Среда, 07 Септември 2016    PDF Печати Е-пошта
Село Кнежино (Кичевско), Кнежин манастир

George Knezhino

Еден четврт саат од г. Кичаа, од кај што сонце заоѓат, имат едно село што се викат Кнежино. До селото имат еден манастир изурнат, на манастиро храмо му бил Пречиста. Кога бил здрав тој манастир, бил жив крал Волкашин во Скопје, со ќерка си, што ја викале Кита. Тогај бил и Муса Кесеџија; тој ја сакал да ја грабит ќерка му на Волкашина и многу се пизмеле со Марка Кралета. За инат Муса Кесеџија беше го изгорел манастирот и од тој саат беше се запустил и сега стојат урнатините како коски растурени од умрени луѓе.

Иконата што била Пречиста, си летнала тогај од Кнежин манастир и отишла кај што е сега манастирот Пречиста. Сопрво иконата влегла во некој шип; арно ама откога му се јавило на сон на луѓе за да го праат тамо манастирот, пошле да видат и зеле иконата отаде, та ја однесле на друго место кај што било поубао ѓоамити. Арно ама, иконата ноќе пак си одела во шипот, и најпосле на тоа место го напраиле манастирот и си ет ден-денеска. Од Кнежин манастир не смеат луѓето да пресечат дрво од синорот манастирски, чунки едни пресекле и се поулаиле.

Кога бил здрав манастирот Кнежин, на денот (храмот) оделе по поле со по крсти за да му го чуат Господ полето. Сопрво ќе застанеја кај што се делат два пата: еднио пат одит за Копачка, а другиот за на манастирот Пречиста, четврт саат скраја од Кнежин манастир. Помеѓу тие два пата зсастануале попоите со крстоите и крштаале вода, да од тоа време сега на тоа место тревата што никнуат – никнуат се на крстои. Секој Бугарин што ќе поминит и ќе застанит да ’и погледат и ќе си намислит за некоаш кога крштевале тука вода.

Скаменетите баби во градот Штип

Уште од дете сум слушал за бабата што истерала козите уште во сечка да ’и паси на планина, и да му речи лошо за брадата на месецо сечка. Не мојќи сечко да је дојди до ак на бабата, се зазела Марта и таа и дошла до ак на бабата, та ја здрвила сосема ти кози и ја смраморила.

Ова нешто го знаев и вака и поинаку, арно ама не знаев на кое место је скамената бабата со козите. Ете, сега и тоа го научив: на кое место ти била смраморена сосема ти кози.

Според прикажуањето нод Аџи-Андона, околу 80 години, роден во г. Штип, бабите биле до градо Штип – да одиш на Виница, од кај што сонцето огреват, близу до еден черек до селото Караорман. Од кај што се бабите, до планината Плачкоица, има околу два саата и кога сакале бабите да истераат козите, на планина да пасат, дотука беа дошле и некој им рекол да не ’и тераат, оти уште зимата је назад. Арно ама, бабите биле многу сербес, тики остај што никого не послушале, ами уште му се пострале на сечка на брадата; сечко бил на излегуње, је се помолил на Марта и и је дал некој ден на заем да сврши работа, да му дојди од ако на бабите. Коа му се засукала баба марта  на бабите, та коа беше удрила едни силни ветришта, една страшна вртуна, со лапајца, што да не можи чоек око да отвори и рака од пазуа да не можи да изваи.

Како што си тераа пустите баби козите и му се ќентаа на сечка на брадата, така беа се здрвиле и беа се скамениле со сите кози што ’и терале.

Ете ми ти кај биле пустите баби што му се сереле на сечка на брадата, до градо Штип ти биле, јас толкуа години да не знам оти биле до Штип, та да и пишам во зборинико, за ској што ќе ’и пеи да ’и знаи.

Јосиф Ковачев требало да знаи за бабите, чунки роден е во Штип, и затоа ја пишал една баба да паси кози во своето букварче, страница 33, арно ама не ја пишал работата како станала, ами ја пишал за најмрзливата баба што испрела две вретена и од вретената аир никој не виде.

***

Колку два саата од Прилеп имаме и ние една баба скаменета од себе што се проколнала, кога го праеше Марко Крале калето и подаваа луѓе камење од Кукул (бабата скаменета), наредени луѓе чоек до чоек, мажи и жени, а пак бабата му лулала на жените децата, и од мака се проколнала да се скамени, сосемати дете. Зер лош саат се погодило и се скаменила пустата баба наша, како што се скаменија и бабите штипски.

Сечка и овчари

Имала некоја баба овци и кози много, пет-шес стотини. Зимата ји изранила овците дома, живи овци извадила, не ји умрела ниедна овца. И ји забрала овци и кози, да ји тера на планина, на бачило. Ја  начека некој стар дедо:

- Бабо, кај ќе ји тераш овците?

- Ќе ји терам – рече- на бачило.

А дедо ји вели:

- Како на бачило сега? Еве ја зима, уште студи!

 И таја имаше овчари и викаше:

Терај, терај, овци, кози!

терај терај, на планина!

Серам сечка на брадина!

Трч, трч, козо, на планина!

И ји отера овци и кози на планина. Тој што ја причека Господ беше; се налутил на бабата, и за неколку дена фати зима лошо. Тија овци кај што лежале, тамо на планина, сете изумреле, се здрвија! И овчарите изумреле, и бабата умрела. Сете камење се сториле: бели овци – бело камење, црни овци – црно камење! Овчарите и сега стојат здрвени како паметници кај овците камени. А бабата се сторила чешма, и вода и сеа тече од неја.

Камени кукли во Куклица

Едно момче од селото во исто време, на ист ден, сабота навечер закажало свадба со две девојки, едната била од Горното маало, а другата од Долното маало. Младоженецот заедно со сватовите одлучил да ја земе девојката од Долно маало, која била побогата. Зачукале тапаните, засвиреле гајдите и зурлите, сватовите тргнале по невестата од Долно маало. Несудената невеста , во невестински фустан, нестрпливо го очекувала својот сакан. Но кога слушнала за свадбата од Долно маало, знаејќи дека го прекршува адетот (кога во селото има две невести, тие не треба да се видуваат една со друга), се стрчала до Долното маало и што ќе види? Нејзиниот сакан со друга невеста. Тогаш во истиот момент, таа проколнала: „Да се скамените сите, макар и јас со вас!“

Така повозрасните жители од овој крај ја прераскажуваат легендата за скаменетите сватови од „Веселата свадба“.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.