Недела, 31 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Свети Атанасиј Велики

Голем борец за вистинското православие

(Именден празнуваат: Атанас, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте...)

Нашиот народ два пати го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Свети Атанасиј или Танасовден -зимен, а на 15/2 мај Свети Атанасиј Велики или Танасовден - летен. Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Од житието на светителот

Свети Атанасиј ВеликиУчествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на Ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.

Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години.

По поразот на Никејскиот собор Аариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атансиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал. Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон Ариевците, а потоа ги одбил и наредбата на царот еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија. Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.

Уште четири пати Свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така Свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај (ст. стил) 373 г.
Народни верувања, обичаи и преданија.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците. Сепак како предупредување дека зимата не е замината односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е “„средзима“ е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава. Во Охрид се сметало дека Св. Танасиј е „среде зима коложега“. како што на Е. Спространов раскажувачката што му раскажувала за празниците му кажала и една лазарска песна за цвеќињата што никнуваат во овој период од годината.

Качунчица забл’звеше:

- Блаѕе тебе, трендафиле, што си имаш арна мајка,
те променвит, те наружвит, та те пушч’т стреде лето,
стреде лето црвеника, да те берат јунаците,
јунаците и невести да те носат пот фесои,
невестите под врз’л’т, девојките на чалмите.
Јас си имам зло машчеа та ме пушч’т среде зим’,
стреде зим’ коложега, да ме берат дрварите
да ме носат по децата, да ме тркалет по пеплишчата.


Свети Атанасиј е домашен празник на многу семејства но и на цели села. М.С. Филиповиќ забележал дека на местото каде што е сега црквата на „Св. Атанасиј“ во с. Луково порано имало само гробишта и вакавски дабје. Местото се викало „Танасовден“ и тука луѓето се собирале на панаѓур. Подоцна кога виделе знаци, пламен од земјата, на тоа место изградиле црква. За црквата „Св. Атанасиј“ во с. Модрич, вели Филиповиќ, има многу преданија. На пр. ако чуварот заборавел да го запали кандилото тоа само се палело. Кога за време на окупацијата по наредба на бугарските власти била симната плочата со грчки напис од црквата настанала силна невремето престанало. Се раскажувало и тоа дека некои Турци што ги навредувале иконите во црквата ослепеле. Според друго предание, во турско време вратата од црквата секогаш била отворена. Некогаш некој сејмен влегол и украл 300 гроша. Но кога се обидел да излезе вратата била затворена. Се отворила дури откако ги вратил парите на истото место. Потоа ги советувал своите нека работат што сакаат но во вакуф да не чепкаат. И сега, пишува Филиповиќ, таа црква не е заклучена.

М. Цепенков забележал дека во Прилеп Св. Атанасија бил празник што го служеле кантарџискиот и ковачкиот еснаф. Во Радовиш пак, Св. Атанас се сметал за овчарски празник. Многу го почитувале куќите кои што имале овци и на тој ден не работеле за да не им ги изедат овците волци. И овде овој празник го сметале за „средзимо“, овчарите што знаеле да го прогнозираат времето гледале какво ќе биде тоа од празникот натаму. И овде е позната пословицата: „Атанас фрли кожи ја врз нас ја врз рас“, што значи дека од времето зависи дали луѓето ќе ја симнат зимската облека.

Сепак се верува дека времето оди на лето, дека поминале зимата и големите студови карактеристични за јануари.
Св. Атанас (18 јануари). – Свети Атанас е лек (лесен) празник и не е аталија (кобен). Обично се празнува до ручек, а по ручек не је грота да са работе. Кога ќе дојде Св. Атанас тогаш е сред-зима. Тешко е до Св. Атанас, а кога тој ќе помине „и то што му беше за умирајне – не са прададуве“ (и оној што беше за умирање нема да умре.)

Свети Атанас се смета за пумагач и другар на Св. Андон.

Од книгата „Српски народни обичаи у Ѓевѓелиској кази“ од Стефан Тановиќ, Београд 1927 г.

Манастир Свети Атанасиј Велики во Лешок

Манастир Свети Атанасиј Велики - Лешочки манастирНајпознат манастир посветен на светиот Атанасиј Велики е оној во с. Лешок, Тетовско. Но кога станува збор за овој манастир веднаш се помислува на двете цркви едната посветена на Св. Атанасиј и другата посветена на Пресвета Богородица. Црквата Св. Атанасиј е подигната во 1335 година од страна на јеромонахот Антониј подоцна долгогодишен епископ под името Јоанакие. едно врме од крајот на 17 век црквата била напуштена, а потоа овде живеел и Кирил Пејчиновиќ кој во 1818 година го обновил монашкиот живот во манастирот и формирал богата библиотека. Во воениот конфликт во 2001 година црквата беше урната и подоцна повторно обновена.
Црквата Пресвета Богородица е од 17 век и е изградена на местото каде што уште во 13 век постоела црква. Порано црквата била парохиска, а подоцна станала метох на манастирот Св. Атанасиј.

Во дворот на црквата се наоѓа гробот на Кирил Пејчиновиќ, а во манастирските конаци оригиналната надгробна плоча со текст испишан од неговата рака. Во манастирот се организира голем народен собир на празникот Голема Богородица.

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.