Среда, 08 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
ИНФОРМАЦИЈА од извршен увид и детална анализа кај концесионерите кој вршат експлоатација на термоминерални води со цел утврдување на количините на води кои би биле на располагање за изградба на нови објекти

eksploatacija-na-termomineralni-vodi

Оваа информација била приготвена во Министерството за Економија Скопје, декември 2012 година.

Подготвил: м-р Костадин Јованов              

Со усвјувањето на Информација од извршениот увид и детална анализа кај концесионерите кој вршат експлоатација на термоминерални води со цел да се утврдат количините на води кои би биле на располагање за изградба на нови објекти т.е. постапувајќи по заклучоците содржани во истата се дава можност за регулирање на искористување на термоминералните води и до други заинтересирани лица, како и решавање на одредени прашања поврзани за земиштето со цел забрзување на процедурите за изградба на спа-објекти од страна на заинтересираните концесионери и други субјекти. 

Согласно Извадокот од нацрт – записникот од Деведесет и третата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 30.10.2012 година беше формира работна група од стручни лица со цел да изврши увид во рационалноста на искористувањето на термоминералните води од страна на концесионерите и создавање на услови за приклучување на нови заинтересирани субјекти за користење на термоминералните води за потребите на развој на бањскиот и спа туризмот во Република Македонија.

Работната група во состав м-р Костадин Јованов од Министерство за економија, Ештреф Имери од Државен инспекторат за техничка инспекција, Стојанче Донев од Министерство за транспорт и врски, проф. Д-р Тодор Делипетров од Факултет за природно технички науки – Штип и проф. Д-р Славе Арменски од Машински факултет - Скопје на ден 04.12.2012 година во Министерството за економија одржаа работен состанок на кој беше изготвена агенда за посета на локциите на концесионерите за експлоатација на термоминерални води.

Теренски увид е извршен во период 7–17.12.2012 година кај концесионерите: ДПТ “Ледра Агро” ДОО Гевгелија, ЗУ-Природно лекувалиште “Негорски Бањи” АД с. Негорци – Гевгелија, АД “Оранжерии” Хамзали – Струмица, ДПТУ “Оранжерии Добра” Доо увоз-извоз Кочани, КЈП “Водовод” – Кочани, ЗИК “Брегалница” ДООЕЛ – Виница, Друштво за бањски туризам и телесна рехабилитација АД “Дебарски Бањи-Цапа” – Дебар и “Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација Катлановска Бања” ДОО Катланово, при што состојбата кај истите е следна:

  1.         ДПТ “ЛЕДРА АГРО” ДОО Гевгелија со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина геотермална вода на локалитетот “Смоквица” – Гевгелија бр. 12-3582/6 од 05.08.2005 година, а кој согласно Законот за минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија” бр. 24/07), е усогласен под бр. 24-4351/1 од 22.05.2008 година. Истиот има Одобрение за експлоатација бр.12-1547/4 од 11.04.2006 година. Во рамките на концесискиот простор од порано изведени се седум истражно - експлоатациони дупнатини, но во корисна состојба во моментот се три експлоатациони дупнатини, од причина што кај останатите дупнатини ладната вод се меша со тполата вода и како таква истата не може да се користи. Основните карактеристики на истражно експлоатационите дупнатини од кој се експлоатира геотермална вода дадени се во табела 1.
  2.        ЗУ-Природно лекувалиште “Негорски Бањи” АД с. Негорци – Гевгелија со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина термоминерална вода на локалитетот “Негорски Бањи” с. Негорци, општина Гевгелија бр. 24-374/11 од 23.05.2012 година. Истиот е во фаза на подготовка на техничката документација за потребите за регулирање на Дозволата за експлоатација. Во рамките на концесискиот простор од порано изведени се повеќе истражно експлоатациони дупнатиниод кој во експлоатација во моментот се експлоатациони дупнатини Б-1 и Б-5 со вкупен капацитет од околу 12 л/с. Термоминералната вода се користи за балнеологија, физикална терапија и затоплување. Основните карактеристики на изведените дупнатини се дадени во табелата бр. 2.
  3.        АД “Оранжерии” Хамзали – Струмица со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина термоминерална вода на локалитетот ““Банско” с. Банско, општина Струмица бр. 24-374/11 од 23.05.2012 година. Истиот е во фаза на подготовка на техничката документација за потребите за регулирање на Дозволата за експлоатација.
  4.       Друштво за производство, трговија и услуги “Оранжерии-Добра” ДОО увоз – извоз Кочани со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина термоминерална вода на локалитетот “Виничка Вада”, општина Кочани бр. 24 - 2100/6 од 23. 05. 2012 година. Истиот ја има регулирано Дозволата за експлоатација бр. 24-6266/2 од 03.09.2012 година. Во рамките на концесискиот простор изведена е една експлоатациона дупнатина до длабина од 740 м’ со капацитет од 10-12 l/s и температура на водата од t = 45 0C. Концесионерот загрева вкупно 12 хектари површини за оранжериско производство (домат, краставица, пиперка и цвеќе), од кој со сопствени количина на термоминерална вода само 10 % ги задоволува потребите, а додека 90 % од потребите или околу 500 000 – 600 000 m3/годишно истиот ги задоволува со купување на термоминерална вода од КЈП Водовод Кочани од локалитетот “Долни Подлог”. Во функција на рационално искористување и поголема ефикасност, пред користење на геотермалната вода истата ја догрева.
  5.        КЈП “Водовод” Кочани со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина геотермална вода на локалитетот “Д. Подлог - Бања”, во атарот на општините Кочани и Чешиново - Облешево бр. 24 - 2926/1 од 31. 03. 2008 година. Капацитет на лежиштето е Q≈400 l/s. геотермална вода со средна температура од 750С, т.е. температурата на геотермалната вода во експлоатационите бунари варира од tv = 72 0С - 80 0С. Геотермалната вода се користи за загревање на оранжерии, пластеници, индустријата и топлификација на градот Кочани.  Во функција се 5 (пет) експлоатациони бунари во централниот дел на лежиштето “Подлог-Бања” и  2 (два) реинекциони бунари во с.Бања. Основните карактеристики на експлоатационите и реињекционите бунари дадени се во табела 3 и 4.
  6.        ЗИК “Брегалница” ДООЕЛ Виница со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина геотермална вода на локалитетот “Истибања”, општина Виница бр. 24 – 4363/1 од 23. 05. 2008 година. Истиот ја има регулирано Дозволата за експлоатација бр. 24-9040/1 од 15.11.2011 година. Експлоатацијата на геотермалната вода е од три експлоатациони бунари, при што основните карактѕеристики на истите се дадени во табела 5.
  7.        Друштво за бањски туризам и телесна рехабилитација АД “Дебарски Бањи Цапа” Дебар со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина термоминерална вода на локалитетот “Бањиште”, општина Дебар бр. 24 – 3163/20 од 13. 10. 2010 година. Истиот ја има регулирано Дозволата за експлоатација бр. 24-5616/2 од 04.09.2012 година. Експлоатацијата на термоминералната вода е од два извори и тоа:

Табела 1. Основни карактеристики на експлоатационите дупнатини за експлоатација на геотермална вода на локалитетот “Смоквица”-Гевгелија

Дупнатина број

Длабина

Dh (м’)

Капацитет

Q (l/s)

Температура

t (0C)

SIED-1

466,5

32,5

65,0

SIED-5

844,4

23,5

63,9

SIED-7

483,0

34,7

68,5

Концерсионерот геотермалната вода ја користи за загревање на стакленици во вкупна површина од 10 хектари за оранжериско производство (домати, краставици и пиперки), при што во функција на рационално искористување и поголема ефикасност, пред користење на геотермалната вода истата ја догрева.

Со цел развој на бањскиот туризам концесионерот изразува спремност да изгради спа-центар, но истиот наидува на проблем со земиштето??????? (Стојанче).

Табела 2. Основни карактеристики на експлоатационите дупнатини за експлоатација на термоминерална вода на локалитетот “Негорски Бањи” с. Негорци, општина Гевгелија

Дупнатина број

Длабина

Dhх (м’)

Капацитет

Q (l/s)

Температура на водата

t (0C)

Намена

Забелешка Намена

Б-1

50-60

0,1-0,2 самоизлив и 1,7-2,0 со црпење

41

за базените

потопна пумпа на длабина од 36 м’.

Б-4

-

0,28 самоизлив

39-40

 

со црпење добиено 6,0 л/с.

Б-5

-

2,0-4,0 самоизлив и 10,0 со црпење

52

за парно загревање и тушеви

потопна пумпа на длабина од 30 м’.

Б-6

-

1,0 самоизлив

43

-

-

Б-7

50

самоизлив 0,1

-

-

со црпење  добиено е 5,0 л/с и снижување од 7,0 м.

Б-8

70

самоизлив 5,0-6,0

47

-

-

Покрај концесионерот ЗУ-Природно лекувалиште “Негорски Бањи” АД с.  Негорци – Гевгелија, од овој локалитет термоминерална вода за своите потреби користи и ЈЗУ Општа болнца - Гевгелија - оддел за физикална терапија во круг на Негорски Бањи. Комисијата укажува дека со истите е потребно искористувањето на термоминералната вода да го регулират со закон.

Во разговор со представникот на концесионерот, а во функција на развој на бањскиот и спа туризмот во Република Македонија, истите изразуват спремност во рамките на овој локалитет да изградат спа-центар, но наидуват на проблем со земиштето??????? (Стојанче).

Експлоатационата дупнатина Б-1 е со капацитет Q = 50 (l/s) и температура на водата  tv = 72 0C. Водата од експлоатационата дупнатина се користи за затоплување за оранжериско производство, за балнеологија и загревање на објектите (хотелите). Носителот на концесијата АД “Оранжерии” Хамзали – Струмица водата ја користи за загревање на стакленици за оранжериско производство. Покрај концесионерот со одобрение за употреба бр. Уп. 09-I-51/6 од 22.07.1992 година, водата од оваа дупнатина ја користат и хотелот “Цар Самоил“, “Спиро Захов“ (одмаралиште “Спиро Захов“, детска рехабилитација, одмаралиште Југотутун, одмаралиште ЗИК Струмица), експериментални пластеници и приватни пластеници. Со цел развој на овој вид на туризам концесионерот изразува спремност да изгради спа-центар, но истиот наидува на проблем со земиштето??????? (Стојанче).

Комисијата цени дека овде е неопходно преку концесионерот да се регулира искористувањето на геотермалната вода, применувајќи го членот 37 од Законот за минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/12). Забелешка од старна на концесионерот е потребата концедентот да ја регулира висината на надоместокот на другите корисници према концесионерот, од причина што цената на геотермалната вода што ја плаќа концесионерот према концедентот треба да се зголеми за реално сторените трошоци за експлоатацијата на геотермалната вода и одржувањето на бунарот, цевководот, топлотните пумпи и сл.  Во функција регулирање на искористувањето на геотермалната вода потребно е Концесионерот, Концедентот и заинтересираните лица од приватните пластеници да склучат трипартитен договор во кој ќе се предвидат сите права и обврски за искористување на определениот вишок на термоминерална вода. Со цел да можат Концесионерот и Концедентот да се осигураат дека обврсите кои ќе произлезат од овој договор и од законот во целост ќе се реализираат и почитуваат, би требало заинтересираните лица од приватните пластеници да настапат, односно да го потпишат договорот како правни субјекти.  

Согледувајќи ги условите на просторот, степенот на искористеност и потенцијалот со термоминерална вода реално е дека на овој локалитет нее возможно планирање на објекти за развој на спа туризам.

Табела 3. Основни карактеристики на експлоатационите дупнатини за експлоатација на геотермална вода на локалитетот “Д. Подлог - Бања”, во атарот на општините Кочани и Чешиново - Облешево

Ред.

бр.

Експлоатациони

бунари

Длабина на бунар

Dh (m)

Капацитет

(Експлоатација со длабински пумпи  l/s.)

Температура

на вода

t(0С)

 
 

1

ЕБМП - 1

328,0

12

78

 

2

ЕБ - 2

464,0

100

73

 

3

ЕБ - 3

349,0

150

78

 

4

ЕБ - 4

502,0

75

80

 

5

Д - 1

600,0

50

74

 

Табела 4. Основни карактеристики на реињекционите бунари на локалитетот “Д. Подлог - Бања”, во атарот на општините Кочани и Чешиново - Облешево

Ред. Бр.

Реинекциони

бунари

Длабина

(m)

Капацитет

Q (l/s)

Темп.  вода реињектирање tvr(0С)

1

П - 10

434,0

-слободно налевање (50)

-под притисок од 2 бара (60)

30

2

3Д-2

580,0

-слободно налевање (50)

-под притисок од 2 бара (60)

30

Искористеност на капацитетот на системот за геотермална вода   ≈ 70%., при што просечна годишна експлоатација во периодот од 1987 - 2012 год. е по 1.155.374, 00 m3 геотермална вода. Со реињектирање на геотермалната вода е отпочнато уште во1996 год.. Во периодот 1996–2012 година, према податоците на концесионерот просечно годишно во примарниот колектор се реињектира по 81.024 м3 геотермална вода.

Потенцијал за зголемување на капацитетите на искористувањето на геотермалната вода може да има со дополнителни вложувања во реинектирање на веке експлоатираната геотермална вода.

Покрај концесионерот геотермалната вода од овој локалитет за своите потреби порано ја има користено Одделението за физикална медицина и рехабилитација во состав на ЈЗУ Општа болнца - Кочани во с. Бање, општина Чешиново – Облешево. Комисијата укажува дека истата е потребно искористувањето на термоминералната вода да го регулира со закон.

Табела 5. Основни карактеристики на експлоатационите дупнатини за експлоатација на геотермална вода на локалитетот “Истибања”-Виница

Дупнатина број

Длабина

Dh (м’)

Капацитет

Q (l/s)

Температура

t (0C)

I-3

650,0

14,0

64,7

I-4

567,5

15,0

57,0

I-5

603,0

35,52

68,0

Концесионерот располага со 12 хектари површини за оранжериско производство од кој со геотермалната вода загрева вкупно 3,5  хектари површини за оранжериско производство (домат, краставица и пиперка), што значи дека 30 % од потребите ги задоволува од сопствени количина. Во функција на поголем ефект од искористувањето на геотермалната вода, пред употреба, концесионерот истата ја догерва.

Во однос на квалитетот на водата истата не одговара на правилникот на Правилникот за безбедност на водата (“Службен весник на Република македонија“ бр. 46/2008), поради зголемена електролитска спроводливост и сув остаток, арсен, железо, флуор, натриум и калиум. Водата во својот состав содржи 290 (mcq/l) арсен а додека дозволено е до 10 (mcq/l) арсен. Према резултатите од извршена радиолошка анализа на водата направена во Центар за примена на радиоизотопи во науката и стопанството Скопје, водата е со зголемена a - радиоактивност 0,93 ± 0,29 Bq/l  и ß - радиоактивност 1,25 ± 0,05 Bq/l. Према изнесените параметри за квалитетот на геотермалната вода може да се каже дека истата нее безбедна за користење т.е. за пиење и балнеологија.

Концесионерот истакна дека имаат голем интерес да обезбедат дополнителни количини на геотермална вода од КЈП “Водовод” Кочани од експлоатационото поле на локалитетот “Д. Подлог - Бања”, со тоа што истите како заинтересирани би изградиле цевковод од бунарите до пластениците кој се наоѓат пред влез на Виница, при што во рамките на тој зафат би учествувале и другите заинтересирани субјекти од тој дел како што се хотелите “Шагал“, “Центробизнис“ и “Слив“, но под услов концедентот да овозможи долгорочно користење на геотермалната вода, да ја регулира цената на надоместокот за користење на истата, а корисниците преку трипартитниот договор ќе се предвидат сите права и обврски за искористување на термоминералната вода.  

-          долен базен (железен базен), постојан извор со променлив капаците Q = 30 – 36,0 л/с со температура на водата од tv mah= 39 0C и

-          нова каптажа (Горна Дере), повремен извор (изворот има вода во периодот март, април до јуни), со променлив капацитет Q = 30,0 – 36,0 l/s со температура на водата од tv mah = 35 - 38 0C.

Поради ниската температура водата се користи исклучиво само за 2-та базени кој се со зафатнина од по 30 m3. Како проблем кој се јавува кај концесионерот е набавката и поставувањето на мерни инструменти (водомери) за мерење на протокот на термоминералната вода  поради неповолниот хемиски состав на водата

Концесионерот е во постапка на решавање на дел од земиште, по што истиот укажа дека планира да изгради современ спа-центар. ????? Стојанче.

8.    Друштво за бањски туризам и телесна рехабилитација АД “Дебарски Бањи Цапа” Дебар со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина термоминерална вода на локалитетот с. Д. Косоврасти, општина Дебар бр. 24 – 3163/19 од 13. 10. 2010 година. Истиот ја има регулирано Дозволата за експлоатација бр. 24-5614/2 од 04.09.2012 година. Експлоатацијата на термоминералната вода е од изворот во с. Долно Косоврасти кој се одликува со променлив капаците Qмах =60,0 л/с до Qмин = 40,0 - 45,0 л/с со температура на водата од tv мах = 40 0C.Поради ниската температура водата се користи исклучиво само за 4-те базени. Проблем кој се јавува во поводните периоди во текот на експлоатацијата е мешање на топлата со ладните подземни води, така да во одредени ситуации температура на водата паѓа на tv = 20 0C и  се менува квалитетот на истата и како таква неможе да се користи. Исто како и претходно како проблем кој се јавува кај концесионерот е набавката и поставувањето на мерни инструменти (водомери) за мерење на протокот на термоминералната вода поради неповолниот хемиски состав на водата

Согледувајќи ги условите на просторот реално е дека на овој локалитет нее возможно планирање за изградба на нови објекти за развој на спа туризам.

  1.        “Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација Катлановска бања” ДОО Катланово со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина термоминерална вода на локалитетот “Бањски Рид”, Катланово бр. 24 – 5026/1 од 20. 06. 2008 година. Истиот ја има регулирано Дозволата за експлоатација бр. 24 - 5043/7 од 03. 08. 2006 година. Експлоатацијата на термоминералната вода е од експлоатационата дупнатина ЕД-1. Истата е изведена до длабина од H = 84 м’, со капацитет Q = 4,0 – 5,0 л/с со температура на водата од tv = 54 0C. Водата од дупнатината се транспортира со цевковод кој е во должина од 850 м’, и истата влегува во базенот со температура tvb = 38 0C. И кај овој концесионер како проблем кој се јавува е набавката и поставувањето на мерен инструмент (водомер) за мерење на протокот на термоминералната вода, а кое е поради неповолниот хемиски состав на водата (заполнување на цевките со талог-карбонати). Поради талогот кој се јавува во експлоатационата дупнатина протокот на истата се намалува и до Q = 1,0 л/с. За надминување на овој проблем истите два пати годишно т.е. на секој шест месеци горниот дел од експлоатационата цевка на дупнатината во интервал од површина на терен до 18 м’ длабина го менуват, а исто така на секој 7 дена го одстрануват талогот од цевките од цевководот. Поради овој проблем концесионерот нее во можност да направи соодветна изолација на цевководот и истиот има губитоци на температурата на водоата за околу tvsr = 15 -16 0C. Проблем кој се јавува кај концесионерот, а во функција на развојот на истите пречка е малото концесиско поле т.е. концесијата на истиот е само околу експлоатационата дупнатина, а согласно важечкиот Тарифник концесиски надоместопк се плаќа за површина од 1 км2 без разлика дали концесискиот простор е помал од 1 км2.

Во функција на подобрување на условите и потик на развојот на бањскиот и спа туризмот во Република Македонија истите даваат предлог за изменување на Законот за минерални суровини со цел::

-          да се овозможи зголемување на концесиските полиња на концесионерите до максималните простори предвидени со законот,

-          таму каде нема услови од поставување на мерни инструменти со закон да се предвиди друг начин на следење на експлоатираните количини на термоминерални води, 

-          обврска за реињектирање (враќање на вишокот на вода во примарниот колектор) со законот да се дава само онаму каде тоа е возможно и изводливо,

-          да се направи градација во делот на наплатата на надоместоси од експлоатација на термоминерални води т.е. висината на наплата да биде определена према видот за што се користи (здравство-балнеологија, загревање за оранжериско производство, затоплување и сл.), при што за потребите на здравството – балнеологија, надоместокот да биде симболичен или воопшто да не се плаќа,

-          концедентот т.е. Владата на Република Македонија да вложува во детални геолошки истражувања или доистражувања во постојните локалитети, како и изнаоѓање на нови локалитети на термоминерални води, од причина што истражувањата се скапи, а добар дел од концесионерите не се во можност самите да ги финансираат, и

-          секое носење на нов закон за минерални суровини или негови измени да не биде со ретроградно значење, тоа влева голема несигурност кај концесионерите и потенцијалните инвеститори.

Друг проблем кој се јавува кај истите е земиштето ?????? Стојанче.

Со оглед на горенаведеното се предлага Владата да ги донесе следните:

З А К Л У Ч О Ц И:

  1.  Владата ја разгледа и усвои Информацијата од извршениот увид и детална анализа кај концесионерите кој вршат експлоатација на термоминерални води со цел да се утврдат количините на води кои би биле на располагање за изградба на нови објекти,
  2.  Се задолжува Министерството за економија да пристапи кон изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, во кој покрај другото во предвид да ги има забелешките на концесионерите и во рок од 60 дена да го достави до Владата на Република Македонија,
  3. Се задолжува  ДПТ “ЛЕДРА АГРО” ДОО Гевгелија во наредните 12 месеци да ја регулира дозволата за градба и да отпочне со изградба на спа – центар на локалитетот “Туфка“ – Гевгелија,
  4. Се задолжува ЗУ-Природно лекувалиште “Негорски Бањи” АД с. Негорци – Гевгелија во наредните 12 месеци да ја регулира дозволата за градба и да отпочне со изградба на спа – центар на локалитетот “Негорски Бањи“ – Гевгелија,
  5. Се задолжува АД “Оранжерии“, с. Хамзали, општина Струмица во наредните 12 месеци да ја регулира дозволата за градба и да отпочне со изградба на спа – центар на локалитетот “Банско“ – Струмица,
  6. Се задолжува КЈП “Водовод“ Кочани во рок од 60 дена да направи анализа на потенцијалот за долгорочна испорака на дополнителни количини на геотермална вода од експлоатационото поле на локалитетот “Д. Подлог – Бања“ на заинтересирани субјекти ЗИК “Брегалница” ДООЕЛ Виница хотелите “Шагал“, “Центробизнис“ и “Слив“-Виница и

Се задолжува Друштво за бањски туризам и телесна рехабилитација АД “Дебарски Бањи Цапа” Дебар во наредните 12 месеци да ја регулира дозволата за градба и да отпочне со изградба на спа – центар на локалитетот “Бањиште”, општина Дебар

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.