Среда, 14 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
Такви пишувани абери ретко пристигнуваа во Ботуше и кога ќе се случеше тоа – сето село дознаваше

Саво Костадиновски

Zivot-za-Botuse predna-koricaОткако поминаа неколку недели од враќањето од Америка и откако се принавикна на утрата, на денот и на ноќта во Ботуше, еден ден во селото за Костадина пристигна „книга“, како што го викаа писмото. Такви пишувани абери ретко пристигнуваа во Ботуше и кога ќе се случеше тоа – сето село дознаваше.

Гледа Костадин – бела книга од Америка.

„Кој ли го испратил ова?“ се прашуваше и не можеше да претпостави од кого може да биде.

Веднаш го заврте и – неговата адреса од Детроит. Во моментот беше збунет и помисли дека некој во негово име испраќа книга, без да забележи дека не е адресирана до него. С# му се разјасни откако забележа дека писмото е испратено до жена му. Сфати дека тоа е задоцнето писмо што го има испратено тој, додека беше во Америка.

Кога го отвори, се виде себеси.

На „чудната книга“ што пред една година им ја испрати на своите дома.

На којашто трбаше да му го гледаат ликот. За да не го заборават. А дечињата да го запаметат. Ако му беше нему тешко да се потсетува на ликовите, тие барем да го гледаат на книга „нацртан“ подобро од ликовите на иконите и на фреските.

Откако се врати воопшто не се сети да праша дома за чудната книга што ја имаше испратено.

По враќањето од далечниот свет, се измени светот во него. Како да живееше нов живот во кој ги запознаваше своите чеда.

Во тој момент „чудната книга“ повеќе не му беше толку важна.

– Кога си сторил ниет и кога си толку решен, јас не сакам да ти повелам поинаку и имаш изим да одиш на гурбет. Ако сум заминал јас кога малкумина одеа, зошто ти сега да не заминеш кога сите бегаат од овие пусти војни. Ако сум заминал јас најдалеку што се можело – дури во Америка, зошто ти да не одиш во Солун – ене каде е! – му рече Костадин на сина си Јанка додека вечераа крај огништето, каде што обично се коваа сите поважни планови и се носеа сите главни семејни одлуки.

– Времињава никако да се смират за да живее раат човек и да закуќи – продолжи Костадин. – Цели три години минаа како замина Турчинот, и наместо да е поарно – бетер е... Пустото турско помина, нема веќе турски аскер, ама по оваа наша земја војска – колку сакаш. Една заминува, друга доаѓа; едната ни вели наша била, другата исто така, а и едната и другата ни дошле од другаде и саде за пукање дошле, а дошле војски дури и од големите земји, од мајчина им, па овде нашле село без кучиња после турско, и саде пустат и носат пакост. И, ај, како да ти речам, синко Јанко, да седиш дома, да работиш а ништо да не заработиш, освен некоја мобилизација во тие врашки војски што начекале на туѓо да се прават стопани. Во Солун барем ќе се спасиш од нив и барем ќе фатиш некоја работа и ќе скрпиш некаква печалба. Овде гледам дека нема фајде, и тоа што ќе го собереш, уште во амбар невнесено ќе го собере некоја војска. Бериќатворси од твојата работа, ама на убави години си, оди да видиш бел свет, да видиш корист од твојте раце, па кога ќе се смират времињата ќе си дојдеш. Од мене, синко, имаш благослов, со среќа нека ти е!

По овие зборови му олесна на Јанко, иако очекуваше ваков одговор, но на трпезата крај огништето малку се зборуваше додека се вечераше. Сепак, семејството не беше толку радосно што Јанко ќе замине од дома, оти веќе истото тоа семејство имаше почувствувано и знаеше што значи да се оди на печалба.

– Сполај ти, татко – рече Јанко додека се слушаше само тропкањето на дрвените лажици на трпезата.

Се заблагодари кусо и искрено за одлуката која беше конечна, зашто беше потврдена од главата на семејството.

– Нека ти биде со среќа синко, печалбата – додаде мајката Евдокија – само гледај да не останеш долго на гурбет. Веќе имаш 25 години, а уште не си женет, треба да мислиш и на тоа, спечали што ќе спечалиш и враќај се. Треба да се мисли и на куќа и пород. Штом не е толку далеку, да се вратиш побрзо, оти јас убаво си знам колку долго трае таа пуста печалба. Татка ти го чекав десет години, а како да го чекав десет животи.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.