Среда, 01 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (3)

По влегувањето на Бугарија на страната на Централниот сојуз во војна во есента 1915 година, Бугарската армија, користејќи ја ангажираноста на српската армија на фронтот против Австро-Унгарија, брзо го зафтила делот на Македонија кој се наоѓал под српска управа по Букурешкиот мир од 1913 година и излегла на грчко српската граница. Со бугарската армија патуваа научници од разни профили кои требаа да извршат научни истражувања за да го докажат бугарскиот карактер на новоосвоените земји.     

Со Втората бугарска армија патувал Антон Поп Стоилов Ников  (Лашко, Пиринска Македонија 15.II 1869 – Софија 9. VIII 1928) кој е историчар, фолклорист, етнограф и академик на Бугарската академија на науките од 1906 година. Како Македонец во служба на Бугарската армија, помеѓу 1915 и 1918 година, тој патувал низ Охрид, Скопје, Велес, Крива Паланка, Серско и Драмско во потрага по историски и етнографски споменици.

Во извештајот на етнографот Стоилов од Велес, бр. 17, од 12 декември 1915 година, доставен  до Началникот на Штабот на Втората бугарска армија во Велес, можеме да видеме дека уште на почетокот Бугарската армија се интересирала за плочата за Самуил и за неговата престолнина. Во својот извештај за посетата на Ресен и Охрид, тој вели:

„По ваша наредба, господине полковник, на 6 – ти бев испратен за научни цели во Охрид. Денес, се вратив од ова патување и за резултатите од таа истражување чест ми е да Ви го изложам следното:

1. На пат кон Охрид застанав во градот Ресен. Тука ми се даде можност да дознаам за судбината на цар Самуиловиот натпис, најстар датиран споменик од “Првото бугарско царство“. Тој и до денес најгрижливо и тајно се чува од тројца селани во село Герман (Преспанско) на грчко-бугарската граница - во грчка територија. Пет дена пред моето заминување доаѓаа селани од село Герман и тајно разговараа со Ресенскиот првенец Георги Татарчев, градоначалник на градот Ресен, дека Самуилова плоча со натпис ја чувале и сакале при поволни околности да ја пренесат во Ресен, ако нивното село остане и во иднина на грчка територија. Го убедив Г. Татарчев, во првиот погоден случај, да ја прибере плочата и да ја испрати во Софискиот народен музеј.

2. На еден печатен Апостол во Ресенската црква "Св. Кирил и Методиј" има значајна белешка за преродбата на овој град: “Припаѓа на “црковната бугарска општина“ од Ресен, 1867 г.".

3. На 8- ми пристигнав во градот Охрид, кој праведно треба да се именува како свет град за целокупниот “бугарски“ народ не бидејќи постоела “Бугарска Архиепископија“ во темното ропство (до 1767 година), но затоа што има извонредно значајни старини од нашето минато. За добар дел, уништувачката српска рака не се осмелила алчно да ги допре нив, иако таа ги сквернавела за што покровителот св. Климент им наменил на Србите судбина која заслужено ги снајде. Побожниот охриѓанец со особено внимание на патниците им расправа за знакот што се појавил во текот на тоа лето спроти празникот на св. Климент (27 јули), имено: виорот задигнал еден сноп од “бугарската нива“ и го однел во горната Влашка маала на една круша со класовите нагоре. Се собра старо и младо да го гледа ова чудо и “Бугарите’ си шепотат дека српската држава ќе исчезне, а ќе триумфира Бугарија - св. Климент ќе ја казни Србија за нејзините злосторства. Од јад српската полиција го запалила снопот. Овој и слични настани се карактеристични бидејќи ја откриваат душата на “Бугаринот“ под српското ропство. Таквите легенди јас сум ги забележал и во други места и тие ќе бидат предмет на една моја работа.

4. Во градот Охрид има 33 цркви само во тврдината, од кои само во 6 се служи, а другите се запуштени или претворени во џамии. Најстарата црква е "Св. Софија ", претворена во џамија за време на турското владеење. Таа датира од VI век. Имаше три малтери со икони на светците. Светците, каде што се зачувани малтерите, се јасно видливи со нивните натписи. Таа беше направена во времето на Јустинијан Велики според плановите на Свети Константин и Св. Софија". Многу интересно е дека напред на проповедалната, изработен од убав мермер, издлабени во три тркалца се чита во лигатура: "Архиепископот Григориј Бугарски“.

На местото на денешната џамија „Имарет“ (добротворна), преданието вели дека била првата црква посветена на Свети Климент. Дури и преданието вели дека по претварањето на црквата Св. Климент во џамијата, имотот и околу неа биле опседнати со околните христијански куќи, кои биле насилно потурчени, така што тие се одликувале со коректен однос кон Бугарите.

Моштите на Свети Климент од оваа црква биле пренесени со иконата на истиот светител во црквата "Св. Богородица", изградена во 14 век, која црква почнала да се нарекува "Св. Климент". Покрај моштите и иконите на Свети Климент, преданието вели дека иконите "Исус Христос" и "Мајка Богородица", опковани со сребро и поставени при царската врата на иконостасот, се од црквата Св. Климент, но тоа не е вистина – тие се од 16 век.

Има значајно историско и етнографско значење владичкиот политрон, поставен на левата страна, а на местото од десно поставено уметнички направен нов од орево дрво. На венецот на пилитронот имало натпис, но сега не се чита. Преданието вели дека е пренесен од црквата Св. Климент. Многу е значајна статуата (барелеф) од дрво со ликот на св. Климент, која е подарок од римскиот папа во 14 век. Таа, заедно со проѕирна плоча (по преданието од старата црква Св. Климент од тронот) се чуваат во олтарот на црквата "Св. Климент ".

Зографијата на црквата е потемнета, а повеќето натписи не се читливи. И по проучувањето на овој црква-манастир од Григорович, К’нчев, Кондаков, Успенски, Миљуков, Баласчев, Спространнов, Хелцер и др., таа заслужува повеќе проучувања. Ова треба да го направи нашето Археолошко друштво во Софија, проучувајќи ги двете цркви-џамии, црквите во тврдината "Св. Врач", "Св. Николај", "Св. Константин", "Св. Иван Богослов", "Св. Димитар" и други и да направи ископувања.

5. Во црквата "Св. Климент ", во јужниот дел, е библиотека, каде што се чуваат 119 ракописи на славјански и старогрчки јазик. Ракописите во неа не можев да ги разгледам, бидејќи еден од четири клучеви, распределени меѓу четворица охриѓани, беше одземен од српскиот владика Варнава. Според описот на К. Радченко, професор од Универзитетот во Петроград, само еден од нив е средно-бугарски од XV век. Вкупно има 20 славјански ракописи, а другите 99 се старогрчки на пергамент и хартија.

6. Кај стариот свештеник Георги Поп Икономов се чуваат извонредното вредни два споменици: плаштаница, везана со свила и сребро, од византискиот император Андроник Палеолог и подарена на црквата "Св. Климент" со срмен златен натпис "Спомени, пастиру на Бугарите, во жртвеникот цар Андроник Палеолог". Исто тој чува многу значајна хронографија од Јован Куропалат, познат под името Скилица, на пергамент, напишан на старогрчки јазик, во кој дава многу сведоштва за нашето минато до 13 век. Содржи 454 страници, 4 о fol. Кај ѓакон Георги Снегаров се чува раскошната св. Климентова круна. Таа не е на св. Климент, а на претпоследниот бугарски архиепископ Јосиф (18 век). Изработена е во Венеција и е добро зачувана. Таа му се припишува на Свети Климент бидејќи е на црквата-манастир "Св. Климент" и по предание замена за круната на Св. Климент.

Наведени погоре старини, како и многу други, кои се наоѓаат во Охрид и кои ќе се откријат за време на идните ископувања, треба Софиското археолошко друштво да ги собере во локален музеј. Тоа е она што јас ќе го сторам во блиска иднина. Овој музеј треба што поскоро да се формира не само да се сочуваат старините подобро, но и да бидат достапни за посетителите, а таков Охрид ќе привлекува и би требало секој интелигентен бугарин да отиде за се поклони на св. Климент. И српскиот престолонаследник Александар го посетил за време на Балканската војна бугарскиот митрополит Борис во Охрид, но на излез од митрополијата на скалите му паднал мечот и тоа било претскажување, според охриѓани дека неговите пеколни планови за не почитување на договорот со Бугарија, ќе ја изгуби својата држава - св. Климент ќе го казни.

7. Кога ги собрав информациите за градот Охрид, се доби чуден впечаток за гробот на чесниот учител и поет Григор Парличев. Не само што неговиот гроб изгледа лошо - му недостасува неговиот крст, но и неговиот натпис на врвот на надгробната плоча е премногу неписмен. Тој гласи:

Неговата ќерка чувала нов грчки ракопис на неговата песна "Скендер бег". Нема ништо зачувано од неговата библиотека.

8. Останав само два дена во Охрид (9 и 10 декември), но јас сум многу задоволен од информациите што ги собрав за минатото на Охрид. За жал, ништо не можев да научам за цар Самуил за да го поврзувам неговото име со некое предание како негов главен град. Тврдината - ѕидот што го опкружува стариот град е римска. Во најголем дел, таа е разрушена. Доста информации собрав за независниот владател во почетокот на 19 век во Охридско Џеладин бег.

(ЦВА, ф. 40, оп. II, а.е. 935, л. 48-49)

Од целиот извештај може да се заклучи дека во Софија постои голем интерес за Самоиловата држава која српскиот средновековен историчар д-р Божидар Прокич во својата докторска дисертација од 1906 година ја нарекува Македонското царство. Едноставно сесака Самоиловото македонско царство да се престави како Прво бугарско царство и за таа цел се бараат или уништуваат докази. Се што е спротивно на интересот на Софија тие се обидуваат да го скријат од очите на јавноста.

Исто така од извештајот може да се види дека за разлика од Македонците кои се школувале и биле во служба на Бугарија, обичниот македонски народ не и верувал на Софија. Имено, како што се гледа од извештајот, македонскиот народ се обидувал да ги скрие своите светињи и од своите сонародници кои биле во служба на бугарската армија.  Оттука, наводно дека го нема едниот клуч, Антон Поп Стоилов не успеал да ги види 119 славјански и старогрчки ракописи. Дури и тој самиот повикувајќи се Радченко не пишува за бугарски, туку за старославјански ракописи, од кои само еден бил средно-бугарски од XV век. Ова укажува дека македонскиот етнолог во служба на Софија е свесен дека не се работи за бугарско културно наследство и затоа препорачува пронајдените предмети во Охрид, како и многу други кои ќе се откријат за време на идните истражувања, да се сместат во локален музеј, а не да се однесет во Софија.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.