Среда, 06 Декември 2017    PDF Печати Е-пошта
Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – што се е изнесено од Македонија и Моравско во периодот 1915 – 1916 г. (7)

По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна, во периодот од 1915 до 1916 година, со цел да му се даде бугарски карактер на македонската земја, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов посетил повеќе градови во Македонија, од каде изнел повеќе вредни историски споменици за минатото во Македонија. Овие историски споменици на македонското културно наследство биле однесени во Софија и предадени на бугарските музеи и Народната библиотека на Бугарија.

По посетата на повеќе градови и манастири во Македонија и денешно Косово, на барање на началникот на Штавот на Втората бугарска армија во село Левуново, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов за својата работа кон крајот на 1915 и почетокот на 1916 година, на 24 јули 1916 година доставил краток извештај бр. 42  во кој ќе го изнесе следното:

„Во однос на вашата телеграма од 21 овој месев под бр. 6814, господине полковник, јас имам чест да ви дадам краток преглед на својата активност како етнограф при Штабот на Втората армија за време на војната (1915-1916).

Познато ви е, господине полковник дека уште на самиот почеток на прогласувањето на мобилизација за оваа војна бев испратени во Штабот, со кој се движев. Откако нашите ... војски ги разбија непријателските војници ... во Македонија и Моравско, како и од албанските земји, постепено можев, благодарение на соработката на Штабот, да ги посетам за научни цели следните градови и манастири: Паланка, Осоговскиот манастир, Куманово, Скопје, Урошевац, Призрен, Ѓаковица, Дечанския манастир, Велес, Кавадарци, Неготино, Ваташа, Моклошкиот манастир, Дреновскиот манастир, Прилеп, Трескавскавечкиот манастир, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Дојран, Струмица со селата Водоча и Велуса, Петрич. Во овие обиколки, како што знаете, можев да соберам во 72 сандаци, со различна големина, ракописи, етнографски и археолошки предмети, архиви и др.

За моите научни патувања во наведените места, навремено ги доставив извештаите до Главниот штаб, од кои повеќето беа испратени до седиштето на вооружените сили и до Министерството за национална просфета (види ги моите извештаи: бр. 6 од 1 XI 1915, бр. 10 од 14 XI, Бр. 13 од 30 XI бр. 15 од 4 XII бр. 17 од 12 XII бр. 20 од 21 XII бр. 28 од 20 I 1916 бр. 29 од 23 бр. 30 од 29 I бр. 35 од 13 II бр. 39 од 14 јуни 1916 година).

Резултатите од моите научни патувања Ви ги претставам во следните осум (8) точки.

1. Археолошки и етнографски предмети. Од Скопје 1 плоча со натпис од 14 век, од Призрен 1 икона од XV-XVI век, 1 икона на поново време, 1 потир, свештеничка облека итн.; исто така од Призрен: 8 килими, 1 турска сабја, 1 пиштол, 2 пушки кременарки, 3 слики во боја, 3 табли, везење, 1 срмен костум, женски наметка итн .; од Дечанскиот манастирот: бакарен ѓум со орнаменти, 1 епатрахил со слика на Стефан Дечански.

2. Стари .... ракописи на пергамент и хартија. Имам собрано 32 ракописи од XIII-XVIII век со старо(славјанска – н.з) и српска редакција, кои речиси сите имаат религиозен карактер, но се важни од лингвистичка и палеографска гледна точка. Во некои од нив се наоѓаат вредни историски белешки, како и преписки од подоцнежно време за ... минатото                             . Премногу скапоцени се два споменика - еден од Поствизантискиот манастир во Тиквешко, кој датира од 14 век и еден од Скопје - од првата половина на 19 век. Кон овие споменици додадов и пет стари литургиски книги од 17 век, отпечатени во Венеција.

3. Документи од ... преродбата. Во Велес, Прилеп, Скопје, Тиквешко и Дојран најдовме ракописи и белешки од преродбата ... во овие места од големо значење. Некои од нив биле од крајот на 18 век, други од 1826, 1840, 1851, 1867 и од поново време. Тие фрлаат големо светло за .... народноста во Македонија, што Србите во својот див шовинизам ги критикуваа некритички Бугари.

4. Архиви - дипломатски, воени, митрополитски, училишни. Во Призрен се ископа во осум кутии тајната архива на српското Министерство за надворешни работи. Во Скопје, Прилеп и Велес, пронајдов расфрлени досиеја од архивите на нашите Митрополии и намесништва. Тие ги зедов и ги донесов. Овие архиви, иако од поново време, главно по 1878 година, се важни за историјата на нашето црковно-училишно дело во Македонија. Особено вредни се оние документи и преписки поврзани со борбата против српската пропаганда. Пожелно е особено скопската митрополитски архивата, по прегледувањето, откако ќе се задржат најважните од нив, да се поврати на митрополијата, бидејќи постојат во некои од нив локални прашања, одобренијата кои ќе се олесни од нивните досиеа.

Делови од (егзархиската – н.з) училишна архива во Скопје, Велес, Прилеп и Дојран ги најдов и ги собрав. Архивата на Брегалничката инспекција од српско време, со потекло од Штип, Велес, Кочани, Радовиш, Царево и Берово, ја најдов во Велес. Интересно е што во таа архива се најдоа и говорите што директорите на училиштата во наведените училишни центри ги одржаа на Св. Кирил и Методиј во 1914 година. Овие говори се карактеристични со искривување на историските факти. Тие ќе послужат како лична карактеристика на српскиот шовинизам.

5. Печатени книги. Интересно е што во овие библиотеки, особено во библиотеката на Призренската семинарија, најдов некои стари печатени ... книги кои недостасуваат во Софиската национална библиотека. Меѓу српските книги има многу со шовинистички содржина..

6. Српско учебно дело во Македонија. Една од моите задачи беше во обиколките да го проучам српското учебно дело во Македонија во последните три години на српската власт. Од информациите кои ги собрав, од нивните богати училишни простории со раскошна училишна покуќнина, богати библиотеки и кабинети со добар одбран учителски персонал, дојдов до заклучок дека Србите вложиле особени напори во просветата, се разбира, со намера што поскоро да ги посрбат (македонците – н.з). Сето ова многу ме зачуди и како поранешен раководител на образовна дело во Македонија до 1912 година во време на турското владеење, чуствував морална обврска да се достават до надлежното место таа создадена положба и според него да се нагласи нашето образовна дело во Македонија и Моравско. Поради таа причина, на 7 јануари оваа година, се појавив со извештај кај г-дин П. Пешев, министер за народна просвета, и во текот на 2 часа му изложив во детали сè што имав видено и проучено на самото место, со скромно мислење како да се уреди нашето образовна дело во тие земји. Министерот ме слушаше со внимание. Дали тој го зел во предвид овој устен извештај, тоа не го знам - по наредбата на некои училишта во тие земји не сум одел.

7. Научни набљудувања за јазикот и фолклорот .... во Македонија. Веќе 20 години напорно работев со јазикот и фолклорот .... во Македонија. Повеќето од споменатите населби сум ги посетувал во турско време по еден или два пати како главен егзархиски училишен инспектор, но не бев потполно слободен за научни истражувања. Сега, во време на војната, и покрај неповолното време за таков вид истражувања, сепак ми се даде можност нови работи да изучувам, а познатите да ги дополнам. На пример многу ме интересираше да дознаам каде се протега западната граница на (славјанскиот – н.з) говор, а тоа ми се овозможи, кога го посетив Призрен; .... потребни ми беа преданија за Крали Марко, да проверам како ги фалсификувал Милош С. Милоевич во својот зборник "Укупног српског народот" од 1869-1870 година .... народните мотиви, и др. Нема сомнение дека ред прашања претстои да се проучат, но краткиот престој во местата не ми дозволуваше да проучувам...

8. Студии. Моите истражувачки посети ми дадоа можност да ги студирам по ред актуелни теми. Прво и прво мене ме интересираше од кога е (започната) преродбата .... во Македонија и во тие обиколки ми се даде можност да ги дополнам информациите, како и да добијам нови. На пример во документите се воспоставува дека првата .... печатница почнала да функционира во с. Ваташа (Тиквешко) во 1838 при даскал Камче и оттаму е пренесена во градот Солун под управување на архимандритот Теодосиј од Дојран. За активноста на овие двајца просветители, како и нивните животи, јас собрав информации. Друго. Во многу градови каде преродбата им ја однесовме многу подоцна, всушност беше многу порано - тоа според откритијата во моите документи...

И така, времето од 17 март оваа година. до денес го користам за работа поврзана со моите собрани материјали и информации. Сеуште немам целосен увид, но верувам дека ќе завршам до крајот на август. (ЦВА, ф 40, оп. II, а.е. 935, л. 16-20)

Во овој извештај на етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов можиме да забележиме во кратки црти што се е изнесено од Македонија во првите месеци по вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна. Подетално за она што случувало при научната екскурзија во Источна Македонија ќе можеме да проследиме во следните продолженија. 

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.