Среда, 23 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
Точно по шеесет години дознав што се случило со сетра ми, каде отишла и каде е сега

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Точно по шеесет години дознав што се случило со сетра ми, каде отишла и каде е сега. Едно време рече чекајте тука, излезе набрзина и отиде во болницата. Овој е улав, вели Богдан и затоа не ми личи многу дека ти е внук. Што мака го фати што отрча в болница. Не помина време колку за еден тутун, го гледаме како се враќа, а со него доаѓа и доктор. А, бре овој да не води за нас доктор, си се прашува Богдан. Е..., – па тоа е главниот доктор во болницата. Дури се чудиме ние, дојдоа во дуќанчето и Ружди ми вели и овој ти е внук. Овој е брат ми Мифтар. Да се чудиш, да не веруваш. Шеесет години ни абер ни поштук имав за сестра ми, а сега одеднаш два внука запознав! Од друга вера, ама од иста крв. Што ти бил животот. Тие да бидат веднаш преку планина, а ние абер да немаме за тоа. Барем еден збор да имавме чуено за сестра ми Петра, дали е жива да разберевме… И после, ти велам Јанко, јас уште зашеметен од тоа што го гледам и што ми се случува, запнаа внуците да ме носат дома да си ја видам сестрата. Поминаа пазарџии од селово, им сторив абер по нив на моите дома да не ме чекаат таа вечер. Мифтар ја напушти болницата, Ружди го затвори дуќанчето и – право кај нив дома. Оваа е сестра ти Первин, ми велат кога стигнавме. Како првпат да ја гледам жената. Кога ја видов последен пат имаше дваесет, а сега осумдесет години. Тогаш беше мома – сега старица. Беше Петра – станала Первин?! Се запознавме повторно. И цела вечер муабети – што, како.., оти ништо не знаев за неа, ниту таа за нашата фамилија. Утрината, на Мифтар не му се одеше на работа, туку со Петра, сите тројцата, се кренавме на пат за Ботуше! Кутрата Петра загубила надеж дека пак ќе си ја види родната куќа. Ние исто така. По трагата кога ја грабеле слушнавме дека ја одвеле во селото Ќафа накај Кичево, а таа живеела во Бањица...

Дедо Дамјан ја раскажуваше својата приказна која во животот му внесла радост.

Но приказната повеќе звучеше тажно, отколку радосно.

Раскажуваше, ама повеќе солзи од очите му излегуваа, отколку зборови од устата.

Неговата тага се пренесуваше и во очите на другите, а изгледа најмногу кај дедо Јанко, иако не стануваше збор за негова роднина. Зашто најтешко ги преживуваше семејните трагедии и осамата, па секоја судбина со тегоба ја слушаше. Тоа беше таговен монолог на дедо Дамјан, а сите ние молчаливо слушавме.

– Да се чудиш – каква судбина – рече по подолга пауза. – Јанко, татко ти беше во Америка, ти замина во Австралија, ама знаевме каде сте и даде Господ пак по некојпат да се видиме. Ама Петра не била ниту во Америка, ниту во Австралија, туку толку блиску, а дури по шеесет години дојде дома, кога ниту татко, ниту мајка се живи, ниту знаела дали & се живи блиските, ниту да чуе која е новородената рода… Живеела во друг свет и како да имала друг живот.

Сите поздамолчеа.

И дедо Јанко беше молчалив и изгледаше замислен. По некое време од џебот на елекот извади албумче со фотографии. На сите фотографии беа неговите деца и жената. Ги гледавме со љубопитство. Потоа, нам на роднините почна да ни подарува од фотографиите.

Како да ни делеше големо богатство што го донесол од туѓина.

Ни ги делеше за спомен, а тој многу ги сакаше спомените.

Живееше со нив.

И спомените ги споделуваше со ботушани. И кога имаше тага, и кога имаше радост.

Тоа лето често имаше такви седенки со своите соселани и роднини, а протера и неколку летни празници. Вечерните седенки и славите уште повеќе му ја брануваа душата. Имаше моменти кога го зафаќаше и бранот на песната. А кога тој пееше – и нам ни ја разгалуваше душата.

Поточно, тој пееше за своето минато, за својата судбина, за судбината на своето семејство. Пееше таговно. Каква што му беше душата кога помислуваше на тоа. Посебно кога спомените ќе го навратеа на судбината. На татка си и на брата си. Татко му доживеал долга старост, а толку малку време во животот поминале заедно.

Како да било тоа само еден миг. Ништо повеќе.

Првпат го виде кога имаше десет години, кога се врати од Америка. Потоа дедо Јанко заминал од дома. Од далеку – подалеку. Ниту да го види, ниту да го чуе кога ќе посака.

Брата си уште помалку го паметеше. Во детството многу се памети, но ликовите најмногу се забораваат. Одвај можеше да си претстави како изгледаше. Тешкиот живот и војните ги принудиле него и татко му да ги фатат најдолгите патишта во светот.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.