|
||||
Во Тетово сепак имало Евреи |
Ексклузивно: и покрај постоечката урбана легенда дека во Тетово неможело да има Евреи... сепак пронајден е единствен траг и доказ за постоење на Евреи во Тетово - Плоча со Хебрејско Писмо Легендата не е точна... Во Македонија долго време постоеше шега на ниво на урбана легенда со прашањето - Зошто единствено во Тетово немало Евреи? Одговорот во шегата накратно е: зошто таму веќе живеат тетовчани (кои би требало да бидат најголмите циции, толку големи што при продажба ги мереле јајцата на кантар). СЕПАК еве доказ дека Тетово било населувано од Евреи, кои дури оставиле и свои пишани траги. Во 2007 пронајден е досега ЕДИНСТВЕНИОТ доказ за присуство на евреи во тетово - Камена плоча со Хебрејски натпис. Но ајде да одиме според науката: Хебрејската Плоча од Тетово Плоча со старо-хебрејски натпис е пронајдена во темелите на стар мост на реката Пена Плочата со натписот е пронајдена во декември 2007 година, ископана од темелите на мостот во Горна Чаршија, на левата страна на река Пена (од страната на Горно-Чаршиска Џамија). Овој значаен археолошки експонат го пронашле работниците на ЈП Геоинжинеринг (како изведувачи на проектот) при рушење на тогаш постоечкиот мост и градење нов мост кој постои и денес. Битно е да се напомене е дека оваа плоча е од темелите на најстариот камен мост кој тука се наоѓал од Турскиот период (граден вовремето на Реџеп и Абдурахман Паша) најверојатно од крајот на 17 и почетокот на 18 век (кога се градени сите камени мостови на Пена од кои еден е зачуван зад Тетовската Болница). Овој најстар мост е рушен заради поплавата во 1979 година, па на негово место е поставен привремен нов мост... оној кој конечно целосно се преправи во проектот од 2007. Но темелите на стариот турски мост на бреговите на реката постоеле целото време. Во еден од тие темели на левата страна е пронајдена оваа плоча За плочата Камената плочата е со димензии: 85 см х 66 см и дебелина од 10 см. Тежок е стотина килограми. Напишана е со старо-хебрејско писмо (најверојатно Ладино варијанта која постоела на просторите на Балканот). Плочата е искшена па се гледаат 3 реда на текст иако најдолу се надзира дека имало и 4-ти ред. Во меѓувреме деновиве јас лично покренав иницијатива за превод на текстот, преку Еврејската Заедница во Македонија и познат експерт од Израел кој го познава ова писмо - за да се преведе плочата. Веќе е испратен текстот и се чека на превод и анализа. Наскоро, Ексклузивно ќе ги добиете информациите што е напишано на оваа плоча, со која еднаш и засекогаш се поставува Тетово на мапата на градови во кои дошле Евреите после расселувањето од Шпанија кон крајот на 15.век Наскоро... со дополнителни информации и повеќе детали извор: Дарко Гавровски / портал 'Тајните на Тетово' / gavro.com.mk |