Среда, 25 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
Каде се двајца или тројца во Мое име таму сум и Јас!

Preobrazenie-620x360

Црквата не се само ѕидови и храмови – Црква е срцето човечко и народот во Христа! Храмот- црква е место каде повеќе луѓе ја кажуваат молитвата и таа е посилна бидејќи се заедно. Господ е во нас, и насекаде околу нас во Универзумот. И уште многу одговори кои допираат до сечие срце, особено до срцето на верникот во Господ.

Митрополитот Пимен, владиката европски има многу одговори до сите Македонци и верници за актуелната ситуација во македонија и нејзината позиција на Балканот, одговори преку верата Наша...

Имаме држава, имаме нација, имаме традиција имаме култура, ги имаме сите предиспозиции да бидеме успешна и среќна нација, бидејќи го имаме и Господ.

Сведоци сме на едно безредие во семејствата, сведоци на многу бракоразводи, на превирања, често се зборува како другарството и пријателството не се она што треба да биде? Што ни недостасува? Верата не учи дека светот треба да се базира на вера, надеж и љубов- го имаме ли тоа во нашите срца?

Ако анализирам повеќе низ времето на кое сум современик, и ако размислувам што е она што ни ги разделува луѓето, кој ја сее несреќата, пронаоѓам еден заеднички имплант низ нашето време и народ кој како да сака да ни ги распаѓа семејствата, и да ни ги разделува луѓето. Недостигот на Верба во Бога.

Сакам да потенцирам дека во голем дел од нашиот однос немаме учтивост и почитување, а со тоа се провлекува и немање на себепочитување и чисти ставови. Можеби многумина нема да се согласат со мене, но, мислам дека навистина ни недостасува верата во господ, љубовта кон Светата троица, и надежта, кои че не носат низ овоземниот живот.

Што е Црква?

Ако јас се прашувам за мене црквата не е место кое е институција, не е место на хиерархија, моето срце Црквата- храм ја чувствува како свој дом. Но, неодмана на ова прашање пронајдов соодветен одговор и се воодушевив од зборовите на

Митрополитот Пимен, владиката европски


- Најпрвин, треба да се разграничи терминот Црква од терминот храм, бидејќи терминот Црква не означува неколку ѕида кои завршуваат со купола и крст на неа, туку е собор на живи и конкретни личности, собрани околу својот пастир и причестени во неа со Телото и Крвта на Богочовекот Христос кој е глава на Црквата. Кажано со едноставни зборови, градбата е храм, а народот собран во Христа е - Црква. Зарем немало Црква во првите три векови на христијанството, кога немало можност заради прогонот да се изградат храмови?- вели владиката Пимен.

А вистинскиот пастир треба да биде пастир како од параболата Христова за добриот пастир, пастир кој душата своја ќе ја положи за овците свои, секако се мисли на словесните овци, односно верниот народ.

Црквата комуницира со верниците - не само кога е празник или кога има некој настан, не е само тоа време за комуникација со верниците и со останатите, се што е дадено од Бога е за да му користи на човекот.

- Та, нели, со нож може да си пресечеме леб, но можеме и да повредиме и усмртиме некого. Постарите пастири успеале да ја возобноват и да ја одржат Црквата во многу тежок период, токму со нивниот пристап кон народот и со тоа нам, на помладите, да ни дадат добра основа за ние да надградуваме врз неа.

„Секому бев се, та некако да го придобијам“, ќе рече, светиот апостол Павле.

Знаат ли луѓето да го следат патот на Бога? Колку се верници и колку „тргуваат“ со Бога, постејќи врз погрешна основа, на пример, а не воздржувајќи се „од лоши дела, лоши зборови, па и лоши помисли“? Како да се излезе од тој круг?

- Има три вида на односи со Бога. Робовски - кога се плашиме од Бога и се правиме од страв. Овој однос со тек на време, полека преминува во бизнис-однос во кој се пазариме со Бога, а треба да премине, со тек на време, во љубовен, синовски однос кога наместо да се плашиме или тргуваме со Бога, ние го сакаме и се што правиме е од тоа што не сакаме да го ражалостиме. Исто како што е случај и со нашите родители. Ама, за да преминеме од еден во друг однос со Бога, потребен ни е духовен раководител кој ќе не преведе од еден во друг однос со Него, а притоа ќе не заштити за да не паднеме во некоја ѓаволска замка.

Затоа, сметам дека излезот е во отвореноста кон Бога, но и кон духовниот отец кој ќе ја канализира нашата вера и ќе не насочи кон вистински континуиран духовен живот.

Интересен е одговорот на епископот Митрополитот Пимен, владиката европски за прашањето Што е националниот идентитет?

- Се што е создадено од нашиот заеднички Творец има во себе своја оргиналност, неповторливост, различност. Тоа го среќаваме и на личен план, но и на план на еден род-народ кој е плод на една оргиналност и различност која со векови, како непрекинлива нишка се пренесува од генерација на генерација. Таа живоносна нишка, во многу нешта иста, но и различна од останатите во овој свет, е нишката на мојот род македонски - кој како и сите и се друго што постои, на себе го носи благословот и печатот на од Бога даруваната оргиналност, неповторливост и различност. Тоа е за мене национален идентитет.

- Но, потребно е горенаведеното да се дополни со следното. Во Светото писмо, конкретно во Евангелието според св. апостол Матеј, ги среќаваме следните зборови на нашиот Господ Исус Христос. Тој вели: „Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе заплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и голема слава; И ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата“. (Матеј. 24, 30 - 31)

- Преку овие Христови зборови разбираме дека до крајот на овој свет, односно, до крајот на овој за нас познат начин на егзистенција, ќе постојат „земните племиња“ со сета нивна оргиналност и различност. Но, неопходно е да се потенцира дека пред се и над се, ние како „избраници Христови“, како Негова Црква, како Негов народ, иако по своето тело припадници на конкретно „земно племе“, треба во длабочините на нашиот внатрешен човек да ја прифатиме и со својот живот да ја сведочиме есхатолошката вистината дека во Христа нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен, нема машко - женско, зашто сите ние сме едно во Христа Исуса. (Галат. 3, 28)

Митрополитот Пимен, владиката европски- напиша дека и кога Македонците немале држава имале „Црква полна со живот“, дека „искушенијата се правопропорционални со благодатта“, а дека Македонија има доволно искушенија „од проблемот со јужниот сосед до внатрешните проблеми и поделби“...

– Иднина не постои, исто како и минато. И првото и второто се само последици од сегашноста. Постои само сегашност! И затоа, поучен од семудрото православно духовно искуство, со сигурност можам да кажам дека нашата иднина зависи од тоа што ние како поединци, како народ и Црква, ќе го направиме во сегашноста. Доколку во сегашноста избереме да одиме по патот на Животот, а не по патот на смртта, односно, избереме да живееме во светлината и топлината на Божјата љубов, вистина и вредности, тогаш плодот на тој избор е извесен, а ако избереме некој друг пат, и тогаш нештата се јасни. Во еден свој псалм св. пророк и цар Давид го напишал следното: „Тој (праведниот човек, народ) е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава навреме и чиј лист не венее; и во се што прави, напредува. Но, не се такви безбожинците; тие се како прав што го разнесува ветрот“. (Псалм 1, 3 - 4).

Благодарам Митрополит Пимен, владиката европски , вашите одговори ја доближуваат верата до секој Македонец кој ја има можноста да ги прочита, допираат до целата нација која е цврто убедена дека Македонија е пред се земја на нација со корен, дека секој Македонец е и верник а Македонија земја на Македонци и верници со Божји благослов.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.