Среда, 24 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Непознат, а татко

SavoKostadinovski
САВО КОСТАДИНОВСКИ

Птиците преселници не можат да издржат да не се вратат кај родните гнезда секоја година. А Костадин прекрши десет лета за да се врати дома. Десет години отсутен од дома, како да минаа бргу, а сепак се смениле многу работи.

Туѓинец во туѓина, туѓинец кај своите. Првите дни по враќањето децата го гледаа како јабанџија.

Непознат, а татко.

Дури и за најстариот Васил изгледаше непознат. Како да е, како да не е татко му. Многу е поинаков сега отколку кога замина. Со поинаква лика си го замислуваше. Не можеше да се привикне на него, не можеше да разврзи муабет, не можеше да издржи долго време да го гледа во очите како кога разговараат познати или блиски.

За Костадина децата беа уште поизменети, оти за десет години многу израснале, многу се измениле, сега им е поинаков ликот. Чувствуваше како да почнува да запознава туѓи деца, со кои ќе треба да се зближува, иако се негова крв.

Кога замина ги остави своите најмили, а сега како да се сретнува со туѓинци. Таква ги направила туѓината, и нив и него.

Последните чекори – најтешките чекори. Од радост, ли? Од страв ли? Од некаква неизвесност? Од некое изненадување? Од премногу копнеж за дома? Од преголемата тежина на печалбарењето? Од премногу носталгија? Од неверување што веќе стигнал? Од што ли?

Како да носеше пранги на нозете.

Како да му го земаше нешто здивот во градите.

Како да ја носеше планината на својот грб.

Кога влезе во селото влезе како јабанџија. Првите луѓе што ги видоа како влегуват со Станко кај првите куќи промрмореа дека доаѓаат јабанџии. Набргу ги познаа. Веднаш го позна и Евдокија кога влезе Костадин во дворот. И Васил знаеше кој дошол. По него од дома излезе Мојсо, па Аврам. Најмалиот син Јанко се скри дома. Му беше срам од непознатиот. Иако сфати кој е непознатиот, мајка му му објаснуваше дека дошол татко му од Америка, но залудно.

Не правеше разлика меѓу непознат и татко му. Првпат го гледаше, како и сите други јабанџии што ги гледа првпат.

Необична беше средбата во дворот.

Имаше радост, а во радоста многу тага.

И прегрнување и солзи.

Откако растреперен се испоздрави со сите и откако прошета низ куќа, излезе во доворот и седна под сенка да го смири здивот од патувањето и од средбата со најблиските.

Седна под јаболкницата што ја насади пред повеќе од десет години, ден пред заминување од дома. Таа со бујна крошна, тој со бела коса.

Седна под ладовината на аманетното дрво во тоа жешко попладне, а во него с# уште гореше силен оган, што го зафати со последните чекори до дома. И сонцето е уште високо и силно пече, и огнот во него уште силен како да не им веруваше на очите. Конечно дома.

Секогаш кога ќе пристигнеше некој во селото, сите брзо дознаваа. Веста за доаѓањето на печалбарите како молња се рашири. Почнаа да доаѓаат соседите, роднините, селаните… за да се поздрават со печалбарот кој дотогаш на најдолго време го имаше напуштено селото.

Куќата беше полна со радост.

Вечерта радоста излегуваше од покривот.

А Костадина го потиснуваше тагата. Дури и дома, а не само во Детроит.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.