Среда, 23 Ноември 2016    PDF Печати Е-пошта
Мелнички манастир - Св. Илија

manastir-sv-ilija„Во областа на Мариово има 4 манастира: Чебренскиот „Св. Димитар“, Полошки „Св. Георги“ (му припаѓа на Тиквешката општина), „Св. Богородица“ при село Манастир и „Св. Илија“ кај село Мелница... Манастирот „Св. Илија“ не е само свето место, место за поклонение, но и една лековита, здраствена станица, едно одмаралиште, какво ретко се сретнува во околината. По Илинденското востание грчките андарти зедоа три жртви од манастирот... Пролеаната невина крв, впиена од мермерните подни плочи, вечно ќе сведочи за овој варварски чин на грчките капетани...“ – пишува Г. Трајчев

Манастирот „Св. Илија“ уште познат како Витолишки или Мелнички манастир се наоѓа во непосредна близина на некогашното село Мелница (денес напуштено поради иселување), сместен покрај реката Бутурица, на регионалниот пат кој води до селото Витолиште, веднаш над одвојувањето за селата Полчиште и Бешиште.

Манастирот почнал да се гради во 1870 година, во екот на преродбата, во време на заедничката македонско-бугарска црковно-училишната борба со Цариградската грчка патријаршија, кога македонското население бараше возобновување на Охридската архиепископија, но наместо тоа истата година била создадена Егзархијата (1870).  

Манастирот е изграден под водство на разочарениот Стале Чешелков и со помош на целото христијанско население. Главната манастирска црква била изградена во 1872 година, а нејзиниот богат фрескоживопис бил завршен во 1881 година од страна на зографот Аврам Дичов, син на познатиот мајстор Дичо Зограф.  Во својот опис за манастирот „Св. Илија“ Георги Трајчев во првата половина на минатиот веќе ќе забележи:

„Откако Чебренскиот манастир св. Димитар остана патријаршиски, тажен за загубата на тој манастир  Дедо Стале од село Полчиште се зафатил со изградбата на нов. Во 1870 година биле поставени основите на манастирот св. Илија, со помош на целото мариовско население. Тој бил завршен во 1872 година. Зографисан бил во 1881 година.

Местоположбата на манастирот Св. Илија е едно од најживописните во тој крај. Изграден на земјиштето на село Мелница, во соседство на реката Бутурица, крај него минува патот за селата Витолишта, Полчиште и Бешиште. А близината на големата борова гора – царството на мечката, еленот, дивата коза, срната, фазанот, се наоѓа на надморска висина над 1200 м., каде тревата е незагадена и зелена, каде мувата ретко се среќава и воздухот е полн со мириси.

manastir-sv-ilija-2

Манастирот „Св. Илија“ не е само свето место, место за поклонение, но и една лековита, здраствена станица, едно одмаралиште, какво ретко се сретнува во околината. Не случајно покојниот Пелагониски митрополит Григориј (1853 – 1906 – н.з.), го избрал тој манастир за одмор и летување

Благодарното население го прокламира Дедо Стале за ктитор на манастирот и го прогласи за доживотен игумен. А за да се овековечи споменот за него, неговата слика се наоѓа на еден од манастирските ѕидови во природна величина, белобрад, со патерица  во десната рака и облечен во прекрасна национална мариовска носија. Дедо Стале умре во 1913 година на 115 годишна возраст.

По Илинденското востание грчките андарти зедоа три невини жртви од манастирот. Ренегатите (отпадници, предавници – н.з.) Цицо и Брајан заклаа сред црквата тојца од прислужниците. Пролеаната невина крв, впиена од мермерните плочи на подот, вечно ќе сведочи за овој варварски чин на грчките капетани.

Во текот на Првата светска војна манастирот служеше за главно сместување на воените делови кои го опслужуваа Мариовскиот фронт (прочуеното Добро поле)...    

И имотната состојба на манастирот не бише лоша. Дедо Стале беше натокмил ниви, гори, овци, кози, говеда, пчели и др.

Над вратата го има следниот натпис: „ .. Во село Мелница, се обнови обител на светиот и славен пророк Илија, со помош на православните христијани од околните села. За спомен на трудољубивите наставници со име, Дедо Стале Јованов Чешелков. Поп Спиро Папапетков. Митре Сталев. Волче Марчев. Воле Петков, Петко Стојанов, Стане Илиов, Стале Петков, Митре Трајков, Стојан Магеро 26 октомври 1872. Мајстор Пере Лауца.  

Покрај сликата на главниот ктитор стои натпис: „ (Настојник – н.з) Дедо Стале Јованич Чешелков од село Полчиша“ (се озговорува П’чишта и Полчишта)

Во 1881 година работел дебарски зограф: Од рацете на Аврам Дичов зограф Дебарски округ село Тресонче мај 27 – ми ден. “ – пишува на крај од статијата посветена на Мелничкиот манастир Г. Трајчев (Георги Трајчев, „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Инаку, во ова денес напуштено село Мелница е роден познатиот македонски раскажувач и романописец Стале Попов (1902 - 1965).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.