Среда, 27 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
Таа ноќ уште повеќе се уверив дека синилото најдобро се гледа дење, а најубаво се чувствува ноќе

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Таа ноќ уште повеќе се уверив дека синилото најдобро се гледа дење, а најубаво се чувствува ноќе. Затоа, наместо да спијам на двокатен кревет, синилото го барав во темнината на ноќта, на војнички ќебиња во паркот зад касарната.

Дејството на синилото беше силно и утрината – неговата магија ме водеше до автобуската станица во градот, наместо на утринско постројување во касарната. Кога се вратив имаше постројување само за мене. Без присуство на другите војници, дури и на оние на кои им бев десетар.

Додека мене ме вознемируваше бескрајната страст, нив ги вознемирила сирената за узбуна и веднаш заминале на италијанската граница.

Тие останаа две недели на граница, а јас три недели во самица.

По неколкуте белји – ми дојде и една среќа. Во касарната беше останал најдобриот офицер. Беше многу човечен и затоа го разбра моето каење за моите белји. Ми рече дека само ќе ми се пишува дека тие три недели сум во самица. Сепак, бев доволно сам за да можам спокојно да живеам со спомените што ми ги остави синооката и со надежта дека ќе ја стигнам на патот на печалбата до земјата што таа ја избра, а не јас – синот на првоборецот против војниците на таа земја. Тоа спокојство ми го нарушуваше само добриот старешина Раичевиќ. Јас бев распаметен, а тој сакаше да ме опамети. Не бил само добар офицер, туку и библиофил. Ми ги донесе најубавите книги што ги имал во кои имаше многу ум и многу мудрости. Оттогаш почнав да ја читам книгата што с# уште ја читам – книгата на животот.

Набргу по напуштањето на местото на живеење со стражари, го фатив патот што требаше да ме води до синооката. Тој поминуваше низ Јесенице, а јас дури оттаму со дописна картичка го известив мојот татко првоборец дека сум тргнат за друга земја. Како што претпоставував, и како што подоцна ми велеше, тогаш, кога го прочитал тоа на картичката, почнале повторно да го печат раните што на трипати му ги нанесле војници од земјата во којашто отидов. Ама, јас мојата младост ја живеев во друго време...

Возот ме однесе во Минхен и право отидов на првата работа – на Октомврискиот празник на пивото.

Немав потреба од опојот на пивото, оти веќе бев опиен од синооката. На патот до неа прво стигнав до Франкфурт на Мајна, па набргу до Келн на Рајна. Таму почнавме да го создаваме нашиот свет од копнежите, но за некоја година, поради семејните тегоби во родината, синооката ја напушти новата земја. Тогаш првпат почувствував дека сум во туѓина и дека сум потиснат од тежината на отсуството на синилото во кое дотогаш или тонев или лебдев.

Во тоа време, без да сакам, го одредив најточното значење на носталгијата. Во неа можев само да тонам – никако да лебдам.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.