Среда, 18 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
„АВСТРАЛИСКИОТ МОНАХ“ – НАЈНОВА КНИГА ОД ПИСАТЕЛОТ ОД СИДНЕЈ Д-Р ВАСКО ЃОРГИЕВСКИ

Александар ДОНСКИ

Деновите излезе од печат краткиот роман „Австралискиот монах“ од талентираниот писател од Сиднеј, Австралија д-р  Васко Ѓоргиевски. Книгата е успешно илустрирана од младата илустраторка Бубе Донска, која е и автор на корицата.

avstraliskiot-monah

И овојпат, како и во претходните три негови книги, темата е провокативна и оригинална. Централен лик во повеста „Австралискиот монах“  е еден македонски монах. Авторот и сега, преку умешна психолошка анализа рефлектирана низ неколку специфични ситуации  во кои го сместува главниот лик (од духовната слобода што ја има во затворениот манастир, преку заминувањето во Сиднеј по наредба на врвот на МПЦ, повредата за време на опожарувањето на нашата црква таму, лекувањето во сиднејската болница, вљубувањето во медицинската сестра и бракот со неа, па сѐ  до повторното враќање на монашкиот живот) успеал да ги  претстави најважните аспекти  на внатрешните премрежја кај дел од оние што го избрале ваквиот животен пат. Монахот во оваа повест истовремено е и добродушен и хуман и наивен и чуден (некои дури би рекле и помалку „удрен“)... Со презир гледа и се гади на физичките задоволства, но и ужива во нив. Растргнат е помеѓу духовното и материјалното. Токму тука авторот Ѓоргиевски покажува одлики на зрел писател, а тоа е повеќеслојното прикажување на еден ист лик, т.е. поставувањето дилема пред читателите во врска со карактерот на тој лик. Каков човек е всушност монахот? Дали исправно постапувал или можеби грешел? Дали направил грев кога го напуштил монашкиот живот и се оженил или пак направил грев кога си ги оставил жената и детето за да се врати повторно во монаштвото? Сите овие дилеми стануваат кај читателот по читањето на оваа повест.

Поставувањето дилеми пред читателите провејува и во досега објавените збирки на Васко Ѓоргиевски. Во својата прва збирка под наслов „Плачелба“ (2014 г.) авторот ги загатнува патриотско-носталгичните голготи на македонскиот иселеник во Австралија  експонирани преку речиси честото незадоволство од сегашноста и реалноста од една страна и внатрешниот плач по идиличната претстава за роднокрајното и семејно  минато од друга страна. Оттаму и оригиналниот наслов на оваа збирка плачелба – поим што во целост ја доловува суштината на сите раскази од истата. Дилемата овде е дали иселеникот погрешил што ја напуштил родната грутка. Неподносливата носталгија наспроти подобрата материјална егзистенција. Иако во внатрешниот свет на иселеникот, во неговата душа, честопати предност добива носталгијата, сепак во реалниот живот мотивот и поривот кон подобрата материјална егзистенција, го имаат главниот збор.

Судбината и бурниот внатрешен живот на македонскиот иселеник е централна тема и во втората збирка на Васко Ѓоргиевски под наслов „Нокаутираниот иселеник“ (2015 год.). Овде авторот, преку главниот лик во расказите, умешно анализира разни  ситуации од секојдневието на иселеникот посебно во првиот период  по доаѓањето во Австралија, почнувајќи од контактите со Македонците и тешкотијата отпрвин да ги сфати компликуваните состојби во организираните субјекти на Македонска заедница во Австралија, па сѐ до контактите со странците од различно етничко потекло, кои исто така дошле на јужниот континент во потрага по подобар живот. Но, преку психолошките рефлексии кај главниот лик поттикнати од ваквите секојдневици, авторот всушност успева пред читателите да обелодени круцијални сегменти од психолошкиот лик на просечниот македонски иселеник.   

Сепак највисок дострел во анализата на премрежјата во внатрешниот психолошки свет на македонскиот иселеник, се чини дека Васко Ѓоргиевски постигнува во збирката „Австралиска змија“ (2016 год.). Всушност, овде тој се зафаќа со најкомпликуваниот сегмент од оваа тема, а тоа се интимните доживувања на седумгодишно дете во периодот пред и по селењето за Австралија. Иако (како што вели авторот, кој и оваа збирка, исто како и останатите, ја пишува во прво лице) за него поимот „Македонија“ е само улицата во која си играл и си го возел малиот велосипед, тагата  по напуштањето на родното огниште дури е и поголема од онаа на возрасните, кои (барем во физичка смисла на зборот) се одделуваат од многу поголеми духовно-материјални сегменти (роднини, соседи, пријатели, колеги, околина...).  Но, тие барем знаат зошто  ја напуштаат татковината – заради подобар материјален живот, додека детето (иако жали само по својата улица и другари) тоа не може да го сфати. Па тоа и овде имало убав живот! Зошто треба да се сели и никогаш повеќе да не си игра со своите другари? Детето не може да се помири и бара причина да го искаже својот револт. Го прашува татко му дали во Австралија има топки за фудбал и одлучно му вели дека ако не му купи и таму топка, тоа само ќе се врати назад. Навистина низ неколку вакви ситуации авторот успева да предизвика емоции на сочувство кај читателите кон (од аспект на наивната детска психологија) „неправдите“ што му се нанесени на детето-иселеник. Потоа во Австралија следуваат и други изненадувања кои детето го тераат на длабоко размислување. Се запознава со детето „Пита“ (Питер), за кого му кажуваат дека му е прв братучед и е Македонец... Но, како може да биде Македонец кога ништо не разбира македонски – се чуди малиот иселеник. И така почнува животот во новата татковина. Се разбира дека доаѓаат и убави моменти, а сето тоа авторот Ѓоргиевски мајсторски го претставува низ призмата на емотивниот свет на  детето-иселеник. 

Практично Васко Ѓоргиевски  со досега објавените четири книги, ни претставува широка лепеза од ликови и нивни внатрешни доживувања преку кои успешно ни го доближува вистинскиот (психолошки) живот на добар дел од македонските иселеници. Книгите се пишувани со лесен и секому разбирлив стил, се читаат во еден здив и сметам дека секој треба да ги прочита делата на овој исклучително талентиран писател, кој има способност со малку зборови, многу да соопшти.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.