|
||||
Најубави и најголеми куќи |
Најубави и најголеми и најскапоцени куќи се во Галичник, а после во Лазорополе Во Галичник имајет баре 50 куќи шо се сторени више од 150 илјади динари, и ако се зиздани и со евтин материал и со многу ниски надници. Куќите се не саде на два и три ката, току се и во сешчоје и градски уредени и работани. Задниве години во Галичник се правит и балкони и тераси. Од постари куќи, големи и убави, заслужувајет спомен куќана Ажијеска, Томоска, Алаутоска и Ѓиноск,а а од нови: две Филипоска, Брезоска и Чалоска. Сета слава изричито на Галичанец, је убава куќа, убав наниз и убаво руво на невестите. Нарочито пак слабост во задно време на народов наш је во срма и во златни низалки со дубли и други алатни пари. Не се ретки невести со 30 дубли (пара што тежи и вреди пат дукати). Ете шо ти је фодулок и чатлуклок галички, ете шо је Галичник. Зате Петровден сите ’и довлечуват. Говор-збор Мијачки Да кажа нешчо и за зборов наш. Од Дебор до Маврово владат главно еден збор Мијачки, шо је во многу нешча инаков од многу други зборови- наречја. Другите села по Радика го имајет прилично расипано зборот Мијачки, али тије ситни разлики од други племиња и не ’и запазувајет, а нам пак доста ни бодет очи и зате им се и потсмеваме. Али не саде овије села по Радика, току и саде Лазорополе многу се делит од правата мијачка матица. Во нивнијон говор се велит това место теја, учини место стори, дојдохме место дојдовме. Овеја је една стара ретка појава за филолози и слависти која би требало да се проучит. Најпосле голема је разлика што Лазоровци во зборвењето многу се разликуват, дури како да пејет. Али башка од овије разлики во Дебор, Лазоровци имајет голема разлика и во душевна и умна страна. Лазоровци се упадливо живи, весели и потсмевачи. Певци и играорци пред нив немат. Спротивно ним, луѓе од другиве села се поозбилни и постамени. Поглобоки се, почувари и подомаќини. Би рекол да се Лазоровци више за парада, шака и забава, а другиве се више за работа. Лазоровци се, како да кажа Мијачки Талјани. Мије без да ’и лутиме и увредуваме, ’и викаме како на шака: тремпатиња. Еден лазоровец во сто тресончани ќа се познаит за час. Стотици годиње минуваме заедно и си стојит одделени како масло од вода. Знојеме да не се Брсјаци и не се. А од коде се и како прилепени до нас, пак не знојеме. Би вредело некој да се потрудит и да ја проучит оваја појава. Вредит да кажа за галичанка оможена во Лазорполе и не мењават своје, а лазоровка мењават на галичко. Инаку, лазоровци и галичани највише се раѓајет и живувајет во меѓусобно пријателство од времја. Коде одит и шо работајет Мијаците Со шчо се занимавајет овја народ, шо работат и коде изваѓат пари? Изворот на животот на овја крај је гурбет – печалбарство. На сто души деведесет се печалбари. Коде одит и шо работајет овије грешници? Секоде одит и сешчоје работајет. Почни од Гостивар и Дебор и терај преку Скопје и Битола до Солун и Стамбол, до Атина и грчки ади (острови) до Белград и Софија. Замини го Дунав и оди во Букурешт и цела Романија. Замини го Црно Море и оди до Одеса и Киев. Појди во Австрија и најди ја и Прага и Краков. Препливај го бело Море и најди го Египет со Александрија и Каиро. Отисни се преку океан и најди ја Америка. Ете коде одит, коде капет, коде се потит и крвавит, коде трпит секакви потчиненија и увреди и коде оставајет коски. А сите тије со тело се тамо, а душата и срцето им се овамо во деца и жени, во мајки и татковци, во се шчо им је мило и драго. Галичани во турско време најмногу 80% одеје во Солун, Галичник и народов наш напредуваше и назадуваше со Солун. Другите одеје најповеќе во Бугарија. Во Солун никој не се заселуваше, а во Бугарија мнозина. Зате мије, галичани, кога испраќаме и дочекуваме гурбетчии велиме: испраќаме и дочекуваме Солунци. Торбешите пак (таке и викајет исламизиранине Мијаци), одеје кон Серез, Драма, Кавала, Измир (Смирна) и на ади (острови) беломорски. Гарци одеје во Бугарија, во Австрија и во Русија. А шчо работајет тамо? Секакви рабоќе и занати, а најповеќе занати шо имајет врска со зиздање куќи. Сепак најповеќе се аргати и полумајстори и овије со зарада беје поназад од други шо се со дуќани или шо се со дуќани или шо продавајет по сокак. Од дуќанжијте најмногу се млекари и теја галичани и лазоровци, а гарци се бозажији, алважији и слаткари. Тежок и претежок је гурбет и зате имајет многу и многу тоговити песни, који опејувајет сите душевни болови и секакви моки гурбетчиски. Али коде би могол да живујет народ во тије крајишча без печалбарство, коде би могле да се подигнет онолку и омолку убави села? Зате народов наш и го клнет и го благословуват печалбарството. Имајет болови и тоги, али имајет и радости. Вистина нишчо пожалосно и помочно немат од иапраќање мож и домаќин, татко и син, али кажите ми али имат и нешчо помило од дочекување? Зате испраќање и дочекување гурбетчији се најважни и најпотресни дни и часови у нас... Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњеновиќ – Лоноски, Скопје 2004. |