|
||||
Стибера |
Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија. Познат е уште во времето на Римско - македонските војни како база од која што тргнувал македонскиот крал Персеј во походите на пенестинските градови. Неговата лоцираност на релативно нискиот рид, каде што Дијагоналниот пат од Хераклеја кон Стоби се составувал со патот што доаѓал по течението на Еригон од рудоносниот Демир Хисар, во римскиот период овозможила израснување на значајна градска агломерација. Особено активна била работата на градскиот гимназион. Ископаниот храм посветен на градската заштитничка Тихе бил делумно "приватизиран" од страна на донаторите, кои го обновиле во 127 година и платиле 5000 сребрени римски денари на градскиот совет за исполнување на нивниот завет. Тоа биле: Антестија Фуска со браќата Трофим и Христ, потоа Тит Флавиј Орест со синот Филоксен, Марко Ветиј и Гај Јулиј Капитон. На тој начин, бистите на Орест и Филоксен биле поставени во самиот храм, додека Анастасија Фуска избрала мошне интересен начин да го надживее своето физичко исчезнување. Стибера не успеала да одолее на нападите на Готите во 268 г., така што речиси сите матерјални траги откриени во неа прекинуваат со егзистенција во оваа година. По ова, градот воопшто не бил обновен, на што упатува речиси негибнатата состојба на наодите од археолошките ископувања. Бројни мермерни статуи се откриени во онаа позиција во која ги оставиле Готите по уривањето на градот. Поради ваквата недопреност на урнатините, Стибера денес се нарекува Македонска Помпеја, бидејќи и таму благодарение на лавата се е како што скаменила жешката. |