|
||||
Св. Никола (с. Љубанци, скопско) |
Во Република Македонија низ целата нејзина територија, во средиштето на најубавите природни реткости и богатства, сместени се македонските цркви и манастири. На овие простори, во близина на градовите, селските населби и високо по планините се наоѓаат прекрасни живи манастири (создадени од градителите пред повеќе векови), и денес се вистински духовни и вредни културни светилници околу кои се повеќе се собира народ во потрага по исконските духовни и културни вредности. Секој од манастирите има особена убавина и плени со својата архитектура, со прекрасните фрески на ѕидовите и вредните икони и резби. Но над се, позначајно е православното духовно градителство, во кое најзначајните неимари на нашиот духовен раст се токму монасите. Манастирот СВ. НИКОЛА, с.Љубанци(скопско), кој со возобновувањето на монаштвото од пред десетина години, стана духовен центар на многумина луѓе.Од ден на ден се повеќе се зголемува посетеноста на лицата кои сакаат да видат и да почувствуваат нешто исконско, вредно, преобразително. Можеби овој прекрасно уреден двор ќе биде вистинска инспирација на некого да донира интересна садница или слично. |