Среда, 31 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Славата во минатото на Мијачкиот крај

lazaropole-kafana

И Мијаците и Брсјаците и сите други племиња на југот (во Македонија) знаат за овој обред – обичај (слава). Наспроти поранешната егзархиска и грчка пропаганда, овој обичај се задржал, што докажува дека на народот му се бендисувал, му легнал на душата како битен белег на неговото христијанство.

Не сакам и не умеам да навлегувам во потеклото на овој обред и на неговата со поранешната незнабожечка вера на прастарите Словени кои можеле да имаат свои домашни богови.  (...)

Господ и сите големи и мали Божји служители се заедничка надеж и упориште на сите христијани во светот. Но неговиот сведен и неговата слава Варвара се само негови и покровители на неговото братство, па тој во нив полага сета своја надеж и ги велича над сите.

За илјада години од прифаќањето на христијанството и на земјата што ја населило српското племе морало да има постојани промени како и наследување на славата така и во версќиот церемонијал  и во другите обреди. Денешните луксузни славски свеќи, денешните уметнички изработени предмети, па и целиот денешен поредок на гратчињата и големоградската слава, секако не ја чини суштината на славскиот обред. Правиот народ живе под сосем други животни услови и сите тие услови влијаат на целиот живот, па и на овој обичај.

Јас наоѓам дека всушност славата е во тоа што секоја потесна или поширока фамилија или секое братство ќе си има своја слава (сведен), свечен ден како што се вели кај нас Мијаците и дека овој домашен заштитник ќе преминува во потомството во век и векови.

Кај нас Мијаците не барајте си славска свеќа, ни коливо, ни колач, ни сегашниов начин на послужување и честитање. За сето тоа по селата не знаеле. Но и кај нашите домаќинки покрај другите лебови се подготвува еден од истото или од поквалитетно тесто кој се нашарува со проскурска шара и со чаша и утредента се изнесува на трпезата. Покрај тоа, домаќинката подготвува во една чинија варена или неварена пченица и чинија вино со три чаши од утрото, каде што пред иконата гори кандилото, а кога ќе дојде попот пред кандилото, ќе се запали и свеќа, а попот ќе испее тропар (молитва) ќе го земе лебот и ќе го исече на четири делови така што лебот да добие облик на крст, а наедно ќе го полее со вино, потоа со пченица и со тоа е завршено.

Кај нас спроти празникот во црквата носат нафора и по три леба од кои еден му се дава на попот, а двата на парчиња им се делат на сиромасите пред црквата. Посетителите честитаат со зборовите: Да ви е среќен празникот Аранѓел и за многу години на празникот слава – сведен. Спроти празникот се канат гости на вечера и на самиот ден утредента и на патерица. Гостите се поскромни или побогати во зависност од имотната состојба на куќата и расположението на домаќинот во односната година. Се подготвуваат богати софри, но не се оди во крајност како во некои краишта. Бидејќи деновите на славата во поголем број се паѓаат по одењето на мажите на печалба, гозбите обично се сметаат за женски гозби. На тие гозби ги водат и младите невести.

Покрај кршењето на еден главен леб со гостите, секоја куќа леб крши уште на некој празник, но без гости. На овие денови во куќата владее свечено расположение, поубаво се облекуваат и се подготвува побогат ручек, а се прават и посети само на ракија и вино. Тие гости се викаат ракијари. Обично од црква одат во посета на поблиски роднини и пријатели.

Овие споредни второстепени сведни доаѓаат како денови врзани  да се избегне смрт или некоја друга несреќа, или како денови на некој среќен случај или се некој спомен на постара слава на фамилијата, пред да се делат браќата и некој од нив одбрал нов сведен (празник).

Но и ден-денеска во Галичник има по 20, 30 фамилии со исто фамилијарно презиме кои го слават истиот светец. Така на пр. сите Чапаровци го слават Аранѓел, а сите Бундовци – Пречиста.

Во мојата фамилија Друздовци ова е напуштено, така што наша прастара слава била Св. Илија, а потоа дошло до тоа мојот татко Огнен да ја слави Параскева, стрико ми Гаврил ги слави Кузман и Дамјан, а другиот стрико Јосиф  го слави Св. Аранѓел. Но не се застанало само на ова, така што мојот постар брат, откако се одвоил од заедницата ја зеде за своја слава Св. Шпиридон.

Оваа појава секој повиден член на фамилијата да сака да има своја слава може да се напаѓа, објаснува и брани, но јас само ја констатирам и единствено објаснување наоѓам во тоа дека ништо не е вечно и дека се подлежи на промени. Галичник во се е понапреден и либерален, така што овие промени ги има помалку.

Од ова се гледа дека славата кај нас Мијаците, иако нешто поинаку сепак во суштина останала силна и драга врска и народна свеченост.

Од книгата: „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски,  Скопје 2004.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.