|
||||
ЕВРЕИТЕ И МУЗЕЈОТ „ЈАД ВА’ШЕМ“ |
Како резултат на еврејските фондации и дарувања, посебно место за одбележување има Музејот “Јад ва’Шем” што значи “Споменик и име”, во кој се вградени материјални, морални и други средства на многу познати и признати личности во светот од еврејско потекло Денешен Израел многу малку личи на она што бил во минатото. Огромната Јудејска Пустина која зафаќа шеесетина отсто од вкупната територија на Израел, постојано се претвора во зелена оаза. Таму, со изградбата на разни мелиорациони и други зафати, најмногу од системот “капка по капка”, потоа со копањето на каменот од песочните предели за градба на урбаните населби, се создава плодна почва. Затоа на тие простори денес можат да се видат огромен број пластеници, стаклени бавчи, лозови и овошни плантажи, индустриски растенија, жито, безброј расадници, цветни градини и бројни зелени површини. За да се постигне сето ова како главен базен за наводнување се користи водата од Галилејското Езеро. Често се вели дека тој кој ги држи изворите на висорамнината Голан и водите на Галилејското Езеро, тој го држи во своите раце животот на Светата земја. Бројот на населението во Израел е во постојан пораст, затоа е тешко да се одреди точниот број. Меѓутоа, според последниот попис на населението во Израел, денес живеат околу 6 милиони жители. Од вкупниот број на населението околу 5 милиони се Евреи, поголем дел од Русија, односно од Советскиот Сојуз (околу 1 мулион), како и од поголем број европските и други земји во светот. Од преостанатиот милион од населението осумдесет отсто се муслимани, а дваесет отсто се христијани (католици и православни). Арапите (Палестинците) кои останаа да живеат во Израел по 1948 година имаат израелско државјанство, додека бројка од околу 2 милиони Палестинци кои живеат во Газа, Витлеем, Ерихон и во други градови под палестинска управа, не се државјани на Израел.
Службен јазик во Израел е хебрејскиот (ирвит), како и арапскиот јазик, на кои се пишува од десно на лево. Исто така, англискиот и рускиот јазик имаат свое место во секојдневното комуницирање. Инаку, во текот на својата историја Евреите често користеле два или повеќе јазици, но сега хебрејскиот го сметаат за изворен, со кој се напишани нивните споменици на културата и разните книжевни дела. Хебрејскиот јазик спаѓа во групата на северозападни семитски јазици. Остварувањето на вековните идеали за создавање своја држава и многудецениските стремежи на Евреите за Светата земја се остварија во 1948 година. Вистина постигната бидејќи кај голем број Евреи ширум светот секогаш тлеел донаторскиот однос и љубов кон новата држава и големата хуманост кон својот народ, кон еврејството, кон посреќната иднина на својата идна татковина. Според некои податоци, уште од времето на почетните доаѓања на првите жители во новата држава Израел, тие биле финансиски помагани од богатите Евреи во дијаспората. Во поново време, пак, особено по Втората светска војна таквите финансиски донации се зголемуваат и се зголемуваат од ден во ден. Затоа Израел денес е стварност и гордост на многумина кои материјално го помогнале опстојување на државата, на големиот број институти и институции, кои се реалност и предизвик за новите генерации. Во периодот од 1948 година до денес, Евреите од дијаспората во Израел формирале голем број фондации, донации, институции и други форми на финансирање, кои на свој начин ги изразуваат завештанијата, желбите, љубовта и мотивите на голем број Евреи ширум светот, особено на оние кои живеат во САД. Со давањето донации, поклонувања, дарувања, со формирањето на фондации и други форми на помош, всушност, Евреите ја стимулираат, ја помагаат и поттикнуваат подобрата иднина на својата држава и на својот народ во Израел. Притоа, таму е создадена една традиција со која се манифестира приврзаноста и љубовта на Евреите кон се’ она што се постигнува во нивната држава. Таквите релации создаваат трајни врски меѓу Евреите во дијаспората и Израел. Денес бројот на фондациите кај Евреите од дијаспората кои го помогаат опстојувањето на Израел е многу голем и од непроценливо значење за развојот на економско, политичко, културно, образовно, техничко, технолошко и друго поле. Како резултат на еврејските фондации и дарувања, посебно место за одбележување има Музејот “Јад ва’Шем” што значи “Споменик и име”, во кој се вградени материјални, морални и други средства на многу познати и признати личности во светот од еврејско потекло.
Музејот “Јад ва’Шем” се наоѓа во непосредна близина на влезот во Ерусалим, на патот од Тел Авив, каде на еден стрм рид се сместени гробиштата. Тука до овие неми сведоци на историјата е изграден Музејот кој постојано се проширува и надградува. Тој е местото каде посетителот се среќава со тажните страници од историјата на еврејскиот народ. Тоа е просторот што е посетен од илјадници ученици, млади и стари, војници и дојденци. Тој е местото каде идните генерации се калат, учат и се воспитуваат во духот на еврејството, со цел да не го заборават ужасот од холокаустот. Идеата за формирање на Музејот “Јад ва’Шем” датира од времето на Втората светска војна, кога се ширеле извештаите за масовното уништување на Евреите со германска окупација. Така, во септември 1942 година, формиран е Одбор на еврејскиот национален фонд, чиј основоположник бил Мордецар Шенхави член на кибуцот Мишмар Емек Во меѓувреме биле направени многубројни консултации, договори, упатства и други преговори со бројни еврејски организации и поединци во Израел и во дијаспората. Така, во февруари 1946 година е отворена канцеларија на “Јад ва’Шем” во Ерусалим и гранка во Тел Авив, со цел да се прошират нивните дејности и активности. Со конституирањето на еврејската држава, Израел, во мај 1948 година, а особено со завршувањето на воените активности, било предложено “Јад Вашем” да постане институција на државата, чија цел била да ги регистрира жртвите од холокаустот. Подоцна во 1953 година, Собранието на Израел (Кнесетот) изгласал Закон за Музејот “Јад ва’Шем” кој во август истата година е публикуван и стапил во сила за негово отпочнување со работа.
Инаку, главната мисија на Музејот “Јад Вашем” била да изврши комеморација и документација на настаните, како и целосна селекција, истражување и публикување на доказите за холокаустот, потоа да направи избор и регистрација на имињата од жртвите, како и понатаму да истражува и да ги едуцира генерациите што доаѓаат. Оваа современа институција на Израел е една од најопремените во светот која може да послужи за пример. Музејот “Јад ва’Шем” е поделен на десетина одделенија, од кои посебно заслужуваат да се споменат: Пеколот на имињата, Меѓународното училиште за проучување на холокаустот, Библиотеката, Музејските специјални одделенија и друго. Музејот “Јад ва’Шем” во целина е неодминливо место за секој Евреин од Израел или од дијаспората, како и за посетителите кои доаѓаат во Ветената земја, која е судбината и иднината на Евреите.
|