Среда, 22 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Минував низ мојата татковина

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Секое лето, додека студирав во Келн, по три месеци работев. Работев за да студирам. Студирав и печалбарев.

Работното место не ми беше в место, туку во движење, зашто работев како келнер во германските меѓународни возови. Така печалбарев, патувајќи. Уште тогаш патешествијата ми беа како предодредени, како животна преокупација... Претчувствував дека патешествијата ќе ми бидат како судбина, како начин на живеење.

Патував низ Европа, бев насекаде освен во затворената Албанија. Тогаш Европа ми изгледаше како едно цело. Ја мерев и вдолж и попреку. Мојот пат по неа беше подолг од патот на прадедо ми Костадин од Солун до Детроит и од патот на дедо Јанко од Солун до Сиднеј.

Патував и нешто запишував, кога како, кога што, а најчесто по некој стих. Темите не ги барав, туку се соочував со нив. Се соочував со својата родна земја. Од с# најдлабоко се запишани спомените за копнежите.

Најчести ми беа патувањата со „Балкан-експрес“ од Хамбург до Атина. Подеднакво ги доживував и патувањата на линијата Париз – Атина. Секое патување ми беше посебно искушение.

Минував низ мојата татковина.

Така живеев со неа – на пропатување и со спомени. И со будење на копнежи. Секое поминување, секој предел, секоја станица... – беше уште еден копнеж повеќе за мојата татковина. Тоа беше и уште еден повик од мојата татковина, од родниот крај. А јас само минував, не навратував.

Ја гледав од минување, не & приоѓав. Им одолевав на копнежите за родните предели. Имав многу сила за да им одолеам, но собрав премногу тежина што ја носат копнежите и носталгијата...

И кога не минував низ родната земја, мислата ме носеше кај неа. Ме потсетуваа оние кои патуваа во неа. А имаше многу нашинци кои одеа по Европа и поначесто носталгијата ги тераше да се навратат во родниот крај. Модата им беше да патуваат со касетофони. Да ја слушаат песната од нив, зашто песната во нивните души беше потаговна и носталгична. Им ги разбирав и песната и тагата.

Такви беа и кога одеа во своите зафрлени села низ Македонија и кога се враќаа. Таков бев и јас. Распнат меѓу татковината и далечината.

Нешто слична беше сликата и кога патував од Хамбург до Лисабон. Само што по тие возови не патуваа моите земјаци туку португалските, шпанските и италијанските гастарбајтери. И тие беа од новиот вид номади, но таму мене ми беше полесно – родните предели не ми скориваа мачнина. Ама не можев да не ги забележам кај нив носталгијата, тагата или радоста, иако не им го знаев јазикот.

Поинаку беше кога патував зад железната завеса. Отаде големиот ѕид и тишината беше поинаква. Не само поредокот, туку и редот им беше поинаков на луѓето – се забележуваше тоа веднаш штом ќе се симнев во Москва, Букурешт, Софија, Будимпешта, Варшава... Тогаш не мислев многу за носталгијата и за родниот крај..., тогаш мислев на еден збор – слободата. А таа е илјада пати повеќе од еден збор. Ама мене, со мојата словенска душа и со мојот словенски збор, ми беше полесно. Во тоа наоѓав малку топлина, наспроти студенилото на север, во таа скандинавска цибрина...

Младоста ми минуваше во патување и имав чувство дека животот ќе го минам во патување. Поточно, и самиот живот е само едно долго патување, без разлика дали е низ времето или низ просторот.

Патувањето го сфаќав како потреба. И затоа ниедно патување до родниот крај или назад во Келн не го чувствував како тежина. Секогаш наоѓав убавина и некаква одржлива смисла во патувањето. Му се радував на новиот хоризонт, на новиот ден во друг простор...

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.