Среда, 22 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
За сите кои трагаат по одговорот на прашањето – Кој Сум?

Изложба на Цветанка Јованова Хермес

„Поврзувањето се извршува со себе-испрашување: Кој гледа? Кој доживува? Кој сум Јас? Целокупната креација е поле на свести во различни облици и појави. Свеста е зрачење од центарот на чистиот Бит.“

koj-si-ti-cvetanka-jovanova

Цветанка Јованова Хермес со своите креации го поставува ултимативното човеково прашање „Кој си ти?“ на изложбата која ќе се одржи во Порта Македонија во 20.30 часот.

„Секој трага по нешто невообичаено, нешто извонредно. Тоа е потрага на егото, да се биде некој кој е специјален, да се биде некој кој е уникатен. Колку повеќе се трудиме да бидеме исклучок, се повеќе сме пообични. Ако станеме обични, самата потрага да се биде обичен е извонредна, зошто ретко некој сака да биде никој, ретко кога некој сака да биде само празен, неисполнет простор. Кога ќе станеме обични, ние стануваме извонредни и одеднаш откриваме дека без потрага сме станале уникатни. Во таа потрага, дојдов во контакт со себе, празен простор без почеток без крај. Тоа е вечна љубов, безвремено постоење. Го пронајдов битието, спознав Кој сум Јас!“, порачува Јованова. Нејзината цел и дела се одговор на самозапознавањето, на круцијалните прашања кои го поттикнуваат секого да е тоа што е надминувајќи се себеси и своите очекувања.

Бидете дел од несекојдневната изложба и дознајте ги одговорите на тоа што го криете во себе.

Цветанка Јованова е родена во Неготино, Република Македонија, 1979 година. Дипломирала во 2001 година на ФЛУ во Благоевград, Р. Бугарија – отсек графика и во 2011 година магистрирала на ФЛУ Скопје. Како учесник на неколку групни изложби и на преку 100 колонии, работилници и ликовни перформанси во земјата и странство Јованова цели кон креирање на незаборавни уметнички дела поттикнати од нејзиното искуство и секојдневие.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.