Среда, 08 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛОКАЛИТЕТИ СО ТЕРМОМИНЕРАЛНИ ВОДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

BanjaStrnovac

Локалитет „Бањски Рид“-Катланово

Термоминерална вода “Бањски Рид“ с. Катланово, општина Петровец се наоѓа на околу 25 км ЈИ од Скпоје. Доделен е под концесија за експлоатација на 30 години на “Катлановска Бања“- Петровец. Експлоатација се врши од една експлоатациона дупнатина Д-1 со капацитет од 6,0–8,0 l/s. Водата е со температура од 56 0С, а се користи за балнеологија и рекреација.

Локалитет „Проевци“ - Куманово

Термоминерална вода „Проевци“ (Кумановска Бања), општина Куманово се наоѓа на 3 км ЈИ од Куманово. Доделен е под концесија за експлоатација на период од 30 години. Располага со капацитет на термоминералната вода од дупнатината S-1 и 3-те извори е околу 5 l/s. Водата е со температура од 28-31 0C., а по хемиски макрокомпонентен состав истата е HCO3-Cl/Mg-(Na+K)-Ca тип на вода.  Се користи за балнеологија и рекреација.

Локалитет „Стрновец“-Старо Нагоричане

Термоминералната вода во „Стрновец“, општина Старо Нагоричане се наоѓа по долината на реката Пчиња во која е изведена експлоатациона дупнатина ЕД-1 до длабина од 172 м. Истата е со капацитет 14,4 l/s (самоизлив) со температура на водата од 38,6 0С.  Овој локалитетзасега нее доделен под концесија, а како таков истиот има потенцијал за изградба на објекти за развој на СПА центар.

Локалитет „с. Бање – с. Долни Подлог“ – Кочани

Располага со капацитет околу 350 l/s,  температура на водата од 73-80 0С. Термоминералната вода се користи за загревање на објекти и за оранжериско производство, а со која располага КЈП “ВОДОВОД“–Кочани (концесионер). Термоминералната вода со капацитет околу 2,0 l/s од една дупнатина во с. Бање се користела за потребите на објектот за физикална терапија во самото село. Во рамки на општината има парцели на кој може да се градат објекти т.е. рекреативен СПА-центар.

Локалитет „Кежовица – Лџи“ - Штип

Располага со една експлоатациона дупнатина Д-1, со капацитет 1,3 l/s и температура на водата од 58 0С,, Локалитетот е доделен под концесија, а термоминералната вода се користи за потребите Бањата во Штип како и за Заводот за физикална терапија. Истиот располага со потенцијал за обезбедување на дополнителни количини на термоминерална вода.

Локалитет „Негорски Бањи“-Гевгелија

Се наоѓа на излезот од с. Негорци према локалниот пат за Гевгелија. Експлоатационите дупнатини се со капацитет 50,0 (l/s) со температура на водата од 43-48 0С, Термоминералната вода од овој локалитет е доделена под концесија, а додека истата се користи за балнеологија.

Локалитет „Смоквица“-Гевгелија

Се наоѓа на 10-тина км пред Гевгелија кај с. Смоквица. Експлоатационите дупнатини со термоминерална вода се со капацитет 120,0 (l/s), со температура на водата од 55 - 65 0С,. Со истата располага концесионе, а додека термоминералната вода се користи за загревање за оранжериско производство.

Локалитет „Топлец“- Дојран

Се наоѓа во непосредна близина на Дојран, термоминералната вода се дренира од природниот извор Топлец и неколку дупнатини и еден бунар на локалитетот „Дерибаш“-Стар Дојран. Потенцијалотна овој локалитет за термоминерална вода према прогнози  е околу 15 km2 со просечна дебелина на колектор од 300 m со зафатнина од 200 km3 и прогнозни температури од околу 40 0C.

Локалитет „с. Раклиш – Радовиш

Располага со една дупонатина до длабина од 101 m., со издашност од 2,0-3,0 l/s и температура на водата од 27 0C.  Термоминералната вода од ова наоѓалиште е Mg-HCO3 тип, Прогнозна длабина на резервоарот е околу 500 м., а додека према  анализите на хемиските геотермометри очекувани прогнозни температури во истиот би биле од 50 - 800C, што значи дека истиот има потенцијал за конкретни геолошки истражувања. 

Локалитет „с. Банско“-Струмица

Термоминералната вода во с. Банско е од дупнатината е Д-1 која е со капацитет 55,0 (l/s) и температура на водата од 70 0С. Термоминералната вода од овој локалитет е доделена под концесија, а додека истата  се користи за загревање за оранжериско производство и балнеологија.  Термоминералната вода спаѓа во групата на натриум сулфатен тип со вкупна минерализација од 1157 mg/l.

Локалитет „Баниче - р. Пена“ – Тетовско

Се наоѓа во долината на река Пена во непосредна близина на Тетово измеѓу селата Шипковица и Селце. Дренирањето на термоминералната вода е преку неколку извори по течението на река Пена помеѓу селата Шипковица, Селце и некогашната Тетовска Бања со  вкупна издашност од околу 10l/s со температура од 27-30 оC. По хемиски состав термалните води се Ca-Mg-(Na+K)-HCO3 тип со минерализација 3,3 g/l.

Локалитет „с. Бањиште и Косоврасти“ – Дебар

Термоминералната вода во с. Бањиште е од експлоатациони дупнатини кои се со капацитет 100,0 l/s со температура на водата од 38,6 0С, а во с. Косоврасти експлоатационите дупнатини се со капацитет 68,8 l/s со температура на водата од 48 0С, Со двата локалитета располага концесионер т.е. истите се доделени под концесија, а додека термоминералната вода се користи за балнеологија.

Изработил: м-р Костадин Јованов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.