеви) Пелагон кај Пелагонците и Пелазго или Пелазг и уште Пеларго или Пеларг, кај Пелазгите. Уште повеќе, името на Пелагонците се поврзува со постарите митолошки преданија, односно, нивното име се поврзува со преданието за Титаните, за кои се вели дека биле нарекувани и Пелагони или Пелагонци.

Страбон:Тоа дека „пеанизмос“ на Тракијците се нарекувал „титанизмос“ од Елините, во имитацијата на повикот, употребуван во пеаните, титаните биле нарекувани, исто така, Пелагони.

Стихот „на Пелагонците возач и судец на небески богој?“ е еден од почетните стихови во химната посветена на богот Ѕевс од античкиот поет и схолијаст Калимах (310/305 – 240 п.н.е.), кој живеел и работел по времето на Александар Македонски и работел како трет раководител во познатата библиотека во Александрија за време на Птолемеј Филаделф. (Даниела Тошева – Николовска, Калимах: Химна кон Ѕевс, преводот е направен според изданието на R. Pfeiffer, Callimachus, vol. 2, R. Pfeiffer, Oxsford: Clarendon Press, 1953).

101-20-Lokalitet-Palatica---od-starata-pelagonska-kultura
Л. Палатица - со пелагонска_култура

101-20-Golem Kamen-Lopatica Prilepsko
Голем Камен-Лопатица

101-20-Grobovi-vo-karpa---lokalitet-Germansko-Kladenche---Golem-Kamen---Lopatica
Гробови во карпа – кај л. Голем Камен

Во тој контекст, треба да се повикаме и на преданијата за митолошките личности, познати како џиновите од Македонија, односно трите џинови, Бријареј (сторакиот џин), Гиг и Кот, кои можат да се сретнат кај старите автори, кои се занимаваат со античката митологија на Балканот. (Види: Роберт Гревс, Грчки митови).

Според археолозите и историчарите, исто така, е извесно дека во дел од подлабоката историја, односно во делот кој спаѓа во праисторискиот период, Пелагонците, како етничка заедница, но и како старо кралство, населувале поголема територија на југот на Балканот, која се совпаѓа со подоцнежната етничка територија на Македонците. Тоа упатува на фактот дека Пелагонците се во самата основа на културата на Балканот, па и пошироко, на културата на Европа, но дека трагите на пелагонската култура треба да се бараат во постарите културни периоди на полуостровот, кога оваа етничка заедница владеела со поголем простор од овој дел на Европа и поседувала сопствено кралство. Веројатно е дека својот најголем развој, Пелагонското Кралство го имало многу рано, можеби во раното бронзено време, паралелно со Критско–Минојското кралство и култура. Во подоцнежните периоди, на истата територија се создале и воздигнале поголем, број други кралства, како кралството на Пајонците, Линкестите, Бригијците Алмопијците и други етнички заедници, кои, од друга страна, биле блиски по култура, јазик, па и во помало или поголемо биолошко сродство. Фактот, што кај Тукидид среќаваме тврдење од типот „македонското племе Линкести“ и сл. (Tukidid, Povjest peloponeskog rata, prevod Stjepan Telar, Matica hrvatska, Zagreb 1957, 242) , може да упатува на нивната заедничка врска и потекло, обединети во епонимот Македон. На нивната културна и етничка блискост упатуваат и голем број заеднички култно–религиски симболи, верувања и митолошки преданија. Сосема е веројатно дека нивни заеднички религиски центар бил во Додона во Епир, каде се наоѓало едно од најстарите светилишта и пророчишта посветени на врховниот бог Ѕевс, познат како Додонскиот Ѕевс или Ѕевс Пелазгиски.

eksponat-mazuciste
Експонат од Ридот-Мажучиште

101-20-Figurina-2---Palatica---Shtavica
Фигурина - Палатица - Штавица

101-20-Fragment-od-keramichki-sad---Palatica
Фрагмент од керамички сад - Палатица

Археолошките предмети, кои потекнуваат од архајскиот период на овој простор, со своето богатсво и естетика, на некој начин потсетуваат на уште постарите периоди од времето на настаните опишани кај Хомер во неговите епови Илијада и Одисеја во кои средиштен настан е војната на Ахајците за градот Троја во Мала Азија. Во овие епови меѓу другото се споменуваат личности и војски кои под ѕидините на Троја дошле и од просторот на Македонија, од реката Аксиј (Вардар). Тоа се Пајонците, кои со свои војски и сопствени војсководачи се бореле на страната на Тројанците. Меѓу нив се и војсководачите Пирајхме и Астеропај, и двајцата загинати во жестоките битки пред градот.(Види: Хомер, Илијада).

Во дел од стиховите се споменува иродоначалникот на Пелагонија и Пелагонците Пелегон (Пелагон) како татко на јунакот и војсководач на Пајонците под Троја, Астеропај. Тој, според пеењето на Хомер, загинал лично од мечот на најсилниот и најславен јунак во Тројанската војна, во­да­чот на Мирмидонците од Тесалија, област во Грција, која се граничи со македонската област Пиерија, која, исто така се споменува во некои сти­хови на Хомер. Во објаснувањето на потеклото на Астеропај Хомер пее:

синот на Пелегона, што широкострујниот Аксиј г'еднаш с' Перибоја родил,
најстарата ќерка од оној Акесамен, зар Токот ја обљубил длабок и вирест.

Значи кај Хомер, преку овие стихови се поврзани неколку области во Македонија токму со поданици и племиња кои живееле во нив. Имено, Астеропај е Пајонец, а негов татко е родоначалникот на Пелагонците, Пелегон (Пелагон), кој потекнува од необична врска помеѓу речниот бог на реката Аксиј (Вардар) и Перибоја, која е ќерка на Акесамен, кој, пак, бил крал на Пиеријците, македонско племе од македонската област Пиерија, која се наоѓала од оваа страна на плани­ната – седиште на боговите, Олимп. Токму овој податок кај Хомер, упатува на блискоста на племињата, кои живееле на етничката територија на, подоцна, развиеното кралство Македонија. Според досегашните проучувања, Пелагонците како народ, се чини, имале заедничко потекло со Пајонците, односно, биле Пајонци (или Пајонците биле Пелагонци), односно и двата етникуми биле блиски, по потекло, култура и јазик, како што биле и Девриопите кои живееле по горното течение на Црна Река, па и Бригијците, чии делови најдоцна се задржуваат токму во областа Пелагонија и блиските области со неа.

Страбон: ... Астеропај, еден од водачите, кои го предводеле походот од Пајонија до Троја, не без основа бил наречен „син на Пелегон“, и дека самите Пајонци се нарекувале Пелагонци.

Името на Пелагон упатува уште на многу други врски, поврзани со културата и историјата на јужниот дел од Балканот, особено со етимолошката основа, која е заедничка за голем број области, митолошки и историски имиња и имиња на градови и места на поширокиот простор. Овде само ќе ги споменеме имињата на областа Пелопонез, на митолошкиот крал Пелоп, на престолнината на Македонија Пела, па на своевиден начини и топонимите Пелистер, Пелена (Палена), Пеливор и др.

Страбон: Хекатеј Милетски вели дека Пелопонез пред Елините бил населен со варвари. Но може да се каже дека во древните времиња цела Елада, ако човек расудува од самите традиции, била живеалиште на варвари: Пелоп донесол народ од Фригија во Пелопонес, кој го добил името од него.

Сето ова упатува на големото значење на Пелагонците, нивната култура и традиција, која постојано не потсетува на одамна исчезнатото кралство Пелагонија. Извесни археолошки откритија од 2002 година и археолошката кампања започната од 2005 година на врвот Висока, кај селото Крушевица, Прилепско, каде се откриваат делови од монументална градба со големи камени блокови (веројатно кралскиот дворец на пелагонските кралеви), како и на локалитетите Старо Бонче и Павла Чука (Кутлиште), каде се наоѓа кралска гробница со потекло од четвртиот век п.н.е., полека, но сигурно не доближуваат до откривањето на центарот на Пелагонското Кралство и ја отвораат приказната за пелагонската култура.

Т.Д.

palatica-stavica
Фигурина - Палатица - Штавица

stela-zarid
Стела Зарид - Штавица

101-20-Zrtvenik---fragment---Palatica---Shtavica
Жртвеник - фрагмент - Палатица

101-20-Od-Pelagonskata-kultura
Од Пелагонската култура

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.