Среда, 21 Септември 2016    PDF Печати Е-пошта
Дело за уметноста и сопствениот идентитет

umetnost-identitetВо историјата на државите и народите, многу  често, настаните на одделни периоди  се важни и значајни за натамошниот државен и народен опстој. Така и денес во 21 век кога Македонија е самостојна и суверена држава, врз грбот на македонецот тежат туѓоземните политички игри околу името на државата, пред се отвореното и крајно нападно форсирање на негацијата на името од Грција и задскриената полтронска подршка за свои цели од соседите и некои европски помагатели.

Македонија оваа пресвртна година мора да покаже аргументирана одбрана околу името, бидејќи се работи за нашиот идентитет, стабилноста на државата и идната нејзина интеграција во НАТО и Европската Унија. На тој пат треба да се огледаме и да го користиме примерот од нашата преродба од 19 век кога македонските преродбеници за навек со своите  дела, храброст, достоинственост, мудрост и дипломатија покажаа како се чува и брани македонскоит идентитет и името Македонија. Впрочем и нашиот акдемик и македонист Блаже Коневски одбраната на посебноста на македонскиот јазик ја темелеше со делата на преродбениците Пулевски, Зографски, Шапкарев, Мажовски, Мачуковски, Мисирков и др. 

Такви конкретен примери и аманети  ни оставија и нашите зографи, иконописци и копаничари кои работеле ширум во црквите и манастирите на Балканот. Затоа денес, како патоказ кон нашата одбрана на сопствениот македонски идентитет, нека ни послужи  еден светол лик кој се даруваше на уметноста и татковината, со посебен возвишен порив и внатрешна духовна потреба -надарениот зограф и иконописец Иван Ѓорѓев Спајовски од Галичник ( 1856-1926). 

Иван Ѓорѓев Спајовски, потекнувајќи од македонскиот преробенички културен центар Галичник, каде природните убавини и реткости се испреплетени со реткиот и надалеку прочуен творечки дух и невиден патриотизам, за очекување било се она што го оставил зад себе. Тоа се дела за почитување кои денес не восхитуваат и не прават поносни. Имено овој иконописец работи во многу цркви, а најмногу во Пловдив и Пазарџик Бугарија, каде неговите икони и остварувања лесно и брзо го пронаоѓале патот до срцата и душите на верниците пред се заради неговото уметничко и префинето изразување. Со линиите и боите зографот Спајовски настојувал на  верникот да му ја долови ,,повисоката реалност и надсетилниот свет, да му го направи поблизок и подостапен, а со неговиот мајсторски потпис за навек да го истакне својот идентитет - македонско потекло и името на својата татковина.

Така во црквата ,,Св. Ѓорѓи,, во  Момина Клисура оставил натпис: ,, Оваа црква ја иконописал Иван Георгиев Дебарска околија село Галичник Македонија,,. На една икона од Христос стои исто потпис: ,,цртал Иван Георгиев от Дебарска околија Галичник ( Македонија),,. Во црквата во Старосел Пловдив за одбележување е написот ,, иконописал Иван Георгиев Зограф (Македонец) село Галичник 1897,,. Кај црквата ,,Вознесение,, во Сопотскиот манастир среќаваме потпис ,, иконописал Ив. Георгиев от с. Галичник, Дебарска околија( Македонија),,.

Овој знаменит зограф и иконописец во туѓина успеал со сопствените уметнички визии на светците и оргиналните потписи да го симне превезот за името Македонија и да ни остави едно силно аргументирано камче во обдрамбениот мозаик за зачувување на нашиот македонски  идентитет.

Во нашата  културна историографија може да се сретнат уште многу вакви податоци, за што е потребно поголемо истржување на терен и покрај тоа што многу дела  намерно се уништени или љубоморно се чуваат во културните трезори на соседните држави.

Косто Граоркоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.