|
||||
Германија: Македонија во многу туристички книги |
Уште во септември годинава излегоа повеќе туристички книги, издаден од различни издавачи, специјализирани за ширење на туризмот во светот, како и за одредени туристички места кои треба и мора да се посетат. Книгите имаат различни наслови, но една книга, секако дека го привлекува вниманието и интересот на идниот турист, е: „1000 места што морате да ги посетите пред да умрете“. За жал, во книгата не е застапена нашата земја и охридскиот бисер, туку Грција со нејзиниот дел од Македонија, што всушност е северниот дел на Грција. Ова е, навистина, единствената туристичка книга на германски јазик којашто нема прилога македонскиот туризам и Охрид, но затоа пак сите други туристички книги, кои има околу десетина од најразлични автори и издавачи, каде нашата земја зазема значајно место, посебно Охрид и Охридското езеро. Во Германија, во повеќето туристички книги се претставува туристичката убавина на Македонија, со најосновни туристички информации за Охрид и Македонија. И навистина, од ваквите добри и корисни податоци во туристчките книги на германски и англиски јазик, со сигурност може да се очекува, се разбира, зголем број туристи од германското јазично подрачје идната година. Тоа се: Германија, Швајцарија и Австрија. Меѓутоа, еден напис од познатиот економски весник „Ханделсблат“ што излегува во Диселдорф, минантиот месец донесе опширен напис под мошне интересен настов: “Летувањето во Охрид е поубаво од Мајорка“, во којшто сосема корректно и детално се споредуваат можности за убав престој и летување во Охрид и во Мајорка. Цените и услугите во Охрид не само што се подобри, поевтини и на ниво отколку во Мајорка. Затоа вреди да се помине лето и одмор во Охрид, заклучува весникот. Драшко АНТОВ |