|
||||
Масленица - руска Прочка во сабота во градот на Свети Никола |
Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Македонско-руската стопанска комора и Општина Свети Николе организираат прослава на рускиот празник Масленица (руска Прочка). Прославата ќе се одржи на 25.02.2017 (сабота) на Градскиот плоштад во Свети Никола со почеток од 12:00 часот. По традиционалното палење на големата кукла, посетителите ќе ги забавуваат македонските пејачи Димитар Андоновски, Влатко Лозановски и Александар Белов, и рускиот вокален ансамбл „Чајка“. Масленица претставува испраќање на зимата и дочек на пролетта. Повеќе за Прочка, Масленица, Баба Марта и Ксантика можете да читате во книгата Имагинариум – Имагинариумот на Доктор Сонѕе. Никола Ристевски |