Среда, 17 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Разговараа и за Америка и уште повеќе за родните краишта

SavoKostadinovski
САВО КОСТАДИНОВСКИ

Ако ги почнеа, на муабетите им немаше крај. Разговараа и за Америка и уште повеќе за родните краишта, како што наближуваа до нив.

– Имало крај на живејачката во туѓина, на другата страна на светот. Имало куртул и од Америка – рече Стојче една приквечерина на палубата кога друштвото беше убаво расприкажано за животот во Америка и во родните краишта. – Избегавме од маките нашински, додаде тој, а не дека таму ни се одеше на печалба во туѓина. Да беше кај нас помирно ќе печалевме во поблиските градови и во плодните краишта, не требаше да доаѓам дури во Америка за да спечалат реума и од работа да ме болат и коските... Мислев дека немаше да дојде денот да ги напуштиме дупките кај Детроит. Божем бевме во богата земја, ама како да не видовме многу бел ден. А и како ќе видевме кога по цел ден работевме во темно.

– Темно, темно, ама Американецот ќе ти даде некој грош за ’рмбањето. Американците имаат пари и затоа поубаво живеат, се вмешува еден сопатник од Битолско. Што сакаш кажувај, ама во Детроит многу поубаво се живеет отколку во нашите градови. А нас што не ни било арно..., тоа е друга работа.  Сме дошле само за ’рмбање, ’рмбавме на отимање, живеевме сами – далеку од род и пород и – сакаш да ти биде убаво.

– Ама бре, луѓе, па сите ние сме селани, сме се кренале од оние наши пусти селишта… и… да биде убаво во Детроит, – тоа не е за нас, оти сме туѓинци и оти не сме се навикнале да живееме по градски – рече Стојче и дополни:

– А, како ќе ви биде убаво во градот и како ќе се навикневте на градот, кога живеевме на јуриите крај него и во оние бараки крај големите дупки.

– Ќе ти биде и тебе арно в град ако си роден во него. Ќе ти беше арно во Детроит, ако таму беше роден...

– Америка е Америка, ама дома е дома – се вклучи Костадин. – Свое е свое. Не е за секого Америка. И за секој човек не е градот, како што за секого не е селото.

Беше тргнат за дома, ама со мислите се врати во Детроит. Се потсети на последната прошетка, една од ретките, надвор од Детроит, зашто му недостигаше природата, му недостигаа дивината, ридиштата и шумите на Добра Вода. И овде, си мислеше тогаш, птиците пеат како и во нашите краишта, ама мене сепак таму поубаво ми звучат. И овде цвеќињата се убави како цвеќињата по ботушките ливади, ама чинам како само таму да мирисаат толку убаво, мирисаат на нашински и затоа може да мирисаат толку убаво, мирисаат на нашински и затоа мене ми се различни. Сепак…, најубави се цвеќињата во дворчето во Ботуше, и џунџулето, невенчето… Како и камењата што ми се поинакви. Од овие овде човек ни колиба не може да си соѕида, а не уште со камен да ја покриеш – како кај нас“. С# внимателно набљудуваше до кај што стигнуваше окото. И исто е и не е исто како во нашиот крај, си мислеше. Овде поинаку и подобро се користи земјата. Америка не е Македонија, ниту Македонија е Америка, земјите се различни, луѓето се различни, зборот им е различен, па дури и природата. Или можеби затоа што е туѓа, & припаѓа на туѓа земја. Во с# може да се најде разлика, ако се споредува.

х х х

Во Солун стигнаа во мугри. Никој не спиеше. Сите беа нестрпливи за пристигнувањето, не им беше до спиење, а кога веќе го здогледаа градот, некои дури пуштија солзи – радосници, иако с# уште не беа пристигнати дома меѓу своите. Оти тоа беше крајот на долгите патувања и печалбарења и на најголемите копнежи.

Кога излезе од бродот, Костадин, прво ја бакна земјата, се разврте лево – десно, направи неколку чекори, најде камен, па го фрли во морето. Демек, никогаш повеќе назад.

– Ја бакнав Македонија и не спомнувајте ми ја Америка – рече и длабоко воздивна.

– Стигнавме, ама уште не сме дома – им вели на своите другари. – До поречките села има уште многу да се патува.

Се вдадоа на прошетка низ Солун, ем да го видат убавиот град, ем да ја почувствуваат земјата под стапалата, а и да се снабдат со храна за пат. Не останаа да преноќат и да тргнат наутро, туку уште истиот ден, па каде ќе ги стемни, таму ќе преноќат, а во топло време лесно се наоѓа преноќиште. Само да е безбедно, да не им застанат на патот на некои зулумќари.

Од Солун за Скопје имаше воз. Ама тие решија да одат пеш, да не арчат многу, а патот за нив сега беше полесен оти се враќаа дома, иако им се стори долго патувањето затоа што најмногу мислеа за дома. Не ја почувствуваа жештината по Солунското Поле, а приквечер стигнаа крај едно село во кое имаше рисјанска свадба. Таа им беше сигурен знак дека тука е безбедно да се ноќева. Длабоко во Костадина продираше звукот на гајдата. Својата гајда им ја остави подарок на другарите – нашинци што останаа во Детроит. За да има со што да си ја стивнат тагата. За среќа, во анот во селото вечерта пристигна карван за Велес, и потоа с# беше полесно со патувањето. Но од Гевгелија го фатија возот и со него го продолжија патот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.