Среда, 25 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – Самуиловата плоча (2)

Во текот на Првата светска војна бугарските научници во служба на Бугарската армија имаат специјална разузнувачка задача да ги изнесат од окупираната македонска земја разните документи, книги, архиви, стари предмети, облека и археолошки наоди, со цел истите да им послужат како доказ за бугарскиот карактер на окупираната македонска земја. Исто така тие треба да скријат или уништат докази кои говорат спротивно на нивните интереси.

Во својот извештајот од 20 октомври 1916 година, испратен до ГШ на бугарската армија, бугарскиот етнограф на Првата бугарска армија Стефан Лазаров Костов опишува како е однесена во Софија познатата Самуилова надгробна плоча од селото Герман. Во извештајот во кој се говори за посетата на преспанските села  Герман, Нивици, Винени и Аил, Костов ќе го забележи следното:

„По наредба на началникот на штабот на Првата армија од 6 м.м. поминав низ селата Нижо Поле, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени за селото Герман, во окупираната од нашите војски грчката територија во близина на Преспанското Езеро. Мојата цел беше да го земам од тоа село познатиот натпис на Самуил и да го пренесам во Софија.

Селото е чисто бугарско (македонско – н.з) и е именувано по името на патријархот од 12 век. Истото име ја носи и селската црква - мала средновековна градба. Во 1888 година, покрај стариот ѕид е изградена поголема црква, така што денес двете цркви формираат целина. Според преданието, гробот на споменатиот патријарх, признат за светец, бил во малата црквичка. Меѓу подните плочи на последната кои биле дигнати за големата црква, се наоѓала една со стар славјански натпис. Уште тогаш Ресенскиот жител г-дин Евтим Љапчев, и до денес уште жив, го прочитал во натписот името Самуил и други некои зборови. Целиот натпис не можел да се прочита, бидејќи едниот агол на плочата бил скршен или при подигањето, или пак порано. Во 1898 година натписот беше виден од страна на директорот на рускиот археолошки институт во Цариград, Успенски, и во следната година беше објавен и објаснет во Известувањата на истиот институт, IV, вып. 1, 1899, заедно со белешките на Флорински и Милетич. Милетич пишуваше за истото и во Бугарскиот преглед,  х. V, кн. IX-X. А Иречек и Јагиќ пишувале во Archiv für slav. Philologie, XXI. Меѓутоа, со сигурност не можеа да се потврдат имињата на родителите на Самуил, особено на неговата мајка, за која беше зачувана само последната буква. Бараните имања станаа познати по објавувањето додатоците во Виенскиот Скиличин препис бр. 74 и натписот можеше целосно да се реставрира. Во овој препис се вели, дека Самуил и неговите браќа се синови на моќниот комес Никола и мајката Рипсимија. За овој натпис пишувал и Јордан Иванов во својата книга "Бугарски старини  од  Македонија", од каде што биле земени погоре наведените белешки.

Плочата е правоаголна - долга 1,25 м, широка 0,52 м и дебела 10 см, тешка околу 150-200 кг. Во средината има три вдлабени легла за метални крстови, кои недостасуваат. Плочата на двата краја е скршена, а натписот е во долниот лев агол. Има 11 реда, од кои само првите два се цели.

Откриениот натпис гласи:

bg 1916 291
(Буквите во загради не се читаат на плочата).

Надписот датира од 6501, индикт 6 од создавањето на светот, или 993 година по Христа, затоа е најстариот бугарски (македонски– н.з) камен натпис, а воопшто и славјански. Кога станал познат во науката, Грците го побараа, но селаните и свештениците во селото, добри Бугари (Македонци – н.з), го скриле. Тие дури и не одлучиле да го продадат на Успенски, кој им давал 500 наполеони. Кога, по Првата балканска војна, селото Герман паднало на грчка територија, Грците повторно го барале да го уништат, без сомнение, но не можеле да го најдат. Селаните не го знаат потеклото на плочата и веруваат дека тоа е надгробна плоча на Св. Герман, и ја имаат како светиња без која селото ќе настрадало од нешто.

Една недела пред моето доаѓање, војводата Крсто, со неколку четници се обидел да ја извади од црквата каде ја чуваа. Но, селаните научија за ова, и мало и големо се кренале за да ја зачуваат. Кога пристигнав, ги собрав свештениците и епитропите и им објаснив за важноста на натписот за нашата историја, а потоа ги замолив да ми ја дадат. Од страв од селаните и Грците тие одбија да ми ја дадат.

Доброволно, тие ми ги дадоа клучевите, за да можам да ја однесам од црквата, наводно, без нивно знаење. Во ноќта, јас, командантот Јордан Трајков, моите коњаници и двајца четници, влеговме во црквата, ја изнесовме плочата од олтарот и ја натоваривме на колата на еден Турчин од соседното село Р’мби, кој ја однесе во селото Наколец, а потоа со друга кола - во Битола. Од Битола ја донесов плочата во Софија и ја предадов на Националниот археолошки музеј.

На враќање од с. Герман јас ги обиколив селата Нивици, Винени и Аил за да ги дополнам етнографските истражувања низ Преспанското крај кои ги бев собрал во текот на месеците јануар и февруар годинава, а, од друга страна, да соберам уште некои натписи од селото Винени и Аил, каде што има многу стари бугарски (македонски – н.з) цркви. Црквата во турското село Винени беше сосема преплавена од надојдената езерска вода. Натписот, за кој ми зборуваа некои Бугари (Македонци – н.з.) од околните села, се покажа грчки со две само грчки имиња. Во урнатините на Ахилските цркви се задржани сосема малку натписи, и тоа грчки и нови. Некои од нив ги објавува Јордан Иванов во споменатата книга. Ако се направат ископувања, најверојатно ќе се најдат вредни археолошки материјали.

Бидејќи времето беше исклучително лошо, не можев да направам фотографии од рушевините на црквите, кои, се разбира, беа издадени од Успенски. Приложената фотографија на плочата беше подготвена во Националниот археолошки музеј.“ (ЦВА, ф. 40, оп. II, а.е. 935, л. 9-11)

Од извештајот на Костов може да се види дека Самуиловата плоча, како и потоа многу други предмети и документи, биле изнесени спротивно на вољата на македонскиот народ.

Продолжува

(извор: http://macedonia.kroraina.com/bg_1916/index.htm)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.