Среда, 01 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
Македонските епархии во поделените македонски територии

agatangel
МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ
†АГАТАНГЕЛ

Во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е формирана единствена православна црква. Во составот на Српската православна црква, биле приклучени и епархиите од Вардарскиот дел на Македонија, кои претходно биле откупени од Цариградската патријаршија, иако таа над мнозинството на македонското население немала црковна власт. Одлуката на Синодот на Цариградската патријаршија, донесена на 19 март 1920 година, гласи: „Канонски ред и обичај е работите на црковната управа да се уредуваат и доведуваат во согласност со политичките промени што се случуваат и според тие промени црковните работи со внимание, како што прилега, да се приспособуваат и распоредуваат не само заради нивното уредно и целосно изведување, туку и заради поголемата полза на Црквата и на христијанскиот народ“. Продажбата на православни епархии е чин без преседан во историјата на Православната црква. Овој чин, слободно можеме да го споредиме единствено со случајот кој апостолите го имале со Симеон Волшебникот, кој сакал од нив за пари да ја откупи благодатта. Купувањето на Македонските православни епархии од страна на Српската православна црква е чин зачнат во грев и тој нема никаква канонска основа, па според тоа оној кој го направил овој грев, пред Бога, не може да има никакво право и надлежност над купеното, бидејќи ова се коси со Евангелието и Божјите заповеди.
Другите македонски епархии биле разделени и потпаднале едни од нив под грчка, а другите - под бугарската црковна власт, со владици Грци, односно Бугари, како што и владиците на македонските епархии во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците биле Срби. Тие и нивните најблиски соработници заборавиле дека треба да бидат вистински духовни пастири на Христовото духовно стадо, туку уште побезочно и посрамно ја продолжиле политиката на однародување и асимилација на македонското население, станувајќи платени слуги на великогрчката, великобугарската и великосрпската мегаломанска политика во Македонската замја и спрема Македонскиот народ. Владеачките режими ги ангажирале Православните цркви во своите држави за да им служат во остварувањето на нивните нехумани и нехристијански цели кон Македонците. Организирале разни културно-просветни и национално-патриотски друштва во Македонија, во кои владиците и нивните најблиски свештенослужители се ангажирале најмногу за однародувањето и асимилирањето на Македонскиот народ. И денес кога овој народ има своја слобода, своја државност и своја народна автокефална Македонска православна црква и сака да ги остварува заедно со нив светите евангелски вистини, со љубов пружајќи им ја својата братска рака за измирување во името на Господ Исус Христос и Неговата Света Црква, тие место да се засрамат и да побарат прошка од народот на кој многу му згрешиле, тие се трудат со сите свои сили и измислуваат безброј демонски причини за да не ја признаат автокефалната Македонска православна црква, која е верна наследничка на древната Охридската архиепископија, која многу ги има задолжено сите балкански и источни православни цркви. Ваквиот став на соседните православни цркви не само што не е православен и христијански, туку не е ниту човечен.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.