Среда, 12 Октомври 2016    PDF Печати Е-пошта
Обичаи од Кумановско: Брада на нивата

staro-kumanovo

Брада – Китка. Крајот на жетварската работа се означува со правење на нивата – брада или викана уште и китка.

На довршување, односно дожнејување на последната нива (на дожневку) сите жетвари почнуваат да итаат и секој гледа да ја сврши својата поста што побргу и да ја наполни раката со житното класје од последниот руковет. При тоа, некои од жетварите, обично оние првите штом ќе ја истераат до крај постата, се исправаат и со високо испружена рака го дигаат послениот руковет над главата и мафтајќи со него извикуваат: „Од нас работа од Бога бериќет, колко рука (восока) – толко клас голем.“

Другите пак жетвари, како кој дожнејува, го стега послениот руковет, гледајќи да им биде што поголем, понаполнет со житно класје, и откако ќе го направат и последниот замав со српот, го дигаат пред  себе и извикуваат: „Ај да ни е пун амбар и у годину, сас пуни руке и до годину, да ни е пуно срце (стомак) преко годину, или, да смо сити преку годину“ итн. Секој од нив искажува разни слични желби.

Откако сите жетвари ќе ја истераат и последната поста – жнеењето на нивата е завршено. Тогаш еден од жетварите ги собира срповите и ги фрла зад себе, а другите ги гледаат. Ако сите српови се полегнати – значи на арно, т.е. ќе бидат сите добри и здрави преку годината. Ако пак некој од срповите е забоднат (заб’цнат) во земјата – значи не е на арно, т.е. не чини за сајбијата, односно ќе го снајде некоја незгода било него или куќата. Некои пак жетвари кои ги фрлаат срповите, ги сгледаат поинаку – ако се отворив, т.е. ако паднат онака како што се држи српот в рака при жнеење, се верува дека ќе бидат здрави. На кого па ксрпот се затвори односно падне обратно (наопаку) – ќе биде нездрав т.е. болен преку годината. Ако пак се забодне в земја – ќе го боли половината при работа. Потоа ги земаат срповите и одат да прават брада односно китка.

На нива секогаш се избира и остава извесно место неожнеано во пречник од една или две педи, каде што житото е најубаво, густо, силно, високо и чисто така што да нема многу трева низ него, за правење брада, брадиче, или често викано и китка.. (Обично брадата се прави во последната поста, а местото го избира постаџијата). Сите жетвари од нивата се насобираат и ги ставаат срповите еден до друг околу неожнеаното место, редејќи ги така во затворен круг. Потоа (повеќе жените) започнуваат да го растребуваат и чистат местото да не остане низ него некоја тревка или камче – да биде чисто жито. Сетне, откако заграденото жито наречено брада, ќе биде исчистено се искитува со зелен босилок и китки од разни цвеќиња како на пр. карафиљ, џунџуле, трендафиљ и сл. кои се врзуваат за житните стабелки со бели и црвени конци. – да е здрав, силан берикетот и убав како китка. Штом ќе ја искитат брадата ја попрскуваат со вода, ги тргаат срповите и со еден од нив ја сечат. Тогаш некоја од жените (невеста или девојка; ако нема жена може и маж, но поретко) која може да издржи да не се насмее или прозбори, ја зема брадата и така молчејќи ја однесува во куќата на стопанинот. Често некои од минувачите ако ја видат патем како ја носи брадата нарочно (кастелен) ја закачаат или заговараат: Куде идеш, мори невссто (девојко) дожнате ли? Но она не смее да одговори односно прозбори, се дури не стигне до амбарот каде што ја пушта брадата – китката или пак ја закачува на некој клин, оставен за таа цел на амбарот. Се мисли дека не е арно (убаво) за бериќетот ако се насмне или прозбори.

Многу одамна (како што расправат некои постари луѓе) брадата не се донесувала од полето дома и оставала да виси на амбарот или пуштала во него, туку си останиувала на нива, во полето, таму да седи бериќетот. Тогаш брадата се китела многу повеќе се окопувала и прскала со вода, на неа се ставала и стара, сребрена пара како дар на њиву, да се радуе бериќетат. Се заградувала со житно класје од сите четири страни (или пак некои наредувале околу неа мали бели камчиња) и се заплетувала така што стоела стегната како снопче. Како причина што во поново време се зема брадата од полето и се носи дома се наведува изгубената доверба во луѓето, кои почнале да си завидуваат меѓу себе. Светот се изопачија, станал ѓаволешки, кажуваат старите зошто луѓето почнале повеќе да се служат со магиии да си пакостат едни на други. Така се дошло до престанувањето да се оставаат бради по нивите (полето) од страв некој од завист да не им направи магија со која да им го однесе бериќетот односно плодноста на нивите, кои потоа престануваат да раѓаат. Заради тоа пак некои почнале да прават и по две бради. Едната ја оставале на нива, а другата ја донесувале дома и ја закачувале на амбар.

Жетварите аргати, кои работеле по беговскиѕте ниви и чифлици брадата ја кителе и вешто исплетувале, а потоа со песни ја носеле и му ја предавале на бегот со кое воедно и го известувале дека жетвата е привршена. Бегот од своја страна ги дарувал со разни бакшиши и за сите жетвари приредувал богат ручек или вечера како крчма.

Исто така и на поимотните граѓани кои своите ниви не ги жнееле сами туку повикувале жетвари (аргати) им ја донесувале брадата како знак дека завршиле со жетвата. Често еден од жетварите (маж или жена) ги наврзува сите српови а рачките му ги предава заедно со брадата. При предавањето,жетварот обично обично благосиља: Ај аирлија да ти е (се споемнува името на домаќинот), да ти даде Бог у гоидину повише да ти се роди итн. Кога ја прима брадата и сровите сипственикот, домаќинот, одговара: „Амин, нека е“ и (ќа гу цуне), ја бакнувал брадата. Потоа жетварот што му ја донел, го чести со ракија, а се давало и бакшиш во пари. За сите жењтвари се приредувала веќера на која се поканувале и и некои пријатели и соседи.

При жнеењето како и при секоја друга полска работа се пеат и многу народни песни со различна содржина. Едните од нив се пеат кога се поаѓа на работа, односно жетва, другите при самото жнеење – на поста, третите кога се напушта работата, односно кога се враќаат дома. Сите овие песни се познати во народот како полски, жетварски или аргатски песни.

Од Кумановско, од записите на Велимир Николов. Објавено во Гласник на Етнолошкиот музеј, 1, Скопје 1960 г.
(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.