|
||||
Градовете на Приморска Македонија меѓу двете светски војни – Драма |
Драма е главен град, административен, економски и културен центар на префектурата Драма, во североисточниот дел на Егејска Македонија. Градот е расположен во северниот дел на Драмското поле на реката Драматица или Ангиста во јужното подножје на планината Боздаг. Драма е жив град со долга и богата историја, изграден буквално на вода. Бистрите извори на реката формираат неверојатен парк во срцето на Драма. Проектантската традиција се губи во длабочините на праисторијата. Таа се чувствува во величествените остатоци од средновековните ѕидови на градот; македонската гробница од хеленистички период; храмот Св. Софија со фрески од просечниот византиски период и др. Во археолошки музеј може да се следи патот на локалната историја од длабоката древност до 1913 година. Според Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“), во почетокот на XX век Драма имала 9.040 жители, од кои 6.300 Турци, 1.500 Грци, 350 Македонци, 300 Власи, 240 Роми, 150 Евреи и др. Според Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев ("La Macédoine et sa Population Chrétienne") во 1905 година христијанското население на Драма се состои од 320 Македонци патриаршисти гркомани, 80 Македонци униати, 32 Македонци протестанти, 700 Грци и 1 500 Власи. За време на Првата балканска војна во 1912 година, според едни извори градот е ослободен од четите на Христо Чернопеев и Михаил Чекови на 24 октомври 1912 година, а според други извори од четите на Тодор Паница и Георги Скрижовски. Но по Втората балканска војна и поделбата на Македонија во 1913 година, Драма останува во границите на Грција. Според грчката статистика, во 1913 година во Драма живеат 12 903 луѓе. За време на Балканските и по Првата светска војна голем дел од Македонците од Драма и околината се иселуваат, а во овој дел по 1922 година се населуваат малоазиски и кавкаски Грци. Опишувајќи ги етничките промени кои настануваат во овој дел на Егејска Македонија, авторот Димитар Атанасов во својот труд „Градовете на Приморска Македонија“ објавен во 1938 година во „Македонски Преглед“ („Македонски Прегледъ“, Година XI, книга 1-2, Софија), за градот Драма и околината ќе го забележи следното: „Драмското поле е едвај не најасно исцртана географска единица во рамките на Приморска Македонија, при тоа е помала по размери и по прибрана отколку Серско поле… Оваа разлика помеѓу двете полиња наоѓа одглас и во колонистичко-географските односи. Оваа децентрализација на градскиот живот во Серско поле во три различни града, која се гледа при разгледувањето на градовите Сер, Демир-Хисар и Нигрита, била излишна во малото и заблено Драмско поле. Затоа тука многу векови наваму суштествува само еден град - градот Драма, - градско средиште на цело поле и на сите планински краишта, кои го опкружуваат. Драма, градското срeдиште на цeло Драмско и планините кои го опкруживаат, не е разположен во срeдината на полето, туку на неговиот северо-источен раб, кој несомнено е во врска со голeмитe карстови извори, низ кои излегува на бeл свeт водата, напоена од грамадната мраморна маса на драмскиot Боздаг. Тоа се едни од најголeмитe извори на Балканскиот полуостров.... Како повеќето карстови извори, кои имат голeм водоточен басен, и драмскитe извори имат постојан проток и постојана температура. Поради тоа тиe можат да се искористат не само за водоснабдување на градот, но и за индустриски цели, а најпосле се користат и за наводнување. На тоа поволно место, подалеку од мочуриштата кои ги покриваа до скоро средните и јужните делови на Драмско поле, настанал град многу столетиа пред Христа. Привремено тој бил засенет од градот Филипи, основан од Филип Македонски во четвртиот век пред Христа во најјужниот крај на полето, не особено погоден за развој на градот. Но, кога во средните векови Филипи постепено пропаѓа и на крајот сосема престанува да суштествува како населба, Драма повторно се опоравува. Нејзиниот напредок во втората половина на минатиот век (XIX век – н.з) е особено забележлив и се должи во голем степен на развојот токму во тоа време на производството на тутун. На крајот на минатиот век (XIX век – н.з) градот имал околу 9.000 жители, од кои повеќе од две третини биле Турци, 1.500 Грци, a имало истото така и значителна влашка, еврејска пак дури и една мала ерменска колонија, која била нешто ретко во градовите на Македонија и што е во врска со развиената трговија. Имаше и една мала македонска колонија од околу 350 лица, која претходно, во почетокот на минатиот век, била многу поголема, но се претопи меѓу многубројните Грци. Македонската колонија во Драма се одржува само благодарение на Македонците, кои постојано доаѓале од околните чисто македонски села, особено од северниот дел на полето. Дел од македонското население на овие села се исели во Бугарија, а на негово место беа сместени малоазиатски бегалци, но, и покрај тоа, овие села го задржаа и до денес својот македонски народносен карактер. Самиот град Драма исто така ги смени своите жители: се иселија сите Турци, а на нивно место дојдоа многу повеќе малоазиски и кавкаски бегалци, населени во овој град многу подобро отколку каде било на друго место во Македонија под грчка власт, со исклучок на Кавала. Особено се издвојува бегалската населба изградена на југ од патот што води од Драма низ село Махалеџик кон планинскиот крај на север. Големи, уредни, цврсти градби, со широки заградени дворови, оддаваат благосостојба, што е во очигледна врска со големиот процут на производството на тутун кон 1925 година, кога овие куќи биле изградени. Во оној момент никој ниту помислил да се смести во напуштените куќи на Турците, кои биле доста удобни, но тесни и без дворови, какви се и денес сите куќи во стариот градски дел. Поради тоа во неа се гледаат многу напуштени и руинирани куќи. Овој градски дел е сместен прилично стрмно на север од изворите и на запад од долината на Д’лбаџак-дол. Тоа речиси целосно сув дол има една 50 метри длабока долина, врзана во наслагите на некогашното Драмско езеро, кој го одвојува јасно западниот од источниот дел на градот. Врз споменатите езерски седименти, кои на север и на југоисток од градот заземаатт прилично големо простор, се наоѓаат пространи лозја сопственост и обработувани од граѓаните кои наоѓаат на тој начин добар дополнителен приход. Како дополнителен приход за многу семејства во Драмско е и тутунот, што е застапен главно во селата во северниот крај на полето. Последните, преку својата релативна благосостојба, доприносуваат прилично многу за благосостојбата на градот, во кој трговците не можат да се поплачат од застои. Воопшто Драма, без никаков конкурент во својата област, се наоѓа, во споредба со многу други градови во Македонија, во задоволителна состојба, наспроти кризата во тутун, која главно се должи на хиперпродукција на првокласен тутун. Иако е средиште на еден од најпознатите богати тутунски области во светот, Драма не поседува многу тутунски магацини, и по надворешните белези малку би се познало дека се наоѓаме во таков важен стопански центар. Ова не се гледа и од сообраќајот на железничката станица, преку која возовите минуваат и заминуваат, без да остават или земат многу патници и без да товарат или разтоварат многу стока. Ова се должи на фактот дека земјоделското производство на Драмско оди директно во пристанишниот град на областа - Кавала. Последниот град е поврзан со Драма преку убав пат, кон кој конвергираат патиштата од сите поголеми села на Драмско. За превоз на тутунот се користат речиси исклучиво камиони кои пренесуваат и ја растовараат стоката директно од местата каде се произведува, во големите тутунски магацини, наредени покрај кејот на кавалското пристаниште, за што е ред сега да кажам неколку зборови за да завршам со разгледувањето на градовите во источниот дел на Приморско Македонија.“ За време на Втората светска војна, по влегувањето на бугарската армија во Егејскиот дел на Македонија, македонскиот народ не се сложува со „ослободителната“ улога на Бугарија. Во октомври 1941 година Македонскиот народ учествува во Драмското востание. Бугарската војска и полиција, задушувајќи го востанието во борбите на 29 и 30 септември и на 1-ви октомври 1941 година изврши во Драма и околината масакрирање на околу 3.000 луѓе, вршејќи репресалии низ целата територија во Источниот дел на Егејска Македонија. Егзодусот на Македонците од градот Драма и неговата околина продолжува и за време на Граѓанската војна во Грција. Од куршумите и од бајонетите на грчките монархофашисти животот го загубија 2.500 Македонци во Драмско, а од таа околија биле протерани неколку илјади семејства. Македонска нација |