Среда, 19 Октомври 2016    PDF Печати Е-пошта
Четири охридски првенци го помагаат уништувањето на Охридската архиепископија

ivan-snegarov

„Само народното предание ги посочува за главни виновници четирите охридски првенци: Бујар Лигдо, Нејко Челеби, Станчо бег и Малечко беј, против кои според истото предание било изречено проклетство од соборениот архиепископ Арсениј.“ –  пишува истакнатиот славист и историчар Иван Снегаров.

Во продолжение на својот труд за „Уништувањето на Охридската архиепископија“  Снегаров заклучува дека причините не се од финансиски карактар. Во тој контекст тој вели:

„Ако во предвечерието на несреќата повеќето епархии биле платежоспособни, тоа значи дека охридскиот престол не бил во безизлезна финансиска криза и епархијските архиереи уште биле во состојба да го поддржат неговото достоинство... Со .. отпорот на охридското свештенство и народ во 1763 год. против наметнувањето од Цариградската патријаршија, Ананиј покажува дека во Охридската црква автокефалниот дух бил уште бодар каков едвај би се пројавил при безнадежно финансиска состојба.

Дури и да дозволиме дека шесте јужни митрополити се отцепиле од Охрид поради тоа што даноците им биле особено тешки, сепак со тоа пак не може да се објасни целосното уништување на архиепископијата од финансиски причини, бидејќи после нивното отцепување имало уште девег епархии (заедно со Охридската), верни на својата црква и подготвени да се грижат за нејзината алиментација. Притоа меѓу нејзините верници имало доста богати луѓе, силно приврзани кон родните светињи и секогаш спремни да одговорат на гласот на Црквата за помош. Ако финансиските проблеми се заканувале за нејзино суштествување, тие би помогнале со доброволни прилози, за да ја спасат.

Распаѓањето на Охридската архиепископија била предизвикана не поради нејзината финансиска положба, туку поради стремежите за отцепување од центарот, подржани од фанариотската партија. Ударот на Цариградската патријаршија бил целосна победа на оваа партија над автохтонската, по 80-годишна борба. Нејзиното влијание особено се засили кон половината на XVIII век, во јужните епархии, каде навлезе панелинската идеја.“

Снегаров  вината за уништувањето на архиепископијата ја бара кај припадниците на кожарскиот еснаф во Цариград од Македонија со потекло од Охрид. Така, во својот опис за времето во кое се случуваат овие настани Снегаров го бележи следното:

„Тогаш во Охрид цветало кожарството и тој тргувал со Цариград, Виена и Лајпциг. Исто така, градовите Москополе и Корча биле расцветаи градови. Тие многу помогнаа за финансиското заздравување на архиепископијата при Јоасаф. Со нивни донации била изградена нова прекрасна архиепископска палата, a приватно москополци му подариле на архиепископот златна круна со многу скапоцени камења, која сега народот ја нарекува "Св. Климентова". Во Цариград кожарскиот еснаф кој се состоел само од охриѓани владеел со многу имот (камени згради, продавници, влахеренската ајазма - извор). Кога фанариотот Ставракоглу - поради долг на Охридската Архиепископија, префрлен врз него од друго лице, - подучен од Цариградската патријаршија го продал на Ерменците метохот на Охридската архиепископија заедно со храмот "Св. Архангел" во Балат (Цариград), тогаш охридскиот кожарски еснаф во Цариград изградил друга црква со исто име "Св. Архангел", со надпис кој над надворешната врати стоел до 1868 г.“

Имено, смета Снегаров, за разлика од своите сограѓани, тие не се спротивставуваа на Грците во нивното барање за укинување на Охридската архиепископија и припојување на нејзините епархии кон Цариградската патријаршија, напротив го потпомагаат. Наведувајќи ги причините за нивното однесување авторот вели:

„Проповедта на претходно споменатиот Георги Папазолу во Епир имал голем успех меѓу свештенството и народот. Тогаш тој ги обиколи и јужномакедонските градови, меѓу кои и родниот град Сатишта, катедрален град на Сисанијската епархија. Но дури и да не се појавел тој лично во овие места, мегалоелинското движење во Епир лесно можеше да помине во јужна Македонија и јужна Албанија, кои се наоѓале во близок контакт со грчкиот свет и под грчко културно влијание, и до толку да плени тамошните митрополити, од кои костурскиот Евтимиј и корчанскиот Генадиј биле очигледни фанариотски агенти така за да го презрат црковниот центар во Охрид, кој не ветувал нешто за грчката слобода, и да се подчинат на Фенер.

Фактот дека епархиските ерхиереи во северната половина на Охридската диацеза не се приклучија кон панелинскиот чин на јужните соработници, ни посочува на мислата дека во овој момент охридската јерархија била поделена по чувства спрема основниот елемент на патството – (македонската – н.р) народност. Сега небаре резко се изпакнал одамна скриваниот грчко-(македонски–н.з) дуализам. Слично се случило и во XIII век, при архиепископот Хоматијан по прашањето за епископите ... поставени од цар Калојан во Македонија. Како што тогаш костурскиот прототрон бил водач на анти(славјанската –н.з) архиерејски партија,  така и сега тој застанал на чело на опозицијата против архиепископијата ... во корист на Фенер.

Особено во уништувањето на Охридската архиепископија помогнаа  и нејзиното паство кои живееле во Цариград и се занимавале со кожарство и др. занаети. Движејќи се во грчко културно општество и наоѓајќи се во трговски односи со фенерската аристократија, многумина од нив се привикнале кон нивна дух и аспирации, приврзувајќи се кон вишиот грчки претставник - "вселенскиот" патриах и "етнарх" и станувале рамнодушни спрема својот духовен началник . Најчесто се предавале на гркоманство оние Македонци кои биле во брак со Гркинки.

A кога се појавило панелинското движење, нивни етнични чувства уште повеќе се притаиле, автокефална свест им се замаглила и се повеќе се приврзувале кон Цариградската патријаршија. Ова движење е во согласност со нивниот копнеж за политичка слобода. Раководени од влијателниот Фенер и поддржани од Русија, тоа предизвиквало во нив голема надеж за скоро ослободување од турското ропство и ги терало да ги претпочитаат идентичните интереси на својата татковина со интересите на Фенер.

Имено токму од овие охридски христијани во Цариград, кај кои било утврдено такво верување биле едни од главните проводници на фенерското влијание во Охридската диацеза. Тие први го подготвиле падот на својата родна независна црква преку соработката што ја дале на Цариградската патријаршија за да го наметне на охридскиот престол својот протосингел Ананиј. Тие учествувале во целата постапка за уништување на архиепископијата како самонаречени претставници на охридското паство. Врз нивните упорни настојувања за спојување со Фенер се потпирал и патријархот Самуил кога со махзар до Великата Порта барал присоединење на Охридската архиепископија наведувајќи дека нејзиното паство ја изјавила таа желба. Потпомогнати или неспречени од богатиот и влијателен охридски кожарски еснаф во Цариград, тие беа со тенденција Великата Порта да го наруши многу почитуваното од неа црковно statu quo ante.

Кои се тие по име (што помогнале за укинување на Охридската архиепископија – н.з.), нема писмени докази. Само народното предание ги посочува за главни виновници четирите охридски првенци: Бујар Лигдо, Нејко Челеби, Станчо бег и Малечко беј, против кои според истото предание било изречено проклетство од соборениот архиепископ Арсениј.“ – пишува истакнатиот славист и историчар И. Снегаров

Продолжува

(извор: Македонски Прегледъ Година II, книга 3, София, 1926)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.