|
||||
Сиднеј: Јубилеј на Литературното друштво „Григор Прличев“ |
Минатиот петок, 31 март, во просториите на Литературното друштво „Григор Прличев“ се одбележа 39- годишницата од формирањето на Друштвото. На средбата, почесниот претседател Душан Ристевски, ја изнесе нацрт програмата за одбележување на 40 годишницата на Друштвото кога во наредната јубилејска година се планираат повеќе активности меѓу кои и ќе се издаде Монографија од Друштвото, Антологија со поезија, Архив на Друштвото како и повеќе книги од членовите на оваа асоцијација која скоро четири децении го негува македонскиот јазик и литература и ја промовира македонската нација во Австралија и пошироко. На средбата за почесни членови во Друштвото се прогласија познатите писатели од Македонија, Славе Николовски-Катин и Трајче Кацаров. Тие повеќе децении соработуваат со Друштвото и го промовираат истото. Исто така на средбата им се доделија наградите од традиционалниот конкурс за Прличеве награда за 2016 година на поетите Перо Дамчевски-Коцин, Наум Трајчески, Марија Александрова и Гроздан Јовановски по што следеше и читање на нивните наградени дела. Посебни награди им се доделија на: Иван Трпоски за најдобра книга на годината за книгата „Македонија-не те забораваме“; Кире Трајковски за најголем донатор за издавање на македонска литература; Орце Марковски за најголем читател на книги во Библиотеката; Ванчо Салиоски за најредовен посетител во Библиотеката „Григор Прличев“. |